Continue

Новиот Jeep® Wrangler MY2024 прогласен за „Најдобар SUV за 2024 година“ од Cars.com

12 February 2024

  • Jeep® Wrangler, иконски и препознатлив SUV со најмоќни перформанси досега, ја освои престижната титула „Најдобар SUV за 2024 година“, која ја доделуваcom.
  • Наградата се однесува на новата гама Wrangler MY2024, односно Wrangler 4xe Plug-In Hybrid и модели со термички мотори од 2,0 и 3,6 литри, Wrangler Rubicon 392 со V-8 мотор, достапни само за одредени пазари.
  • Wrangler 4xe, првиот електрифициран Wrangler, нуди економичност на потрошувачката на гориво до 3,3 l/100 km и целосно електрична автономија од 45 km што се зголемува до 55 km во градска средина.
  • Според Cars.com, добитникот на наградата за најдобар SUV за 2024 година поседува способности и нуди разноврсност на користење кои се на врвот во категоријата.
  • Иконата на марката се карактеризира со препознатливата решетка со седум отвори и подновен внатрешен дизајн и нуди подобрено искуство во возењето благодарение на напредните технолошки карактеристики.
  • Поврзувањето, технологијата и безбедноста се приоритети. Тука е новиот екран од 12,3“, интегрираниот рутер за Wi-Fi, навигацијата со помош на Tom Tom и подобрениот комфор при возењето благодарение на предните седишта со електрично прилагодување во 12 насоки и комплетната серија на безбедносни уреди.

Торино, 8 февруари 2024 година – Новиот Jeep® Wrangler 2024 е „Најдобар SUV за 2024 година“, според Cars.com. Уредниците на Cars.com ги разгледаа сите SUV возила на пазарот во Соединетите држави за да одредат кое возило ја прикажува најдобрата комбинација на теренски перформанси, разноврсност и вредност, избирајќи го широкото семејство Wrangler како најдобро.

Наградата се однесува на целата гама MY2024 Jeep Wrangler во САД, вклучувајќи ги моделите Wrangler од 2,0 и 3,6 литри, Wrangler Rubicon 392 со V-8 мотор (не е достапен во Европа) и plug-in хибридниот Wrangler 4xe, кој нуди економичност во потрошувачката на горивото до 3,3 l/100 km и целосно електрична автономија од 45 km што се зголемува до 55 km во градска средина. Легендарниот SUV Jeep ја отелотворува ДНК-та на марката со спојување на традиционалните карактеристики на теренско возило со високи перформанси со врвната иновација благодарение на верзијата опремена со технологија 4xe, која продолжува да биде најпродаваниот plug-in хибриден модел во Соединетите држави.

” За 2024 година, Jeep ги подобри Wrangler и Wrangler 4xe, plug-in хибридот, преку воведување на значајните подновувања кои ги подобруваат перформансите и удобноста“, изјави Џени Њуман, главен уредник на Cars.com. „ 2024 Wrangler е разноврсен, способен и заслужува да ја освои нашата награда за „Најдобар SUV за 2024 година”.

Гамата на Jeep Wrangler за 2024 година е проектирана и дизајнирана така да нуди повеќе од она што го прави Wrangler глобална икона во SUV сегментот теренски возила, меѓу кои легендарната способност, разновидност на намената на врвот  во категоријата и напредни безбедносни карактеристики.

За моделската 2024 година, марката Jeep ја крева способноста на Wrangler на нови нивоа со задната оска Dana full-float, достапна директно од фабриката на нивото на опременост Rubicon. Однатре, клиентите ги очекува поголема удобност, технологија и безбедност, со нова кабина со предни седишта со електрично прилагодување во 12 насоки, 12,3“ екран на допир Uconnect 5 радио и стандардни странични воздушни завеси на првиот и вториот ред седишта.

“Jeep Wrangler е извонреден автомобил за авантура и икона на марката”, изјави Бил Пефер, постар потпретседател и директор на марката Jeep за Северна Америка. “Од воведувањето на Wrangler на пазарот, марката Jeep продаде повеќе од 5 примероци од овој модел ширум светот, поставувајќи на тој начин нови нивоа на теренски способности 4×4, со секоја  нова генерација. Новиот Wrangler 2024 уште повеќе го издигнува ова ниво, со комбинирање на повисоки способности, технлогија, комфор и безбедносни карактеристики, меѓу кои и можност за избор помеѓу различни четири нови мотори, меѓу  кои и електричниот 4xe, најпродаваниот PHEV во Америка “.

Jeep® Wrangler 4xe

Иконскиот Jeep Wrangler нуди неспоредливи теренски способности и е изграден со искуство собрано во преку 80 години извонредна 4×4 инженерија. Електричниот Wrangler 4xe има најдобри перформанси од кога и да е, и е најдобар во категоријата, благодарение на комбинацијата на моќен мотор со внатрешно согорување поставен напред и изненадувачки моќен електричен мотор сместен позади, кој испорачува вртежен момент по потреба. Користи турбо-бензински мотор од 2,0 литри, со вкупна моќност од 380 КС и вртежен момент од 637 Nm, автоматски менувач со 8 брзини, два електромотори и високонапонска батерија, која гарантира вкупна електрична автономија до 53 km во градска  средина и потрошувачка на гориво од 3,5 l/100 km.

Ви треба информација? Разговарајте со нас