Continue

Renegade 4xe електрифицираниот модел на Jeep® Renegade

20 October 2021

  • Со Plug-in hybrid технологијата новиот 4xe SUV на Jeep е пионер на „зелената“ еволуција на марката
  • Новиот модел Jeep 4xe е поврзан, електрифициран, забавен за возење и полн со еколошка технологија
  • Моделот 4xe може да биде 100% електричен и идеален за секојдневно возење, благодарение на 4 kWh батерија во пар со електричен мотор од 60 КС, што обезбедува просечен опсег од 50 километри и нула емисија на гасови во целосно електричен режим*
  • 100% автентичен Jeep 4×4 – со два електрични мотори со Powerloop, погонот на сите четири тркала е секогаш достапен за да се справи со продолжени off-road авантури на екстремни терени со целосна смиреност
  • 4xe означува подобрени перформанси (до 240 КС), забавно возење (максимална брзина од 130 km/h во целосно електричен режим што достигнува 200 km/h во хибриден режим), ефикасност на горивото (потрошувачка од околу 2 l/100 km во хибриден режим) и еколошка одговорност (помалку од 50 g/km на CO2во хибриден режим*)
  • Моделот Jeep 4xe е на располагање со 3 нивоа на опременост – Limited, S и Trailhawk, 2 нивоа на моќност –  190 ил 240 КСпакет технологии и системи за безбедност, ексклузивни нови функции за е-возење, како и решенија за полнење дома и на јавни места со easyWallbox
  • Интегрираниот екосистем со функционални карактеристики, поврзаност и услуги, е креиран за да обезбеди едноставност и леснотија при употребата, како и да ги внесе потрошувачите во светот на електрификацијата, од изборот на возило Jeep 4xe до искуството при секојдневното возење. Ова е вреден допринос на на тимот e-Mobility од FCA, кој ги координира сите активности поврзани со електричната мобилност

4xe

Jeep Renegade 4xe plug-in hybrid носи ознака 4xe, насочено кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност. Новата технологија 4xe нуди нула-емисија на гасови обезбедувајќи опсег и едноставно полнење.

Jeep Renegade 4xe останува верен на неговата способност за сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзување.
Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и способноста да се прилагоди со екстремна прецизност  дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури.
Секако, 4xe се залага за одговорност и почит кон околината. Благодарение на електричната технологија plug-in hybrid, CO2 емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим* и трошоците за одржување се намалени.

Но фокусот на марката Jeep кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина.

„Сините“ знаци во дизајнот го означуваат новиот Renegade 4xe

Однадвор, новиот Jeep Renegade 4xe задржува многу од дизајнот на моделот со мотор со внатрешно согорување (ICE), но се издвојува благодарение на впечатливата сина боја на ознаката „Jeep“ на предниот дел од возилото, како и ознаките „4xe” и „Jeep” на задниот дел. Сините акценти исто така ги украсуваат страничните значки со името на моделот Renegade, додека влезот за полнење има капак со отворање притисни-отвори/притисни-затвори и се наоѓа на задниот дел од левата страна на возилото.

Во кабината, во зависност од пазарот се нудат 7“ TFT дисплеј во боја и Uconnect NAV со 8.4″ екран на допир, Apple CarPlay, Android Auto и Radio DAB. И на двете места се прикажуваат информации специфични за електричното возење.
Во понуда е и нов шест-степен автоматски менувач, надградена ротациска контрола Selec-Terrain со режим eAWD (4WD Lock, 4WD Low, Hill Descent Control) за да се активираат различни режими на возење – Автоматски, Снег, Кал & Песок и Камен – вклучувајќи го и новиот режим Спорт за подобрено активирање на педалата за гас и управувањето, ексклузивно кај Renegade 4xe. Елементите во црна боја ги украсуваат вентилите за воздух, звучниците, како и централната конзола во нивоата Limited и S, додека нивото Trailhawk има рамки во црвена Rybi боја.

