Continue

Renegade и Compass e-Hybrid: Jeep® прави уште еден чекор во постапката за електрификација на гамата

24 February 2022

Новите e-Hybrid верзии на Jeep® Renegade и Compass им нудат на корисниците дополнителна можност да се приближат до електрифицираната гама на Jeep.

Новите SUV возила го следат успехот на Jeep 4xe plug-in хибридната гама, најпродавана во Италија на пазарот LEV (Возило со ниска емисија) за 2021 година.

Новиот хибриден погонски систем дебитира со 1,5-литарски 4-цилиндричен бензински мотор со турбополнач кој испорачува 130 КС и максимален вртежен момент од 240 Nm, во комбинација со 7-брзински менувач со двојна спојка.

Хибридната технологија вклучува електричен мотор од 15 kW кој генерира вртежен момент од 55 Nm (135 Nm на ниво на пренос) за да го пренесе погонот на тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е исклучен.

Напредниот хибриден систем овозможува целосно електричен погон при стартување, при мали брзини, при возење во лер и при паркирање.

Jeep® Renegade и Compass e-Hybrid се совршени SUV возила за корисниците кои треба да патуваат на долги растојанија, благодарение на автоматскиот менувач и новата хибридна технологија која гарантира максимална удобност и намалени емисии.

Новиот погон нуди намалена потрошувачка на гориво и емисија на CO2 во споредба со претходните бензински верзии.

Изобулство од технолошки содржини и напредни ADAS системи, вклучително и автономно возење на ниво 2 благодарение на Highway Assist – системот за помош на автопат Jeep Compass.

Специјалната серија „Upland“ го имаше своето деби, е создадена за да ја истакне грижата на марката за животната околина и одржливоста, се одликува со нови естетски детали и со употреба на рециклирани материјали и ‘ecofriendly’ компоненти, со што се воведуваат на пазарот нови Renegade и Compass e-Hybrid, кои ја карактеризираат електрифицираната понуда на марката Jeep на зелен начин.

Италијанците ја наградија технологијата 4xe на Jeep®: марката може да се пофали со заземено прво место во 2021 година на пазарот којшто вклучува Battery Electric Vehicle и Plug-In Hybrid, со учество од 11,2% на сите LEV модели. Следејќи го успехот на моделите 4xe, стратегијата на марката продолжува кон развој на поодржлива мобилност преку лансирањето на новите e-Hybrid верзии на Jeep Compass и Jeep Renegade, кои се додадени во понудата 4xe Plug-In Hybrid. Со претставувањето на новите модели e-Hybrid, всушност, марката Jeep прави уште еден чекор напред во процесот на електрификација и ја потврдува својата посветеност на иднината ориентирана кон одржлива мобилност и зајакнување на визијата „Нула емисии, 100% слобода“.

Изјава на Антонела Бруно, директор на марката Jeep во Европа

„Денешната објава е резултат на успехот на нашето актуелно портфолио на 4xe Plug-In Hybrid и е уште еден чекор кон целосната електрификација на целата наша гама во Европа“, рече Антонела Бруно, директор на марката Jeep во Европа. „ SUV возилата Jeep Compass и Renegade e-Hybrid претставуваат нов старт во нашата електрифицирана понуда и нудат повеќе хибридни опции за нашите купувачи. Ова проширување на гамата ќе продолжи и летово со претставување на верзијата 4xe на новиот Jeep Grand Cherokee“.

e-Hybrid: уште еден чекор во процесот на електрификација се придружува на 4xe plug-in хибридната технологија

Новите модели го означуваат дебито на напреден хибриден систем со нов турбо бензински мотор со 4 цилиндри од 1,5 литар, од семејството на Global Small Engine, кој испорачува 130 КС и 240 Nm максимален вртежен момент, во комбинација со нова автоматска двојна спојка 7HDT300 со менувач со 7 брзини. Погонскиот систем вклучува интегриран електричен мотор од 48 V и 15 kW (20 КС) кој испорачува вртежен момент од 55 Nm, што е еквивалентно на 135 Nm на ниво на влез во менувачот, кој може да пренесе погон на тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување не работи. Новите верзии нудат до 15 проценти помала потрошувачка на гориво и емисија на CO2 во однос на претходните бензински модели.

Благодарение на новата хибридна технологија, моделите Jeep Renegade и Compass e-Hybrid претставуваат нова алтернатива во сегментот со погон на две тркала. Клиентите можат да ги задржат своите возачки навики, додека уживаат во автентичноста на хибридното возење, како и со целосно електричен погон при стартување, при возење со мали брзини, при возење во лер или при маневри за паркирање.

