Continue

Нов Jeep® Gladiator: европска претпремиера на Camp Jeep на пик-апот со погон 4×4, кој ги спојува функционалноста, забавата во возењето и автентичниот дизајн Jeep

24 July 2019

 

Европската јавност за прв пат го запозна новиот  Jeep® Gladiator на изданието 2019 на Jeep Camp – годишна средба на сите сопственици на марката  Jeep и вљубеници во најважниот настан во календарот на Jeep Owners Group (JOG) – кој се одржа во Сан Мартино ди Кастроца, во срцето на Доломитите од 12 до 14 јули.
Новиот  Jeep Gladiator е создаден од богатата традиција на робусни и доверливи пик-ап возила на амерканската марка и нуди единствена комбинација помеѓу автентичниот дизајн, слободата под отворено небо, функционалноста и разновидноста, напредни и ефикасни мотори, динамика во возењето на пат, теренски можности на врвот во категоријата и иновативни технолошки решенија за сигурноста и поврзувањето.
Првиот примерок на овој пик-ап на Jeep потекнува од 1947, годината кога Вилис Оверленд претстави едно возило со четири погонски тркала со тежина од еден тон, а заснован на моделот CJ-2. По ова следеа четириесет години исполнети со разновидни модлеи на пик-ап меѓу кои FC-150/170 (1957-1965), Jeep Gladiator Серија J (1963-1987), CJ-8 Scrambler (1981-1985) и Jeep Comanche (1986-1992). Денес, после речиси 27 години, марката се враќа во сегментот со посебен предлог, возило open air за повеќе намени, кое нуди забава при возење, легендарни теренски капацитети и кое гарантира поголема слобода и флексибилност за транспорт на алатки благодарение на челичниот сандак од 152 сантиметри.
Единствено возило во сегментот, новиот  Jeep Gladiator претставува еволуција  на формулата Wrangler и придодава на неспоредливиот теренски капацитет на иконата на Jeep дополнителна разновидност и динамика на возење на повисоко ниво. Теренските капацитети ги гарантираат двата системи 4×4 – Command-Trac и Rock-Trac, осовините Dana 44 од третата генерација, електричните блокирања на предната и задната осовина Tru-Lock, стабилизаторот со електронско исклучување – апсолутен новитет во сегментот – и теренските пневматици од 32″.
Новиот  Jeep Gladiator се произведува во Толедо (Охајо, САД), и е на располагање во три различни нивоа на опременост: Sport, Overland и Rubicon. Во салоните ширум светот ќе пристигне во првата половина на 2020; а во Европа кон крајот на наредната година.

Модерен и автентичен дизајн

Новиот  Jeep Gladiator се претставува со робусен и единствен дизајн, веднаш препознатлив благодарение на употребата на стилски елементи типични за марката.
Дизајнерскиот тимна Jeep ја задржа легендарната решетка со седум  отвори на Wrangler, но го прошири просорот кај секој од отворите за да го подобри процесот на аспирација за подобра работа на погонот. Горниот дел од решетката е благо наклонета наназад за да ја подобри вкупната аеродинамика.
Нивоата на опременост  Overland и Rubicon на Gladiator поседуваат ЛЕД предни фарови и светла за магла (по барање) и се опремени со екстремно јасна бела светлина која му дава современ изглед на предниот дел. И традиционалните задни фарови во квадратна форма се LED (по барање) и оставаат доволно простор за комотно отворање на задната врата. Со тоа лесно се пристапува во и надвор од багажниот простор, односно сандакот. Задната врата е со амортизери и има три ниво на запирање, а товарењто е безбедно благодарение на системот за електрично затворање со лесно активирање.
Функционалноста и разновидноста беа во центарот на проектирањето на робусниот сандак на Gladiator. Системот за осветлување under-rail, со надворешно напојување на 230 V (на располагање по барање) и робусните вградени придржувачи гарантираат отпорност и разновидност. Системот за сместување на товар Trail Rail, на располагање по барање, овозможува дополнителни можности за транспорт и организирање на товарот.
Во сандакот има заштитна подлога, разделна преграда и платнена прекривка на располагање по барање кои даваат можност за секакво сместување. Нивото на опременост Rubicon на Gladiator располага со rock rails за заштита на кабината и сандакот.
Благодарение на  четирите големи завртки во горниот дел од шасијата, преднто стакло на едноставен и брз начин може да се преклопи/спушти. Горната  напречна шипка ги поврзува предните рамки и останува на своето место и кога предното стакло се спушта, со што овозможува користење на ретровизорот.
Алуминиумските врати се високоотпорни и екстремно лесни и се потпираат на главната оска, а потребен е клуч со врв Torx за да се извадат. На располагање во серија е комплет за преклопување на предното стакло и вадење на вратите.
За да му се даде премиум изглед на Gladiator на располагање е, како опционал на нивоата на опременост Overland и Rubicon тврд кров со три панели во боја на каросеријата. Тврд кров со три панели во црна боја е на располагање ексклузивно на верзијата Rubicon. Два панели Freedom и длапките за нивно сместување ја олеснуваат постапката за нивно вадење и ставање.
И секако, има бројни комбинации со три врати, предно стакло и горна прекривка за Gladiator за да овозможи на клиентот бегранични можности за конфигурација.


