Continue

Најубавиот мал SUV: Jeep® Avenger ја доби наградата за дизајн на “autonis”

26 September 2023

Jeep® Avenger е “Best Design Novelty”-Најдобар нов дизајн, во категоријата “Мал SUV / теренско возило”: освои 53% од гласовите на преку 14.000 читатели на престижното списание “auto motor und sport”, за победа од широки размери

Риселсхајм, 20 септември 2023 – Jeep® Avenger, со 100% електрично напојување, дизајн и способности типични за Jeep и исклучителен капацитет на багажникот во компактни димензии, комбинација кој не ги убеди само бројните корисници: преку 14.000 читатели на специјализираното списание “auto motor und sport”, гласаа за него, доделувајќи му ја на Јeep Avenger наградата “Најдобар нов дизајн за 2023 година” со огромна предност во однос на конкурентите.

Avenger победи, освојувајќи дури 53% од гласовите и со тоа ја обезбеди наградата за дизајн “autonis” во категоријата “Мала SUV/теренско возило”. Наградата “autonis” претставува широк избор помеѓу најзначајните новитети излезени на пазарот во последните 12 месеци. Сè на сè, читателите можеа да бираат помеѓу 105 модели на автомобили во 12 различни категории.

Jeep® Avenger

Jeep Avenger е компактен SUV, со должина од 4,08 метри, со што се сместува во сегментот со најбрз пораст B-SUV, вториот најголем сегмент во Европа во однос на обемот на продажба. Ги освојува купувачите со динамичен и активен стил на живеење, кои бараат SUV со компактни димензии, но кој секако, нуди и широк простор и можности за товарење. Проектиран и конструиран како Jeep од првиот ден, Avenger ја содржи целата ДНК на Jeep во еден компактен SUV со единствена мешавина на способности, стил, функционалност и технологија. Не случајно, според подотаоците на Dataforce, Jeep Avenger е најпродаваниот електричен B-SUV, во Италија во периодот од јануари-август 2023.

Со електрична автономија може да помине до 400 километри во комбиниран циклус WLTP* и до 550 километри во градско возење. Новиот електричен мотор е од 400 V со 115 kW (156 КС) со максимален вртежен момент од 260 Nm и батеријата од 54 kWh, што е исто така ново.

Лансирањето на Jeep Avenger на патиштата во Европа го означува почетокот на електрификација на марката Jeep, која до 2025 година ќе произведе четири електрични возила. До крајот на 2030, сите нови автомобили на марката Jeep, продавани во Европа ќе бидат 100% електрични.

 *Потрошувачка на гориво и вредности на емисиите
Jeep Avenger Electric
115 kW (156 КС): потрошувачка на моќност (комбинирана) 15,9 – 15,4 kWh/100 km, електрична автономија ** (комбинирана): 390 – 400 km, емисии на CO2: 0 g/km
* Сите вредности соодвествуваат на WLTP. Процедурата WLTP (Worldwide harmonized light vehicles test procedure – глобален стандард/процедура за одредување на нивото на загадување) е најреална и ја замени процедурата NEDC (New European Driving Cycle – нов европскициклус на возење) и се користи и за одредување на стапката на оданочување на новите возила.
** Реалната, ефективна автомомија е причинета од многубројни фактори, како на пример: стилот на возење, условите на патот, атмосферските услови, како и состојбата, користењето и опремата на возилото.

Ви треба информација? Разговарајте со нас