Проектиран за хибридни перформанси

Новиот турбо-мотор со 4 цилиндри е дизајниран за подобро прилагодување на хибридната примена и оптимизирање на термодинамичката ефикасност, а со тоа и потрошувачката на гориво. Меѓу неговите карактеристики се издвојуваат функционирањето според циклусот Милер, високиот сооднос на компресија (12,5:1), новата глава на цилиндерот со компактна комора за согорување, двоен варијатор на фаза и специфичните канали за вшмукување со висока турбуленција. Нов е и системот за директно вбризгување под висок притисок, кој достигнува 350 бари. Излезната моќност е еднаква на 130 КС, максималниот вртежен момент достигнува 240 Nm. Понатаму, на бензинскиот мотор е инсталиран генератор за стартување со ремен, belt starter generator, кој обезбедува брзи и тивки транзиции за време на фазата на рестартирање (Silent Start).

Системот за кочење на новиот Renegade и Compass e-Hybrid вклучува интелигентен систем за кочење за оптимизирање на функцијата „автоматско полнење“(‘autorecharge’) благодарение на променливото регенеративно кочење кое го максимизира обновувањето на кинетичката енергија за време на забавувањето во корист на ефикасноста.

EV Features и EV capabilities: еволуција на доживувањето при возење

Благодарение на оваа технологија новите модели e-Hybrid обезбедуваат рзноврсно и релаксирачко доживување при возење преку бројните функции наречени “EV Features”, меѓу кои:

Silent Start го стартува возилото без да се вклучи бензинскиот мотор, искористивајќи го “EV” начинот;

Energy Recovery: ја употребува неискористената енергија која се распрснува при возење во лер (e-Coasting) и при кочење (Regenerative Braking) и на тој начин ги полни батериите;

Boost & Load point shift благодарение на „е-Boosting” можно е да се зголеми вртежниот момент на тркалата со електричниот мотор којшто го поддржува бензинскиот мотор; покрај тоа со калибрација на вртежниот момент (погонски и сопирачки) кој е испорачан од електричниот мотор , можно е да се подобри точката на функционирање на бензинскиот мотор;

Electric Drive му овозможува на возилото да се движи само со електричниот мотор, а бензинскиот мотор е згаснат;

Бројните ситуации во кои при возење може да се најдат новите Jeep Renegade и Compass e-Hybrid можат да го исползуваат само електричниот мотор (значи, да се продолжи возењето со згаснат бензински мотор), благодарение на бројните “EV capabilities” во кои спаѓаат:

e-Creeping обезбедува поаѓање со брзина на движење помеѓу 0 km/h и онаа еквивалентна на миимумот на бензинскиот мотор во прва брзина или пак во движење наназад;

e-Launch овозможува тргнување на возилото само со помош на електричниот мотор;

e-Queueing овозможува поместување кога има застој во сообраќајот следејќи го приливот на “stop&go”;

e-Parking ги поедноставува маневрите при паркирање и ги прави практични и тивки, како со отпуштен педал за гас, така и кога се користи автоматскиот систем за паркирање како виртуелен педал за гас.

EV capabilities се на располагање во зависност од состојбата на полнење на батеријата и побарувањето на моќност.

Специјална серија “Upland”: конкретна заложба кон одржливоста

Специјалното издание „Upland“ е создадено за да ја нагласи грижата на марката Jeep за животната околина и нејзината посветеност кон одржливоста. Со уникатни естетски детали и употреба на одржливи материјали и еколошки бои и завршници, овој нов модел во специјално издание ќе биде достапен и на моделите Renegade и Compass 4xe Plug-in-Hybrid.

Специјалната серија „Upland“ ќе биде веднаш препознатлива благодарение на новата и ексклузивната азурно-сина боја „Matter Azure“ која ќе ги „облече“ двата автомобили како одело во комбинација со двобојниот црн кров и 17“ (Renegade) и 18“ алуминиумски тркала (Compass), во совршена хармонија со темата за одржливост и зеленилото. Надополнување на уникатниот стил на надворешноста се новите бронзени завршетоци MetaKrome, кои ја карактеризираат долната предна решетка, инсертот на долниот преден дел, капачињата на средишниот дел на тркалата и беџовите ‘Jeep’, ‘Compass’ e ‘Renegade’.

Во внатрешноста, специјалната серија „Upland“ вклучува широка употреба на рециклирани материјали, кои се карактеристични за таблата направена со употреба на пластиките од фаровите, патосниците со нов наменски дизајн и ексклузивните седишта SEAQUAL® направени од рециклирана пластика извадена од океаните и морињата на кои се истакнуваат контрастните шевови и Jeep на предните грбни потпирачи со органски винил инсерт на горниот дел.

Ефектот е современ и карактеристичен, благодарение на испреплетената текстура со класичен Шеврон дезен (цик-цак) со црна основна боја. Пластиката собрана од Медитеранот со помош на рибарите е трансформирана од страна на  SEAQUAL® во полиестерско влакно кое може да се користи  како вистинска ткаенина. За време на фазата на ткаење, SEAQUAL® ЈАРН се комбинира со други еколошки влакна кои се секогаш природни, рециклирани или обновени.

