Continue

Вести

Jeep® Wrangler e “4x4 of the Year” на SEMA Show десетта година по ред

06 December 2019

Jeep® Wrangler е единствениот модел кој го добива престижното признание “4×4 of the Year” од првото издание на SEMA Awards во 2010 година

  • На изложбениот простор на Mopar на SEMA Show беше изложен Wrangler Rubicon персонализиран од страна на Mopar co додатоци од Jeep Performance Parts
  • Mopar ги откри и останатите новитети во текот на конференцијата за печат

Jeep® Wrangler продолжува со својата неспоредлива и непрекината низа на успеси и го добива признанието “4×4 of the Year” во рамките на SEMA Show (Specialty Equipment Market Association) во Лас Вегас десетта година по ред.

Jeep Wrangler на овој начин се потврди како единствен автомобил кој го добива ова значајно признание уште од 2010, година кога официјално беа воспоставени наградите SEMA Awards.

“Jeep Wrangler не познава граници, како во поглед на перформансите, така и во персонализацијата,” изјави Марк Босанац, Директор на Mopar Service, Parts & Customer Care, FCA – Северна Америка. “Горди сме што десетти пат по ред ја добиваме наградата ‘4×4 of the Year’. Станува збор за значајно признание затоа што ја потврдува легендарната теренска способност на Jeep Wrangler, и истовремено ги наградува страста и креативноста во постпродажбата, за сите кои продолжуваат со изборот на Jeep Wrangler како апсолутен фаворит во светот на персонализацијата.”

Установени во 2010, SEMA Awards се признание на OEM (Original Equipment Manufacturer) во рамките на SEMA Show и ги издвојуваат возилата кои се најинтересни во поглед на презентацијата и воведот на постпродажбата.

“Не изненадува што изложувачите на SEMA Show го наградија Jeep Wrangler како 4×4 на годината,” изјави Крис Керстинг, SEMA Претседател и директор. “Благодарение на бројните опции на располагање, Jeep Wrangler продолжува да биде најсоодветно возило за персонализација. Неговата разновидност нема граници и е во состојба да ги освои оние кои го употребуваат, но и оние кои секојдневно го гледаат низ градските улици, а се вљубеници во теренските возила.”

Во рамките на SEMA Show, кој се одржа од 5 до 8 ноември, брендот Mopar претстави 14 персонализирани возила на сопствениот изложбен простор кој се протегаше на 1.400 m². Помеѓу изложените модели се истакна примерокот на Jeep Wrangler Rubicon co персонализација Mopar, концептот Ram 1500 Rebel OTG инспириран од overlanding и преработката на пикапот Dodge серија D200 од 1968.