Continue

Jeep® Wrangler 4xe Model Year 2022: сè поеколошки и намигнува на смартфон технологијата

09 December 2021

Успех кај клиентите од самото лансирање: во Италија, повеќе од 70% од купените Wrangler во последните шест месеци се хибриден модел 4x plug-in.

Со воведувањето на моделската  година 2022, 100% од гамата на Wrangler во Европа се нуди само во хибридната верзија plug-in: екосистемот на Jeep® 4xe е сè покомплетен и претставува дополнителен, важен чекор кон енергетската транзиција.

Сето ова е целосно во согласност со стратегијата на брендот за развој на одржлива мобилност и со цел глобално да се продаде 70% од гамата на Jeep во електрифицирана верзија до 2025 година.

Меѓу новитетите се: сосем нови бои на каросеријата и предно стакла Gorilla Glass на Jeep® Performance Parts (JPP), инсталирано директно во фабриката.

Авантурите на отворено на Jeep се уште повеќе автентични благодарение на новиот кров Sunrider Flip од Mopar® кој се придодава на различните опции на кровот што веќе се достапни на Wrangler (тврд кров со три панели, мек кров, електричен мек кров и без кров).

Гамата Wrangler 4xe е дополнително збогатена со напредни технолошки содржини и комплетна серија на ADAS од најновата генерација, вклучувајќи Automatic High Beam Headlamp Control (автоматска контрола на долго светло), Full Speed Forward Collision Warning Plus (предупредување за фронтален судир при максимална брзина) и Adaptive Cruise Control co Stop (адаптивен темпомат со стоп), сите во понудата на стандардна опрема за моделската  година 2022, заедно со Blind Spot Monitoring (Прегледност на слепите агли) со Rear Cross-Path Detection (откривање на вкрстување одзади), задна телекамера и функција за помош при паркирање нанапред и наназад кои се веќе во страндардна опрема.

Тука е и комплетниот пакет на UconnectTM услуги за да им се понуди на клиентите интегриран комплет алатки кој е во можност да комбинира функционалност, поврзување, услуги и максимална леснотија на користење.

Погонскиот систем на Jeep Wrangler 4xe комбинира два електрични мотори, 2.0-литарски I-4 мотор и 8-брзински автоматски менувач, гарантирајќи возење во речиси апсолутна тишина и поголеми 4×4 теренски способности, без вознемирување поради автономијата на возење во  електричен начин на возење.

Се отвора можноста за нарачки на Jeep Wrangler 4xe моделска година 2022 во Италија. Лансиран минатото лето, новиот Jeep Wrangler 4xe со Plug-in Hybrid технологија е Wrangler со најмногу перформанси, најмоќниот, најефикасен, најодржлив, технички најнапреден кој досега бил претставен на европскиот пазар и претставува уште еден чекор напред на марката кон електрификација на целата гама. Благодарение на хибридниот plug-in мотор, Wrangler 4xe им овозможува на клиентите секојдневно да се движат низ градот во режим со нулта емисија, целосно електричен и да уживаат во ефикасно и пријатно возење на пат, со дополнително подобрени способности за сите терени во речиси апсолутна тишина.

Го потврдува успехот од неговото комерцијално лансирање – во последните шест месеци, повеќе од 70% од Wrangler купените во Италија се хибриден модел 4xe plug-in – Jeep Wrangler 4xe докажува дека теренот може да биде eco-friendly, емоцијата може да биде ефикасна, а електричното возење може да биде забавно. Со воведувањето на моделската година 2022, 100% од гамата на Wrangler се нуди исклучиво како хибридна верзија plug-in на европските пазари со лев волан. Ова е цврста основа за целта на марката да продаде 70% од гамата на Jeep на глобално ниво со опција за електрифициран погон до 2025 година.

Gorilla Glass на Jeep® Performance Parts (JPP)

Еден од главните додатоци во гамата на MY22 Wrangler е отпорното предно стакло Gorilla Glass на Jeep® Performance Parts (JPP) достапно директно од фабриката.

