Continue

Вести

Новиот Wrangler 4xe зазема централно место заедно со Renegade и Compass 4xe од гамата на електрични возила на брендот Jeep® кои се продаваат на глобалните пазари

06 October 2020

Софистицираната еколошка технологија обезбедува слобода на возење на отворено во максимална тишина, обезбедувајќи уште попријатно искуство при возењето на пат и супериорни перформанси надвор од патот

  • Технологијата на 4xe електричните возила е природна еволуција на скоро 80 ​​години лидерство на брендот Jeep® во однос на теренските капацитети.
  • Возилата Jeep 4xe нудат нови нивоа на ефикасност, одржливост на животната средина и перформанси, и на пат и на терен.Jeep Wrangler 4xe ќе биде воведен во Европа, Кина и САД во првите месеци од 2021 година; продажбата на моделите Jeep Renegade и Compass 4xe започна во Италија во текот на летото.
  • Wrangler 4xe испорачува моќност од 375 КС и има електричен опсег до 25 милји (според американскиот циклус на хомологација), за да гарантира како при секојдневното движење, така и при на возење на отворено нула емисии во скоро целосна тишина и безгрижност
  • Преносот на вртежниот момент „ on demand“ (по желба) испорачан од електромоторот ги подобрува перформансите на Wrangler на пат, нудејќи поголемо влечење при стартување од место и одличен потисок при мали брзини.
  • Максималниот вртежен момент „ on demand“ (по желба) достапен при мали брзини го зголемува капацитетот на Wrangler за теренски патишта со подобрување на теренските перформанси.
  • Jeep Wrangler 4xe е прво и основно Wrangler со капацитет „Trail Rated“, благодарение на цврстата предна и задна оска, кутијата за пренос со две брзини full time 4×4, максималната артикулација на суспензијата и капацитетот на поминување низ вода со длабочина од приближно 76 сантиметри (30 инчи).
  • 2,0-литарски четири цилиндричен бензинец со турбокомпресор, два електромотори и осумстепен автоматски менувач TorqueFlite.
  • Пакет батерии од 96 ќелии, 17 kWh и 400 волти се наоѓа под задните седишта, заштитен од надворешни влијанија, а кој не го менува патникиот простор.
  • Ексклузивните стилски решенија што се користат за екстериерите откриваат ефикасна и еко-одржлива технологија за електрификација.
  • Веќе достапните за нарачка во Европа, Renegade 4xe и Compass 4xe испорачуваат моќност до 240 КС и можат да патуваат со електрична енергија со нулта емисија со просечен опсег од 50 км*.

Марката Jeep® го претставува новиот Wrangler 4xe – технички најнапредниот и најспособниот Wrangler досега. Јеер ќе биде достапен во Европа, Кина и САД до почетокот на 2021 година. Претходеа моделите Jeep Renegade 4xe и Compass 4xe, презентирани на светската премиера во Женева минатата година и веќе присутни во италијанските салони на Jeep од ова лето. Новите модели на Jeep 4xe се придружуваат на Jeep Grand Commander PHEV претставен во Кина минатата година.
Благодарение на plug-in хибридниот погонски мотор со опсег до 25 милји (според американскиот циклус на хомологација) при целосно електрично возење со нулта емисија, Jeep Wrangler 4xe е идеален автомобил за секојдневна употреба во градот без вознемиреност од автономија. Во исто време, Wrangler 4xe е потврден како најеколошки и најквалификуван Off-roader на Jeep за теренски авантури, на што му се придодава целото задоволство од возењето на отворено што е во можност да го понуди само иконата Jeep.

Марката Jeep ќе понуди електрифицирани опции на сите модели во наредните години, зајакнувајќи ја својата посветеност да стане лидер во најсофистицираните еколошки технологии. Електризираните модели на џип ќе го носат знакот 4xe и ќе бидат најефикасните и најодржливите досега, носејќи ги перформансите, капацитетот 4х4 и безбедноста на следното ниво.

“Моделите на Jeep 4xe ќе бидат најефикасните и најодржливите досега и ќе бидат најдобрите возила со можност за 4×4 што брендот ги има произведено “, рече Кристијан Мение, глобален претседател на брендот Jeep – ФКА. „Нашата заложба е да го направиме Jeep позелена марка SUV. Електрификацијата на гамата на Jeep ќе им овозможи на клиентите секојдневно да се движат низ градот на електричен погон, да уживаат во ефикасно и пријатно возачко искуство на патот и да имаат понатамошни подобрени теренски можности во речиси апсолутна тишина.”
Напредниот погонски систем вграден во Wrangler 4xe нуди уникатно искуство на пат и на терен благодарение на комбинацијата на два електромотори, високонапонски пакет батерии, високотехнолошки 2.0-литарски турбо мотор I-4 и докажан осумстепен автоматски менувач TorqueFlite. Ова е најнапредниот погонски систем некогаш развиен за Jeep Wrangler. Всушност, тоа ви овозможува да ја оптимизирате ефикасноста и истовремено да ја елиминирате вознемиреноста од прекината автономија, нудејќи можност за целосно електрично возење во повеќето дневни патувања.
Вртежниот момент што го испорачуваат двата електрични мотори вклучени во хибридниот погонски систем на Wrangler 4xe е достапен веднаш кога возачот го бара тоа. Системот исто така овозможува функцијата Start-Stop да ја намали потрошувачката.
Скоро 80 ​​години брендот Jeep го докажа своето лидерство во секторот 4×4. Возилата од марката први беа опремени со автоматски погон на сите тркала full time, трансфер-кутија со сооднос на намалување 4: 1 и електронски систем за исклучување на стабилизаторската летва. Интеграцијата на електрификацијата во нејзината гама претставува природна еволуција.
Jeep Wrangler 4xe ќе се пласира на глобалните пазари и ќе биде опремен со специфични системи за полнење за различни региони. Ќе се произведува во фабриката на ФКА во Толедо Assembly Complex, Охајо (Соединетите држави).

Марката Jeep
Со скоро 80 ​​години легендарно наследство, Jeep е автентичен SUV и може да се пофали со врвни перформанси, квалитет и разновидност за да ги задоволи потребите на секој што бара извонредни патувања. Брендот Jeep е покана да уживате во животот во целост. Нуди комплетен асортиман на возила кои гарантираат дека нивните сопственици можат да се справат со секоја авантура.
Гамата на Jeep во EMEA ги вклучува моделите Cherokee, Compass, Grand Cherokee, Renegade и Wrangler, како и Gladiator кој наскоро ќе ја комплетира понудата. За да се задоволи меѓународната побарувачка, сите модели на Jeep продадени надвор од Северна Америка се достапни во конфигурација со погон со лев или десен волан, бензински или дизел мотори. Jeep е дел од портфолиото на брендови што ги нуди автомобилската групација „Фиат Крајслер Автомобили“. За повеќе информации во врска со FCA (NYSE: FCAU / MTA: FCA), посетете ја страницата www.fcagroup.com.

*Според циклусот NEDC2 – специфичната вредност може да варира во зависност од комбинацијата на опременоста/верзијата.