На Renegade, некои од црните рамки и украси се исто така добиени од рециклирани материјали, а се направени со користење на пластиката од фаровите. Во внатрешноста има и завршници со бронзена боја MetaKrome на различни рамки. На Compass и панелите на вратите и контролната табла се обложени со ист материјал добиен од рециклирана пластика, додека бронзената MetaKrome завршница, направена со еколошки бои, го подобрува целиот изглед на контролната табла.

Поврзување, безбедност и авангардна опрема

Renegade и Compass e-Hybrid се опремени со напредни технолошки и безбедносни системи и содржини. Технологијата e-Hybrid обезбедува различни режими на работа (EV features e capabilities) кои на возачите им обезбедуваат целосно хибридно возење. До EV функциите се пристапува преку почетниот приказ на екранот на допир на системот Uconnect и може да се разгледуваат преку Hybrid Pages. Прилагодувањето на збирот функции на инструмент таблата и екранот на радиото  овозможува да се следите сите параметри на хибридниот систем и за целосна контрола на хибридното возење.

Технолошката опрема вклучува 8,4-инчен и 10,1-инчен екран на допир на Uconnect NAV-системот (само на Compass), интегрирање со паметен телефон со Apple CarPlay и Android Auto за поврзување на бордот (како што е следење на параметрите на автомобилот од паметниот телефон преку MY Uconnect апликација).

Новите модели e-Hybrid Renegade и Compass се опремени со поврзани услуги како што е претходно инсталираната Uconnect™ Box која обезбедува пристап до услугите Uconnect™ и низа функции достапни преку различни точки на допир, како што се мобилната апликација „My Uconnect“, паметниот часовник, веб-локацијате, копчињата на таванската сијалица во возилото и уредите за гласовна помош (Amazon Alexa и Google Assistant).

Користејќи ја апликацијата „My Uconnect“, корисниците можат да пристапат до бројни поврзани услуги за брзо и лесно управување со состојбата и одржувањето на возилото, далечински да ја контролираат положбата, да ги заклучуваат и отклучуваат вратите, да ги контролираат светлата, да добиваат поддршка во случај на потреба и многу повеќе.

Услугите Uconnect™ вклучуваат:

My Assistant: за да се побара географски локализирана помош кога за тоа има потреба или во итен случај;

My Remote: им овозможува на корисниците да го контролираат растојанието каде и да се наоѓа во моментот нивното возило;

My Car: за да се надгледува и доколку е потребно да се преземе нешто за состојбата на возилото;

My Navigation: им овозможува на сопствениците да ја испратат дестинацијата до навигаторот на автомобилот директно од мобилната апликација My Connect, да се ажурираат во реално време информациите за сообраќајните услови, за временските услови и за камерите за мерење на брзината, да ги разгледаат местата од интерес и да ги ажурираат мапите “over the air” (само на Compass);

Опционалот My Wi-Fi: обезбедува hotspot во автомобилот за симултано поврзување на до 8 електронски уреди и ја активира “Alexa Voice Service” (само на Compass);

Опционалната услуга My Alert: корисниците ќе добијат моментно предупредување, поддршка и асистенција во случај на обид за кражба на возилото.

Освен ова, по купувањето на Jeep, секој корисник може веднаш да креира своја сметка со преземање на мобилната апликација „My Uconnect“, за да ги открие многуте технолошки и предности за поврзување уште пред преземањето на новото возило

На безбедносен план, напредната стандардна опрема вклучува:

Traffic Sign Recognition., препознавање на сообраќајните знаци, што ги чита и толкува сообраќајните знаци;

Intelligent Speed Assist, помош за воспоставување на брзината, која автоматски го одржува возилото во рамките на наведените ограничувања на брзината;

Drowsy Driver Alert, предупредување за замор на возачот, ги открива ненавремените реакции на возачот и го предупредува дека е време за пауза; и

Automatic Emergency Braking, автоматско кочење при ненадејни ситуации, како на пр. кога возилото наидува на пешаци или велосипедисти (само на Compass), при што го забавува возилото до сзастанување за да избегне (или ублажи) можни незгоди.

Дополнително, новиот уред Highway Assist за помош на автопат е достапен на Jeep Compass. Овој систем за прв пат го доведува автономното возење на ниво 2 (L2) на моделите на Jeep коишто се продаваат во Европа, користејќи ја комбинацијата на Adaptive Cruise Control адаптивен темпомат и Lane Centering одржување на возилото во средина на коловозната лента при возење на автопат за автоматско прилагодување на брзината и траекторијата. На овој начин, возилото самостојно останува во средина на коловозната лента и на претпазливо растојание од возилото пред него, сè со цел да се добие поголема безбедност и спокојство при возењето.

Ви треба информација? Разговарајте со нас