Continue

Вести

Juventus Summer Tour 2018 powered by Jeep®: летен спој на две успешни екипи

23 July 2018

Шампионите на Италија летаат кон Соединетите американски држави каде ќе се сретнат со некои од најдобрите екипи во Европа во серија пријателски натпревари. Првиот ќе се одржи во 19.00 часот, на 25 јули на Lincoln Financial Field во Филаделфија, каде ќе одиграат пријателски со Баерн Минхен. Вториот, на 28 јули во 13,00 часот со Бенфика на арената Red Bull Arena во Харисон, Љу Џерси, а на 4 август во 18.00 Јувентус ќе одигра меч со Реал Мадрид на стадионот Fedex Field Washington. Црнобелите оваа година беа избрани како екипа-предизвикувач на екипата составена од најдобрите фудбалери на Major League Soccer: натпреварот ќе се одигра во Атланта на 1° август, на Mercedes Benz Stadium во Атланта.

Заедно со шампионите на Италија, е и марката Jeep®, како Официјален спонзор на Јувентус веќе шест сезони: успешен спој на две успешни марки со славна историја. Црнобелиот клуб е екипа со најмногу титули во Италија, а Jeep автомобилски клуб кој зад себе има 75 годишна историја во улога на пионер на пазарот на SUV. Заедно, Jeep и Јувентус пишуваат историја и освојуваат примати во серија: четири сезони црнобелите заедно со марката Jeep на градите ги изменуваат медалите за освоено првенство и освоен Куп. По ред, четири “скудета” и четири купови: примамлив усмех на 4×4, во чист Jeep стил. Италијанскиот шампионат го освојуваат веќе 7 години по ред, што претставува рекорд во националната историја на овој спорт: Јувентус  продолжува да ги надминува границите покажувајќи афинитет со марката Jeep во еден спој на автентичност, страст и капацитет да се соочи и да го надмине секој предизви пред себе.