Continue

#ROCKFUELED: започнува музичкиот проект на марката Jeep®

29 May 2018

 Започна европскиот проект кој го потврдува духот на марката Jeep® и нејзиното залагање на музичката рок сцена

Шест нови групи – кои доаѓаат од шесте земји каде ќе се одржат 14-те концерти од турнејата 2018 “STONES – NO FILTER” на Ролинг Стоунси, чијшто Официјален спонзор е марката Јеер – ќе се претстават со изведување на нивниот оригинален звук зад воланот на компактниот SUV Compass

Перформансите ќе бидат снимени на шест видеа кои, на крајот од секоја недела, ќе бидат емитувани на социјалните канали на Jeep

Еден од бендовите, ќе ја има честа да се претстави на сцената на Camp Jeep 2018 во Австрија, најважниот настан за љубителите на марката Jeep на програмата од 13 до 15 јули на  Red Bull Ring.

На натпреварот ќе учествуваат: Slydigs (Обединетото Кралство), Free Money (Обединетото Кралство), Odd Couple (Германија), The Midnight Revolution (Франција), Manon Meurt (Чешка) и L.Stadt (Полска).

Овде може да се види првиот клип од серијата.

Марката Jeep® го лансираше возбудливиот музички проект #ROCKFUELED, единствена платформа на која ќе се претстават шест нови рок бендови кои ќе настапат на неконвенционална сцена: тоа ќе биде еден Jeep Compass Limited, последниот излезен од Jeep на кој се обединети легендарните теренски способности на марката со интуитивните технологии за поврзување и сигурност, сето тоа “загрнато” со единствен и современ дизајн.

#ROCKFUELED ќе вклучи шест надежни млади бендови кои доаѓаат од истите земји, кои Ролинг Стоунси ќе ги посетат во текот на нивната последна турнеја: Обединетото Кралство, Германија, Франција, Полска и Чешка.
Секој од шесте бендови вклучен во проектот #ROCKFUELED ќе се претстави со сопствениот оригинален звук за воланот на еден компактен SUV Jeep, низ местата кои се најкарактеристични за Лондон – градот од кој доаѓаат Ролинг Стоунси. Шесте музички перформанси ќе бидат поставени на бесмртните шест видеа, со неделно истекување и ќе бидат поставени на социјалните канали на марката Jeep: тука ќе бидат и членовите на JOG, со нивното онлајн гласање, кои ќе го изберат бендот што ќе настапи како специјален гостин на сцената во Camp Jeep 2018 во Австрија, најважниот настан за љубителите на марката Jeep на програмата од 13 до 15 јули на  Red Bull Ring.

Лансиран во соработка со агенцијата Noisey (од мрежата Vice), проектот #ROCKFUELED е осмислен така што ќе го опфати авантуристичкиот, автентичен и интернационален духна марката Jeep и нејзиното залагање на музичката рок сцена.

Најпрвин ќе настапат Slydigs (Обединетото Кралство, врста:  Rock & Roll)

Проектот #ROCKFUELED ќе продолжи со Free Money (Обединетото Кралство, врста:  на Indie rock) зад воланот на Jeep Compass.

Третиот бенд кој ќе настапи е Odd Couple (Германија, врста:  Garage Rock-Rock and Roll).

На специјалниот Jeep Compass ќе се качи и ветувачкиот бенд The Midnight Revolution (Франција, врста:  психоделичен dream pop-rock).

Петти по ред  бенд кој ќе настапи на #ROCKFUELED е Manon Meurt (Чешка, врста:  shoegaze – алтернативен рок).

И на крај, последниот бенд кој ќе стапи на сцена е L.Stadt (Полска, врста:  rock, country, психоделичен рок).

Ви треба информација? Разговарајте со нас