Jeep Renegade, моќ и перформанси

Jeep Renegade 4xe има спрега на 1.3-литарски турбо бензински мотор со електричен мотор, кој се наоѓа помеѓу задната оска, а се напојува од батерија од 11.4 kWh што може да се полни додека се вози или преку надворешна единица за полнење во домашни услови со приклучок и употреба на ефикасен и практичен ѕиден полнач easyWallbox или понапреден Connected Wallbox, или на јавна станица за полнење. Ефикасниот 1.3-литарски турбо мотор испорачува енергија од 130 КС или 180 КС, плус 60 КС произведени од електричниот мотор, со што се добиваат вкупно 190 КС (верзија Limited) или 240 КС (Trailhawk и S). Во смисла на вртежен момент, електричниот мотор произведува 250 Nm, додека моторот со внатрешно согорување испорачува 270 Nm. Комбинацијата на моторот со внатрешно согорување и електричната единица гарантираат перформанси и максимално задоволство во возењето: забрзување од 0 до 100 km/h за околу 7.5 секунди, максимална брзина од 130 km/h во комплетно електричен режим и до 200 km/h во хибриден режим.

Безбедност

Во смисла на безбедност, новиот Jeep Renegade 4xe доаѓа со најнапредни системи за безбедност достапни на пазарот, вклучувајќи Full LED светла со голема видливост (стандард или опционал, во зависност од верзијата), како стандард Forward Collision Warning и Lane Departure Warning Plus, Intelligent Speed Assist и Traffic Sign Recognition и предни и задни паркинг сензори. Достапните безбедносни карактеристики вклучуваат Blind Spot Detection, ParkView задна камера со динамични линии за ограничување, автоматски Park Assist и Keyless Go. Jeep Renegade 4xe исто така, како стандард има и нов систем Drowsy Driver Detection понуден за прв пат кај модел на Jeep.

ИНЖЕНЕРИНГ

Распоред и работа на хибридниот погон кај Jeep Renegade 4xe

Погонскиот систем на Jeep Renegade 4xe интегрира два електрични мотори и батерија од 11.4 kWh, со ефикасен 1.3-литарски турбо бензински мотор и шест-степен автоматски менувач. Оваа архитектура обезбедува две возила во едно: електрично возило со батерија со елетричен мотор  и високоволтажна литиум-јонска батерија на задната оска и конвенционално возило со мотор со внатрешно согорување сместен на предната оска.
Клучните елементи на погонскиот систем на Renegade 4xe се:

  • 3-литарски, четири-цилиндричен, турбо бензински мотор со внатрешно согорување, што испорачува 130 или 180 КС и 270 Nm вртежен момент.
  • Два електрични мотори, од кои еден се наоѓа на предната оска, во пар со мотор со внатрешно согорување што, како дополнување на работата во синергија со моторот, доколку е потребно, може да дејствува како високо-волтажен генератор. Вториот се наоѓа на задната оска и има редуктор и интегриран диференцијал („e-оска”). Испорачува 60 КС моќ и 250 Nm вртежен момент, генерирајќи тракција и поврат на енергијата при сопирање.
  • Батериски пакет од 4 kWh, 400 волти, литиум-јон, никел-манган-кобалт, ја напојува е-оската и се наоѓа на безбедно место под вториот ред седишта.
  • Интегриран модул за контрола на полнењето на високонапонските и конвенционалните 12V батерии на возилото, со компактна големина и е вграден во багажникот.

Комбинираната моќност на двата извори (електрична и топлинска) е 190КС или 240КС.

1.3-литарскиот турбо бензински мотор кој го напојува Renegade 4xe му припаѓа на новото семејство FCA Global Small Engine. Се базира на модуларна структура и е достапен кај верзијата 4xe во конфигурација со четири цилиндри со две излезни нивоа: 130 или 180 КС. Базната структура кај 1.3-литарскиот турбо бензински мотор кај Renegade 4xe гарантира ефикасност, модуларност, како и соодветен степен на стандардизација во смисла на компонентите и производствениот процес, флексибилноста и потенцијалот за иден развој. За да биде лесен, целосно е изработена од  алуминиум (тежи 106 килограми). Куќиштето, развиено во соработка со Teksid, е изработено од легура на алуминиум лиена под висок притисок. По проучувањето на различни дизајни на куќиштето, избрана е архитектура на постела, за да понуди најдобар баланс на тежина, структурен перформанс, шум и вибрации. Како и сите останати верзии со турбо полнење во семејството на Global Small Engine family, ексклузивно вклучува технологија од трета генерација MultiAir што ја подобрува ефикасноста на согорувањето, со нагодување на подигнувањето на вентилот и тајмингот, што понатаму го оптимизира отворањето и затворањето на независниот вшмукувачки вентил.
Со интегрирање на електричната машина на помошниот ремен, беше возможно да се дизајнира контролна логика која ја оптимизира динамиката и ефикасноста на моторот за внатрешно согорување и надолниот автоматски менувач. Резултатот е супериорност на предната оска на секој еквивалентен конвенционален погон способен за да понуди живо, мазно и ефикасно однесување.

