Continue

Вести

Детали и новости за новиот Jeep® Compass: уште повеќе технологија и поврзаност

10 June 2020

За брендот Jeep® слободата отсекогаш претставува основна и неодолива вредност, пред и над сè во миговите кога условите наметнуваат држење на страна, за сочувување на општото добро.
И токму благодарение на новите технологии во поглед на информирање и забава и на агрегати, Jeep може да го претстави новиот Compass, конструиран во фабриката на FCA во Мелфи во Италија, за да ги задоволи потребите за слободно движење на клиентите Италијанци и Европејци, гарантирајќи притоа пократко просечно време на испорака како и посебна поставеност за очекувањата на клиентите од нашиот континент.

Нов мотор турбо бензинец од 1,3 литри
Новиот бензински турбо мотор од 1,3 литри, за новото семејство Global Small Engine на FCA, е на располагање во конфигурација со четири цилиндри со две нови нивоа на моќност, и двете со преден погон: 130 КC со рачен менувач со шест брзини и 150 КC co автоматски менувач со двојно квачило (DDCT), за прв пат на располагање кај овој модел.

Новиот агрегат е изработен според норамтивата 6D Final и поседува и филтер за честички GPF (Gasoline Particulate Filter). Специфичниот систем за напојување го подобрува одговорот на моторот при ниски брзини, намалувајќи ги емисиите на CO2 до 27%., и ги подобрува потрошувачките зa 30% (циклус WLTP) во однос на претходните бензински мотори со погон 4×4 co автоматски менувач.
Jeep Compass co новиот бензински турбо мотор од 1,3 литри и со автоматски менувач DDCT, за прв пат го претставува начинот на возење Sport, којшто секојдневно гарантира забавен начин на возење, менувајќи го однесувањето на автомобилот и доведувајќи ги перформансите до максимум.

Нови системи UconnectTM Services за напредно поврзување on и off- board
Новиот Jeep Compass располага со авангарден систем за поврзување: новите Uconnect Services, пристапни преку различните допирни точки, меѓу кои и мобилната апликација My Uconnect, smartwatch, веб страна, копчиња на плафонот и радио.

Системот Uconnect Services се дели на различни пакети. My Assistant е основен систем веќе активиран пред испорака за да понуди асистенција во случај на потреба или незгода. И системите My Car, My Remote и My Navigation се во серија и бесплатно се активираат. My Car овозможува да се контролираат параметрите на автомобилот, My Remote овозможува од оддалеченост да се контролираат одредени функции на автомобилот. My Navigation ја нуди услугата Send & Go и информации за сообраќајот, метео условите и autovelox во реално време. На крај, услугите My Wi-Fi, My Theft Assistance и My Fleet Manager, се опционали кои може да се набават преку интернет страницата.

Напредни системи за безбедност
Новиот Jeep Compass нуди комплетна опрема за безбедност, благодарение на системи Forward Collision Warning и LaneSense Departure Warning, во серија на целата гама заедно со електронска контрола на стабилноста (ESC) co систем против превртување ERM (Electronic Roll Mitigation) и воздушни перничиња: предни, странични и завеси. На нив се придодаваат и содржини по барање како што се: систем за прегледност при слепи агли Blind-spot Monitoring и отркивање на пречка при движење наназад Rear Cross Path detection, прилагодлива Adaptive Cruise Control, задна телекамера за движење наназад ParkView co динамичка графика, и автоматски Park Assist – систем за правоаголно и паралелно паркирање.