Ентериер во полза на технологијата и на функционалноста

Ентериерот на новиот Jeep Gladiator се со автентичен и разновиден стил во полза на комфорот со серија од интуитивни функции. Во внатрешноста за истакнува грижата за секој детаљ и употребата на материјали со висок квалитет.
Подетално, таблата, верна на традицијата на марката, има чисти и извајани линии кои совршено се вклопуваат во во хоризонталниот дизајн на контролната табла со можност за лично доуредување врз база на нивото на опременост. Функционалните елементи меѓу кои копчињата за глас, за клима уред, приклучокот за полнење и приклучокот за поврзување со системот Engine Stop-Start (ESS), се проектирани така за да бидат на дофат на раката на патниците на предните седишта.
Екранот на допир од  7″ (или од 8,4″ на располагање по барање), сместен во горниот дел на централната конзола, располага со системот UconnectTM од четвртата генерација. Инструмент таблата има екран на допир со LED осветлување од 3,5″ или 7″. Тој овозможува да се избере еден од преку 100-те начини на конфигурација и претставување на податоците, за лесна употреба вза време на возењето (на располагање во серија на нивоата на опременост Overland и Rubicon).
Задните седишта имаат ексклузивен дизајн и може да се блокираат за да се смести зад нив товар. Може да се преклопат за да се овозможи пристап до товарниот простор позади кабината и за да се прошири просторот за транспорт на погломазни предмети. На Gladiator на раасполагање се и решенијата smart во кое спаѓаат огромните мрежести џебови кои се издолжуваат преку вратите и бројните простори за предмети за сместување на предмети како мобилен телефон на пример. полицата зад задните седишта може да се подигне за да се овозможи пристап до уште еден простор за предмети. Фиока со поклопец, на располагање по барање, обезбедува дополнителен простор за сместување на безбедно место кога се патува без кров или кга вратите се извадени.
Новиот  Jeep Gladiator се разликува по зголемената функционалност и по карактеристиките за лесна употреба. Ексклузивен дел од нивото на опременост Rubicon, е предната камера за теренско возење која овозможува на лесен начин да се откријат пречките на патот. Предната камера е сместена зад централниот отвор на предната решетка на Gladiator и се активира преку системот Off-road Pages (по барање). За прв пат на еден модел на  Jeep, педната камера гарантира поголема сигурност за време на теренското возење како и практичност, а има и функција на самочистење која се користи при преминување на најекстремните терени.
Помеѓу опционалите кои се на располагање е и аудио уредот, во кој спаѓа субвуфер и безжични портабл звучници, сместени зад задното седиште со што се овозможува да се слуша саканата музика за време на било кое патување, или дружење на плажа на пример, или пак за време на авантурите на разни екстремни терени. LED светлата на задните панели го осветлуваат просторот за товар како и docking station на безжичните звучниси.


