Continue

Camp Jeep®: издание 2019 co европско деби на новиот Jeep Gladiator

02 July 2019

Camp Jeep® 2019, најважниот годишен собир на  Jeep Owners’ Group (J.O.G), беше отворен за јавноста од 12 до 14 јули кој предизвика емотивни доживувања во автентичен, чисто Jeep стил.
Настанот се одржа во срцето на Доломитите, во познатото градче Сан Мартино ди Кастроца (TN), и го привлече вниманието на преку 1.200 фанови на Jeep co  преку 700 возила.
Тридневната програма беше посветена на духот на слободата, страста и  авантурата: а, понуди и можност да се тестираат извонредните теренски капацитети на легендарниот Jeep Wrangler и да се вози целата гама на Jeep на тешките планински патишта на прекрасните Доломити. Преку 40 km на трасирани делници беа понудени на посетители за да ги тестираат сопствените способности за управување со возилата со помош на квалификуваните инструктори на Jeep Academy во техничката зона и да се научат триковите на занаетот.

Ова издание беше и најеколошко досега: сите терени беа подготвени со стебла срушени во невремето што ги погоди шумите во регионот минатиот октомври.

Вљубениците во марката и членовите на Jeep Owners Group (JOG) имаа можност да го видат за прв пат одблиску новиот Jeep Gladiator, пик-ап со средни димензии со најдобри перформанси досега, опремен со единствената персонализацијакоја Mopar ја осмисли токму за оваа прилика. Новиот Jeep Gladiator, кој дебитираше на Саемот во Лос Анџелес кон крајот на 2018, го означува враќањето на марката во сегментот на пик-ап возила после 27 години. Оваа нова верзија на возилото е, прилагодено за каква и да е авантура на отворено, а кон крајот на наредната година ќе биде лансирано на сите пазари во регионот на EMEA (Европа, Средниот исток и Африка).

Под рефлекторите ќе се најде и новиот Jeep Wrangler 1941 дизајниран од Mopar, марката на ФКА посветена на постпродажните производи и услуги за сите возила на Групацијата. Camp Jeep беше излог за комерцијално лансирање на овој модел на само три месеци од неговото светско деби на Саемот на автомобили во Женева. Возилото изложено во аголот, во зоната на Mopar е верзија со интегрален погон со напојување 100% street legal, опремен со Jeep Performance Parts кои ја истакнуваат легендарната способност за возење на терен. Доволно е да се знае дека поставеноста на возилото е подигната за 2″, дека поседува snorkel (по барање), performance rock rails, црни прагови, црн отвор за гориво и патосници за сите сезони кои ја збогатуваат специфичната конфигурација за овој модел.
Конфигурацијата ја комплетира графика “hard” 1941 на хаубата која потсетува на симболот на марката Jeep, раѓањето на Willys, како и некои други делови од возилото како на пример тркалата, рачката на менувачот и масичката за задната врата. Возилото е исто така збогатено со додатоци Jeep Authentic Accessories избрани од гамата на преку 200 додатоци за Jeep Wrangler, кои на ова возило опфаќа предна решетка со седум отвори Seven Slots, бришачи на предните фарови, off-road светла и заден дел од надворешните ретровизори – сè во црна мат боја. Од есен на располагање ќе биде на  сите верзии на Wrangler 2.2 дизел и на нивоата на опременост Sport, Sahara и Rubicon.

Зоната Mopar беше место каде беа изложени двата примерока на Jeep Wrangler 1941, еден базиран на нивото на опременост Rubicon со две врати, специјализиран за теренско возење, опремен со дизел мотор од 2,2 литри, 200 КС моќност во светло-жолта боја Hella Yella Clear Coat и платнен црн сончев кров на отворање; другиот базиран на поексклузивното ниво на опрменост Sahara co конфигурација со 4 врати, во сина боја на каросеријата Ocean Blue Metallic Clear Coat и тврд кров – за оние кои сакаат да се издвојат брлагодарение на единствениот градски стил. И тој е со дизел мотор од 2.2 со 200 КС.

Широка гама на автентични додатоци powered by Mopar за новиот Wrangler 1941 беше изложена во зоната на Mopar заедно со колекција на нова линија на производи од Mopar; последнава во продажба три дена по настанот, за сите оние кои сакаат да однесат дома некаков сувенир.
Можеше да се разгледа и Mopar Connect, официјален сет на услуги поврзани за сигурноста и контролата на возилото водени со далечинска команда.

Марката Jeep е во постојана еволуција за усовршување на техничките детали на нејзините SUV возила за проширување на нови територии придонесувајќи во создавањето на гама на возила наградувани повеќе од кога и да е досега, останувајќи притоа верна на својата историја и единственост. Во музејскиот дел, благодарение на седумте историски модели кои беа таму изложени, фановите можеа да ги проследат историските фази на развлој на робусните и доверливи пик-ап возила на Jeep, односно претходниците на Jeep Gladiator.
Станува збор за моделот Jeep Cherokee Chief “Levis” од 1978, специјална верзија на Cherokee создадена во соработка со незаборавниот Levi Strauss, која се одвиваше од 1975 до 1978; Jeep CJ5 “Renegade I” од 1970, со специјална опрема на верзиите CJ5 и CJ7 кои беа на располагање сè до 1986, и кои всушност беа првата најава на името “Renegade” во историјата на Jeep; потоа Jeep CJ7 “Golden Eagle” од 1978, ексклузивна варијанта на CJ7 лансиран истата година како и оригиналниот Renegade; Jeep J300 “Gladiator Thriftside” од 1963 и Jeep J3000 “Gladiator Thriftside” од 1967, кои ја означуваат појавата на името Gladiator, и двете верзии со традиционална каросерија на шасија на пик-ап инспириран од Jeep Wagoneer station wagon 4×4 со автоматски менувач, за прв пат поставен на еден пик-ап со интегрален погон; Jeep Super Wagoneer од 1967, првото возило со интегрален погон и автоматски менувач, претходник на модерните луксузни SUV возила и Jeep CJ5 “Super Jeep” од 1973, специјална верзија на CJ-5 произведена во ограничено издание и многу барана од колекционерите.

На програмата на Camp Jeep имаше спектакли, скара, спорт на отворено, детски активности, аперитиви на панорамското тркало, музика во живо и последниот ден, во неделата, завршна парада на возилата како кулминација на трите дена исполнети со настани и теренско возење.

Ви треба информација? Разговарајте со нас