Батерискиот пакет го чува капацитетот на багажниот простор и внатрешноста

Батерискиот литиум-јонски пакет од  11.4 kWh, 400-волти, користи хемија кобалт-никел манган кобалт/графит. Сместен е под вториот ред седишта,  каде е заштитен од надворешните елементи. Затворен во челично куќиште, пакетот е опремен со наменски циклус за греење и ладење што ја одржува батеријата на оптимална температура за најдобри перформанси.
Батерискиот пакет од 11.4 kWh му овозможува на Renegade 4xe просечен осег од 50 километри* во комплетно електричен режим, со нула емисија на гасови. Хибридниот систем вклучува и инвертер за напојување (PIM) сместен во внатрешноста на батерискиот пакет, кој е исто така заштитен од оштетување.
Важна забелешка во врска со изгледот на Jeep Renegade 4xe е малата големина на модулот за полнење во багажникот и распоредот на електричниот мотор под подот, што значи дека капацитетот на багажникот практично останува ист како и кај конвенционалната верзија на мотор  (330 литри – во конфигурација со седишта во исправена позиција). Во исто време, двојната функција на багажниот простор со подигната површина за товарење до врвната позиција и максимален капацитет за товарење на дното е одржана. Распоредот значи дека резервното тркало може да се смести под багажникот.

Електрични режими на возење

Возното искуство со Jeep Renegade 4xe може да се персонализира во зависност од специфичните потреби и типот на патување, како дневното движење низ градот, за што е идеално целосно електрично возење, или возбудливи авантури на екстремни патеки во контакт со природата во автентичен стил на Jeep.

Системот има три режими на работа – Hybrid, Electric и E-save. Посакуваниот режим може да се активира со употреба на прекинувач лоциран пред рачката од менувачот. Во сите режими за возење, системот за регенеративно сопирање ја обновува енергијата за време на фазите на пасивно возење (како што е забавување или лесно сопирање). Дополнително, Renegade 4xe вози во хибриден режим кога батеријата го достигнува минималното ниво на полнење без оглед на избраниот режим. Повеќе детали:

  • HYBRIDе стандардниот режим кој е избран кога возилото се стартува. Дизајниран е да го управува и користи системот на најефикасен начин, оpтимизирајќи ја моќноста и минимизирајќи ја потрошувачката на гориво. Моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор работат заедно во зависност од типот на пат, со фази на обновување на енергијата со сопирање. Првично, системот го фаворизира електричното возење (енергијата се добива од електричниот мотор). Кога батеријата ќе го достигне минималното ниво на полнење (наречено „SOC“, State Of Charge – состојба на полнење), моторот за внатрешно согорување се користи за погон. Системот управува со стартувањето и интервенира преку алгоритам за оптимизација (Hybrid Control Processor – HCP) дизајниран за да ги максимизира нивоата за ефикасност на системот.
  • ELECTRICе режим кој обезбедува целосно електричен просечен опсег од 50 километри* при нула емисија на гасови. Дизајниран е да го максимизира електричното возно искуство преку различно нивелирање на алгоритмот за оптимизација Автомобилот вози само во електричен режим сѐ додека батеријата е доволно наполнета. Системот автоматски се префрла на хибриден режим кога батеријата е комплетно испразнета или кога возачот притиска kick-down. Може да се достигне најголема брзина и до 130 km/h. Ова е иделаен режим за возење низ градските центри со рестрикции во сообраќајот и емисијата на издувни гасови.
  • E-SAVE, од друга страна, е режим за одржување на полнењето на батеријата или за полнење додека се вози со користење на моторот со внатрешно согорување. Режимот E-SAVE поддржува два секундарни режими, наречени Battery Save (passive E-SAVE) и Battery Charge (active E-SAVE), и двата можат да се активираат на екранот од системот
    • Passive E-SAVE илиBattery Save: ја одржува состојбата на полнење на батеријата преку предоминантна употреба на моторот за со внатрешно согорување;
    • E-SAVE active илиBattery Charge: ја полни батеријата до 80% преку работата на моторот со внатрешно согорување на којшто делува комбинираниот преден електричен мотор.

Регенеративно сопирање

Регенеративното сопирање е фундаментален елемент на еколошката природа на моделите Jeep 4xe, овозможувајќи кинетичката енергија да се регенерира за време на сите фази на успорување и сопирање. Енергијата se складира во батерискиот пакет, наместо да се троши како топлина за дисковите за сопирање. Конвенционалниот систем за сопирање се користи за запирање на возилото во случај на итно сопирање или кога се вози со многу мали брзини.