Напредни мотори со ефикасни потрошувачки

Гамата на мотри на новиот  Jeep Gladiator предвидува мотор Pentastar V6 од 3,6 литри – на располагање ексклузивно за воневропските пазари и за Средниот Исток – и еден нов мотор EcoDiesel V6 од 3,0 литри, единствен на располагање во Европа. И двата мотори се со автоматски менувач со 8 брзини што овозможува испорака на моќност на моторот и на теренски патиштакако и искористување на максималниот вртежен момент со брзини на автопат.
Моторот Pentastar V6 од 3,6 литри развиен од FCA US испорачува 285 КС моќност и 347 Nm максимален вртежен момент и располага во серија со системот Engine Stop-Start (ESS). Овој мотор е проектиран за да достави високи вредности на максимален вртежен момент на располагање и при низок режим на работа на моторот: основен параметар во најекстремното теренско возење.
EcoDiesel моторот од 3,0 литри ќе биде на располагање на сите верзии на Gladiator кои ќе се продаваат во Европа. Опремен во серија со системот Engine Stop-Start (ESS), овој мотор испорачува 260 КС моќност и 600 Nm максимален вртежен момент (вредности измерени во исчекување на хомологација). Моторот EcoDiesel V6, проектиран и конструиран од FCA EMEA, располага со напредна турбо технологија со ниско триење за да се зголеми одговорот и перформансите при низок режим на работа на моторот.


Пик-ап со средни димензии co најдобри теренски капацитети од кога и да е досега

Новиот  Jeep Gladiator ги гарантира легендарните капацитети на терен преку двата напредни системи 4×4. Системот 4×4 Command-Trac, во серија на нивоата на опременост  Sport и Overland, располага со кутија за префрлање со две брзини со сооднос на ниските брзини 2,72:1, предна и задна осовина Dana 44 heavy-duty од третата генерација co заден сооднос на мостот еднаков на 3,73.
Нивото на опременост Rubicon пак, е опремен со системот 4×4 Rock-Trac, опремен е со предна и задна осовина Dana 44 од третата генерација со сооднос “4LO” еднаков на 4:1.
Верзиите Rubicon нудат поголема артикулација и вкупен ôд на суспензиите благодарение на системот за  електронско исклучување на стабилизаторската летва – единствена карактеристика во сегментот. Благодарение на автоматскиот менувач со осум брзини Jeep Gladiator Rubicon има сооднос на редукција еднаков на 77,2:1, што му овозможува да надмине каква и да е препрека како да е детска игра.
Задниот диференцијал со ограничено пролизгување Trac-Lok, на располагање по барање на нивоата на опременост  Sport и Overland, обезбедува поголем погон и маскимален вртежен момент во услови на слабо прилепување на гумите до тлото кога се патува по кал, чакал, снег или мраз.
Нивоата на опременост Sport, Overland и Rubicon на Gladiator се издвојуваат по значката Trail Rated која ги потврдува легендарните 4×4 капацитети благодарение на серија карактеристики,  меѓу кои:
⦁ Систем 4×4 Command-Trac active-on-demand со максимален сооднос на редукција еднаков на 2,72:1, во серија на нивоата на опременост  Sport и Overland;
⦁ Систем 4×4 Rock-Trac active-on-demand со сооднос “4LO” еднаков на 4:1 и електронски блокирања на диференцијалите Tru-Lok во серија на нивото на опременост Rubicon;
⦁ Заштитни плочи и куки за влечење напред и позади;
⦁ Челичен заден браник off-road heavy-duty (во серија на нивото на опременост Rubicon) и челичен преден браник компатибилен со крик (макара) и капаци на вадење на располагање по барање;
⦁ Влезен агол еднаков на 43,6 степени, агол на прекршување еднаков на 20,3 степени, излезен агол еднаков на 26 степени и висина од земја од 28,2 cm;
⦁ Тркала off-road екстремни од  17″ на располагање по барање; на нивото на опременост Rubicon, пневматици од 32″ во серија;
⦁ Капацитет на возење во ода до висина од 76 cm;
⦁ Капацитет на влечење еднаков на 2.722 kg и максимална корисна носивост во 4×4 еднаква на 725 kg.

Робусен дизајн body-on-frame, врз основа на легендарната  цврстина и разновидноста на пик-ап Jeep

Благодарение на дизајнот на шипките (body-on-frame) и на суспензиите со пет точки на прикачување на Gladiator гарантира врвен капацитет 4×4, обезбедувајќи истовремено и комфор при возење на пат и висока безбедност за патниците.
Дизајнот на шипките користи најнапредни материјали и инжењерски техники за да се обезбеди и сигурност и цврстина. Челичната шасија е високоотпорна, со должина од 78,7 cm повеќе во однос на онаа на Jeep Wrangler со 4 врати, додека пак меѓуоскиното растојание е подолго за 49,2 cm; последнава карактеристика, кога сандакот е поставен во позиција повлечена во однос на средишната линија на задната осовина и овозможува да се добие подобра дистрибуција на тежината и понепречено возење за време на транспортирање на товар. Уредите за забрзување, за кочење, за напојување и за издув се издолжени за да се надоврзат на измените кои беа неопходни со цел да се прилагодат на доверливиот дизајн на шипките на еден пик-ап со средни димензии кој е најподвижен на теренот.
Gladiator користи доверлива конфигурација на суспензиите co елипсовидни пружини со пет точки на прикачување. Пружините се прилагодени со цел да се добие совршена рамнотежа помеѓу управувањето на пат и управувањето на терен со капацитетите својствени на верзиите Jeep. Удобно возење, лесно управување, капацитет на влечење и товарење и значително подобрени амортизери од поставеноста на тврдите точки и поддрш на каросеријата.


