Марката Jeep® нa SEMA Show - Jeep Makedonija

Вести

Марката Jeep® нa SEMA Show

07 November 2018

  • Четири ексклузивни концепт автомобили Jeep® се претставени на последното издание на Easter Jeep Safari на изложба на штандот на Mopar на SEMA Show кое штотуку заврши во Лас Вегас.
  • Станува збор за концептите – Nacho Jeep, Jeep Jeepster, Jeep Sandstorm и Jeep Wagoneer Roadtrip – сите персонализирани со додатоците Jeep Performance Parts.
  • Jeep Wrangler го доби признанието ‘4×4/SUV of the Year’ во рамките на наградите SEMA деветта година по ред.
  • Иконата Jeep е единствениот модел претплатен да добива признание уште од воведувањето на наградите SEMA во

Марката Jeep® учествуваше на изданието 2018 на SEMA (Specialty Equipment Market Association) co четири персонализирани примероци Jeep Performance Parts, изложени на штандот на Mopar. Настанот претставува главен комерцијален излог во светот на специјални производи за автомобилскиот сектор  и се одржа од 30 октомври до 2 ноември во Лас Вегас.

Под рефлекторите на посебно наменетиот простор на изложбениот дел на Mopar од 1425 m2, беа претставени четири концепт автомобили во март годинава на 52-то издание на Easter Jeep Safari (настан посветен на вљубениците во off-road кој се одржува секоја година во Моаб, Јута, САД за време на Светата недела). Три од нив Jeep Jeepster, Nacho Jeep и Jeep Sandstorm – се персонализирани на единствен и екстремен начин од новата верзија на Wrangler се навраќаат на иконата на марката, додека Wagoneer Roadtrip подарува единствен изглед на легендарниот Jeep Wagoneer.

Концептот Nacho Jeep ги истакнува новите, робусни осовини “JPP Ultimate Dana 44™ AdvanTEK®“ реализирани за да им се овозможи на сите кои го обожаваат Jeep Wrangler да појдат во најекстремните авантури. Главна карактеристика на новите осовини Dana е технологијата AdvanTEK Gear која гарантира поголема отпорност и крутост, во корист на слободната висина од земја. Новите осовини се на располагање само кај верзиите кои се продаваат на некои од пазарите во земјите на регионот EMEA.

Уште еден значаен момент за брендот Jeep во текот на SEMA Show, се случи за време на церемонијата на доделување на SEMA Awards во Конвеншн центарот во Лас Веас, вечерта на 29 октомври, кога на новата генерација на Wrangler ѝ беше доделено признанието “4x4/SUV of the Year”.

Награда која потврдува дека Wrangler продолжува да биде референт во светот на персонализацијата, благодарение на развојот од страна на Mopar на една колекција од 180 ексклузивни додатоци, кои овозможуваат поширока и покомплетна персонализација на иконата на Jeep во зависност од различните стилови на живот на клиентите.

Започнати во 2010, наградите SEMA се признание на OEM (Original Equipment Manufacturer) доверено на SEMA Show и ги истакнуваат возилата во најинтересните верзии за претставување и воведување на резервните постпродажни делови.

Jeep Wrangler го има приматот во добивањето на награди на ова поле, затоа што веќе девет години по ред  односно од 2010, е претплатен на официјалните награди на SEMA. Иконата на Jeep ја обезбеди титулата благодарение на гласовите од излагачите на SEMA Show кои ѝ ја признаа заслугата и го прогасија за нај‘accessory-friendly’ возило во соодветната категорија, односно најсоодветно возило за персонализација.

НАЈНОВО ОД JEEP