Off-road способност и систем Jeep hybrid e-AWD

Легендарната off-road способност на Jeep е гарантирана со системот Active Drive Low, вграден во сите нивоа на Renegade 4xe. Новата plug-in hybrid технологија дополнително ги подобрува off-road способностите на моделот, со комбинација на двата погона што резултира со поголем вртежен момент.  Trailhawk 4xe, на пример, специјализирано ниво за off-road со вкупна моќност од 240 КС – го зголемува вртежниот момент до 50% во споредба со дизел моделот Trailhawk со 170 КС. Понатаму, благодарение на новата технологијата 4xe technology, тракцијата на задната оска не се обезбедува со вратило, туку преку наменски електричен мотор. Ова овозможува двете оски да бидат одвоени и вртежниот момент да се контролира независно на поефикасен начин отколку кај механички систем, со итно испорачување на тракцијата на задните тркала, во моментот кога е потребно.

 

Jeep Selec-Terrain

Jeep Active Drive Low е во спрега со системот за контрола на тракцијата Jeep Selec-Terrain со до пет режими на возење. Selec-Terrain вклучува Hill Descent Control за супериорна off-road способност. Со употреба Selec-Terrain, возачот може да избере идеален режим за возење за безбедно да го скроти секој терен:

  • Auto:стандарден режим, обезбедува континуирана контрола на управување со тракција, соодветно за возење на пат и надвор од него.
  • Sport:ги користи и двата мотори, електричниот мотор и моторот со внатрешно согорување за да обезбеди спортски возни перформанси. Како новина кај Renegade, овој режим за динамичко возење го прави попријатно искуството во секојдневното возење во градот, со зацврстување на управувачот, изострување на одѕивот на педалата за гас и прилагодување на однесувањето на менувачот преку поголеми нагорни промени на брзините за комплетна моќ и испорака на вртежниот момент.
  • Snow:обезбедува поголема контрола во екстремни услови. Дизајниран е да се користи за  возење на пат и надвор од него во случај на слабо прилепување на подлогата, како патишта прекриени со снег.
  • Sand/Mud:Режим за off-road возење за справување со површини со слабо прилепување, како калливи или песочни подлоги, за да обезбеди максимална тракција.
  • Rock(само кај верзијата Trailhawk): Овој режим е достапен само кога е вклучен режимот 4WD Системот го конфигурира автомобилот за да обезбеди макслимално ниво на тракција и способност за управување на off-road подлоги со слабо прилепување. Покрај тоа обезбедува и референтни перформанси. Се користи за качување по пречки, како на пример големи камења.

Дополнително, Системот за контрола на тракцијата Jeep Selec-Terrain овозможува управување на системот за погон на сите тркала AWD со комбинирање на пет динамични режими  – Auto, Sport, Mud/Sand, Snow и Rock (последното е специфика на верзијата Trailhawk) со два различни реќими 4х4, во зависност од ситуацијата со која треба возачот треба да се справи:

  • 4WD Lock:Оваа функција трајно го ангажира возењето на сите четири тркала при брзина и до 15 km/h, константно одржувајќи ја работата на задниот електричен мотор (P4) за да обезбеди 4×4 тракција на мали брзини со константна распределба на вртежен момент помеѓу двете оски (односот на распределбата зависи од избраниот режим за терен). При брзини над 15 km/h, AWD преминува на барање. Споредено со конвенционалниот механички систем AWD, брзината на одзивот на задниот електричен мотор (P4) овозможува побрзо вклучување. Кога нивото на исполнетост на батеријата е ниско, целосната функционалност на погонот на сите четири тркала 4xe е загарантирана од фунцијата „Powerlooping“. Со ова се осигурува континуирано генерирање на високонапонска струја од страна на предниот електричен мотор механички поврзан со моторот со внатрешо согорување, за напојување на задниот електричен мотор и испорака на на максимална тракција, без оглед на нивото на исполнетост на батеријата.
  • 4WD Low: ова е режим за максимално искористување на перформансите и моќта на возилото за справување со особено тешки терени. Кај моделот Trailhawk, режимот Rock на системот Selec- Terrain може да се избере само кај 4WD Low.

Резултатот е способноста на моделите Jeep 4xe да се справат со секоја ситуација во најефикасен режим, безбеден и со најдобри перформанси.

Ви треба информација? Разговарајте со нас