Богата сигурносна опрема и напредни содржини

Безбедноста на патниците беше една од главните теми при развивањето на проектот на новиот  Jeep Gladiator, кој нуду бројни уреди за пасивна и активна безбедност. Во сигурносните системи за безбедност спаѓаат, по барање Blind-spot Monitoring (Мониторинг на „слепите“ агли) co Rear Cross Path Detection (Откривање на пресекување на патот одзади), предна теренска камера,  Forward Collision Warning Plus (Предупредување за можен судар) и Adaptive Cruise Control co финкција Stop. Сериската опрема нуди задна камера ParkView co динамичка мрежа, Park Assist (асистенција при паркирање нанапред и наназад) и Електронска контрола на стабилноста (ESC) со уред за контрапревртување.


Напреден систем UconnectTM од четвртата генерација

Новиот  Jeep Gladiator нуди два системи UconnectTM со екран на допир од 7″ и 8,4″NAV кои на возачот и на патниците им нуди напредни функции за комуникација, навигација и забава и инструмент табла со LED во боја. Системите UconnectTM со екран на допир од 7″ или 8,4″NAV вклучуваат и интуитивни функции, зголемена моќност на обработка на податоците, побрзо време на вклучување, екран на допир со висока резолуција и поврзување со Apple CarPlay и Android Auto, како и гласовни команди за навигација и испраќање на пораки.


Преку 150 ексклузивни Jeep® Authentic accessories powered by Mopar® за новиот  Gladiator

Mopar®  – марката FCA е посветена на производите и на услугите и во постпродажбата за сите возила во Групацијата и нуди преку 150 автентични додадтоци во Jeep® Performance Parts нови или дизајнирани токму за персонализирање на новиот  Jeep Gladiator. Производите Mopar вклучуваат додатоци специфични за динамичен стил на живот со пик-ап, меѓу кои церади и пресвлеки за сандакот, какои останати содржини за перформансите 4×4 како на пример цевчести странични скалички, rock rails, тркала и уште многу други, развиени во соработка со Mopar® специјално за новиот модел.

Jeep Gladiator персонализиран од Mopar го истакнува потенцијалот за персонализација open-air на пик-ап co капацитет 4×4

На Camp Jeep и за прв пат во Европа беа изложени два примерока на  Jeep Gladiator со нивото на опременост Rubicon, специфично за теренско возење. И двата ќе бидат опремени со бензински мотор Pentastar V6 од 3,6 литри и 285 КС, со системот 4×4 Rock-Trac и предни и задни осовини  Dana 44 од третата генерација.
Едниот ќе биде со бела боја на каросеријата Clear Coat co тврд кров во боја, а другиот со црна боја на каоросеријата Clear Coat co тврд кров во боја и беше персонализиран токму за оваа прилика од страна на Mopar.
Марката Mopar од широкиот избор во каталогот за Jeep® Authentic Аccessories за новиот модел избра додатоци кои ја нагласуваат функционалноста и потенцијалот за персонализација и на отворено на Gladiator Rubicon. Персонализацијата open-air опфаќа каиши за фиксирање на предното стакло, кои овозможуваат на сигурен начин да биде прицврстено. На задниот дел, напречните шипки Mopar се монтирани на сандакот што овозможува да се постават носачи за велосипед  Mopar за да се задоволат потребите на клиентите со подинамичен стил на живот. Во полза на поголемата функционалност тука се рампите на преклоп за качување на товар во пределот на сандакот. И во внатрешноста на Jeep Gladiator предничи единствена персонализација претставена преку рачките на предните и задните врати Mopar, педалите, црните потпирачи за нога и патосниците за сите сезони.

Ви треба информација? Разговарајте со нас