Corning Gorilla Glass (стандардно на Rubicon и опционал на Sahara) ја користи истата технологија за хемиско зацврстување како и екраните на мобилните телефони. Комбинацијата на ултра тенок внатрешен слој од Gorilla Glass и 52% подебел надворешен слој го прави ова предно стакло лесно, цврсто и до три пати поотпорно на потенцијални процепи, пукнатини и кршења предизвикани од камења и остатоци при возење надвор од патот.

Sunrider Flip top на Mopar®

За сопствениците кои сакаат побрзо и полесно да уживаат во доживувањата на возење под отворено небо, Wrangler 4xe 2022 моделска година нуди нова опција Sunrider Flip Top со преклопен мек кров. Ова ново решение за возење на отворено се состои од мек кров над предните седишта и тврд кров кој се протега на остатокот од возилото. Мекиот кров може да се отвори за да им овозможи на патниците да патуваат на отворено. Панелот е изработен од црн штоф твил (испреплетена ткаенина во коцки, дијагонали или „рибина коска“), истиот материјал што се користи за мекиот покрив. Новиот преклоплив мек кров вклучува шини-водилки и рамка за брза инсталација.

Нови бои на каросеријата

Необјавените бои на каросеријата го комплетираат каталогот на бои на Wrangler: станува збор за сребрената метализирана боја Silver Zynith Metallic Clear Coat и за темномаслинестата High Velocity Metallic Clear Coatm, како дополнување на црната, белата Bright, Firecracker црвената, гранитната Crystal Metallic,  Sting-сивата, Hydro сината, вишновата Snazzberry и војничко-зелената Sarge (последниве две се на располагање кај верзијата Sahara). Сите решенија за боја може да се комбинираат со бројните конфигурации на кровот – мек или тврд, црн или во боја, во зависност од нивото на опременост. Потоа, благодарение на специјалната програма на бои достапна за Wrangler, тука се единствените пембе розева Tuscadero и песочната Gobi ограничени изданија кои ќе го збогатат каталогот на Jeep со посебни и живописни бои кои му даваат оригиналност и карактер на Jeep Wrangler. Исто така, ова е прв пат боите Tuscadero и Gobi да се достапни на сите нивоа на опременост Jeep Wrangler: првата може да се нарача од денес до јануари 2022 година, додека втората ќе биде достапна во ограничен временски период, од пролет до лето 2022 година.

Паметно поврзување во возилото, интуитивно и едноставно за користење

4xe plug-in хибридната верзија на иконата Wrangler е исто така моделот кој располага со најповолно поврзување досега, а исто така нуди интегриран и комплетен сет алатки за да ги направи исклучително едноставни управувањето и искуството со мобилноста,  истовремено и  пријатни, благодарение на пакетот Uconnect™ Services достапен на системот 8.4. Uconnect ™ NAV, заедно со апликацијата „My Uconnect“. Напредното поврзување на Wrangler 4xe е развиено за да ги задоволи различните потреби на клиентите и да го поедностави „искуството 4xe“ во сите услови на возење, благодарение на пакетот апликации што овозможуваат  контрола на различни функции на возилото удобно и од далечина. Користејќи ја мобилната апликација „My Uconnect“, клиентите можат да пристапат до бројни услуги за брзо и лесно  управување со статусот и одржувањето на возилото, да бараат станици за полнење и да најдат помош при какви било тешкотии или итни случаи како кражба.

Пакетот UconnectTM Services вклучува поврзани услуги поврзани со електрифицираното возење и напредното поврзување, вклучувајќи ги услугите My Assistant, My Car, My Remote и My eCharge.

Услугите UconnectTM овозможуваат пристап до бројни функции благодарение на бројните допирни точки, вклучувајќи ја мобилната апликација My Uconnect, смарт часовникот, посебната веб-страница и копчињата на плафонското светло. Услугите Uconnect ™ се достапни на сите нивоа на опременост Wrangler 4xe во комбинација со 8,4-инчниот систем за информирање и забава, за да понуди напредно поврзување и услуги проектирани за удобност и безбедност.

