Continue

Во фабриката на Стелантис во Тики (Полска) започнува производството на Jeep® Avenger

08 February 2023

Новиот Jeep® Avenger, првиот 100% електричен SUV на марката Јeep, привлече внимание и предизвика воодушевување кај новинарите и експертите од секторот, а најмногу кај јавноста: избран е за Автомобил на годината” 2023, продаден е во преку 10.000 примерока од само една верзија 1st Edition, а сега веќе може да се нарача целосната гама

 

Тики, 6 февруари 2023 – Јануари беше значаен месец за Jeep Avenger: по крунисувањето за “Автомобил на годината”, на 31 започна со редовно производство на првиот 100% електричен SUV на марката во фабриката на Стелантис  во Тики. “Новиот Jeep Avenger е првиот SUV на марката Jeep кој се произведува во Полска и е голема причина за гордост на целиот наш тим. Ја започнуваме 2023-та со почеток на производството на едно возило кое веќе доби признание од јавноста и од експерите во секторот”, изјави Томаш Гебка, директор на фабриката на Стелантис  во Тики.  “Го цениме големиот интерес на јавноста за единствениот модел на марката Jeep, којшто нуди многу абангасрдни технолошки карактеристики. Од наша страна, тимот во Тики ќе придодаде уште една вредност: повисоко ниво на квалитет”.

 

Концентрат на слобода

Воведувањето на Jeep Avenger во Европа го означува почетокотна следната фаза кон електрификација на марката Jeep којашто на пазарот ќе пласира уште четири електрични возила до 2025. До крајот на 2030, европската понуда на марката Jeep ќе биде 100% чисто електрична.

Новиот Avenger е компактен SUV кој во четири метри должина ја содржи сета ДНК на Jeep и се позиционира во сегментот B-SUV, во брз пораст и на второ место во Европа по обемот на продажба.  Avenger ги нуди типичните карактеристики за Jeep во комактен формат за да гарантира максимална спокојност во секакви услови. Тоа е првиот SUV на Jeep со преден погон, со системите Selec-Terrain® и Hill Descent Control во серија кои, заедно со извонредните агол на прекршување (20°) и на излез (32°) како и висина од тлото (200 mm), во сегментот воведуваат исклучителни нивоа на теренски способности. Агилен, способен како на патишта, така и надвор од нив да гарантира динамични движења, благодарение на неговиот моментен максимален вртежен момент, а се разликува и по неговата тивкост. Новиот SUV е наменет за активни корисници кои бараат возило со компактни димензии и авангардни технолошки карактеристики: опремен е со нов електричен мотор во комбинација со ексклузивниот електричен мотор од 400V со 115kW и 260Nm максимален вртежен момент, како и совата батерија од 54 kWh. Електричната автономија достигнува 400 km во WLTP циклусот и надминува 550 km во град*.

 

Од успех на Саемите за автомобили до комерцијален успех

Претставен нна 17 октомври на Саемот за автомобили во Париз, крунисан со “Автомобил на годината” 2023 на Саемот во Брисел на 13 јануари, Jeep Avenger веднаш побуди огромен интерес и многу поволни коментари. Аплаузот на критиката многу брзо беше потврден со интензивниот интерес на купувачите. За помалку од три месеци од претставувањето на ексклузивната 1st Edition, верзија за лансирање, комплетно опремена, беа продадени преку 10.000 возила.

Фабриката на Стелантис  во Тики

Изградена помеѓу 1972 и 1975, фабриката во Тики користи систем на работа во две смени и вработува повеќе од 2.000 лица. Палетата на возила произведени во оваа фабрика вклчучува и три модели, освојувачи на престижното признаниеЕвропски автомобил на годината”, меѓу кои и Jeep Avenger во 2023. Производството се базира на системот “Стелантис начин на производство“ којшто ѝ овозможува на фабриката ефикасно да ги

Изведува сите активности на секое поле, вклучително квалитет и енергетска ефикасност, со целосна вклученост на вработените.

Производниот циклус на фабриката вклучува четири одделенија: одделение за печатење, со кое раководи надворешен добавувач; одделение за лемење, автоматизирано до 99,5% благодарение на 930 роботи, одделение за фарбање, автоматизирано преку 90%, и одделение за склопување, кое вклучува две ленти на производство и една линија за склопување на батериите. Од почетокот на производството во 1975, па сè до декември 2022, фабриката во Тики произведе импозантен број на возила: 10,8 милиони.

 

* потрошувачка на електрична енергија на Jeep® Avenger: целосна електрична гама kWh/100 km: 15,9; Емисии на CO2 g/km: 0. Вредности дефинирани според комбинираниот WLTP циклус, измерени од производителот на прелиминарни тестови за одобрување, кои може да бидат предмет на измени по конечната хомологација. Посочените вредности се дадени за споредбени цели. Важно: вредностите на реалната потрошувачка на електрична енергија може значително да варираат и може да се разликуваат во зависност од условите за користење и различните фактори како што се: опционали, фреквенција на електрично полнење во однос на поминатите километри, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина, употреба на одредени функции (клима, греење, радио, навигатор, светла итн., типови и услови на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн. Автономија на целосно електричната гама на Jeep® Avenger: 392-390 km. Вредности дефинирани според комбинираниот WLTP циклус, измерени од производителот на прелиминарни тестови за одобрување и кои може да бидат предмет на измени по конечната хомологација Важно: вистинската гама може значително да варира и може се разликува во зависност од: опционалите, условите на користење на возилото (стил на возење, брзина, вкупна тежина итн., употреба на одредени функции како клима, греење и итн., типови на гуми, услови на патишта, надворешни климатски услови). Ќе бидат објавени дополнителни конкретни и детални информации за Jeep® Avenger, како и различните фактори кои влијаат на електричната гама.

Ви треба информација? Разговарајте со нас