Услугите се поделени на основни услуги, како што е My Assistant, активни од моментот на купувањето и стандардни услуги кои клиентот може да ги активира бесплатно, како што се My eCharge, My Car и My Remote.

My Assistant (Мојот асистент): го става клиентот во контакт со оператор за да побара гео-локализирана помош на пат во случај на дефекти и да ја добие потребната поддршка за решавање на какви било технички проблеми. Дополнително, како дел од пакетот My Assistant, клиентот добива месечен извештај преку е-пошта со кој ќе ја провери употребата на возилото и неговиот статус.

My Car (Мојот автомобил): овозможува да се проверите состојбата и статусот на возилото преку мобилниот телефон и да се провери нивото на полнење на батеријата, притисокот во гумите, километражата и распоредот за одржување.

My Remote (Мојот далечински управувач): преку мобилна апликација инсталирана на мобилниот телефон, клиентите можат да ја одредат точната позиција на возилото, да ги заклучат и отклучат вратите, да постават предупредувања за брзината и положбата на возилото и да ја видат локацијата на станиците за полнење.

My eCharge (Моето еполнење): овозможува управување со сите интеервалите за полнење на која било јавна станица за полнење и брзо пронаоѓање на најблиската станица за полнење, да се провери пристапноста и да се управува со процесот на полнење и плаќање. Исто така, функцијата може да се користи за поставување и контрола на приватните полначи wallbox.

Пакетот услуги кој се добива по барање, достапни за купување преку веб-порталот My Uconnect ја комплетира понудата на Uconnect Services. Овие услуги вклучуваат My Alert и специфични решенија за управување со возниот парк понудени од Free2Move.

My Alert (Мое предупредување): во случај на можна кражба веднаш го предупредува сопственикот на автомобилот. По добивањето на потврда за кражба од органите на прогонот, оперативниот центар ќе понуди помош за враќање на возилото.

Co едноставен и и нтуитивен интерфејс и комплетните функции со пристап преку далечински управувач, достапни се и решенијата Fleet Management (Раководоење со флота)  кои се наменети на оние клиенти кои поседуваат помали флоти на возила.

Jeep Wrangler 4xe: најмоќен и најтивок досега

Незапирлив како што налага традицијата на Jeep и со уникатни карактеристики, новиот Wrangler 4xe е најодржливиот Wrangler со најдобри теренски способности досега. Перформансите се исто така подобрени: овој модел забрзува од 0 до 100 km/h за само 6,4 секунди и испорачува до 380 КС комбинирана максимална моќност и максимален вртежен момент од 637 Nm во начинот на возење  „pure electric“, со досега невидена контрола при ниски вртежи, автономија што може да надмине 50 km (во урбаниот циклус WLTP) при возење со нулта емисија: доволно за секојдневна употреба во град со комплетно време на полнење еднакво на помалку од 3 часа со опција за програмирање, и благодарение на Функцијата за максимална регенерација Max Regen, за да се зголеми полнењето на батеријата кога се вози во лер. Погонскиот систем на Jeep Wrangler 4xe комбинира два електрични мотори, 2.0-литарски I-4 мотор и осумстепен автоматски менувач за да се обезбеди тивок погон, зголемени теренски способности 4×4, без притоа да се има грижа за електричната автономија.

Оваа конфигурација овозможува механиката на Jeep Wrangler со беџот Trail Rated да се одржи непроменета, што вклучува, во зависност од нивото на опременост, два напредни системи со погон на четири тркала, активни на барање – Selec-Trac или Rock-Trac, следната генерација Dana оски, електрично блокирање на предните и задните диференцијали Electric Tru-Lock, Trac-Lok диференцијал со ограничено пролизгување и електрично исклучување на предниот стабилизатор. Понатаму, моменталната достапност на максималниот вртежен момент и подобрените перформанси гарантирани со комбинацијата на турбо бензинец и електричен мотор го прават неприкосновен „крал на терените“ уште помоќен и незапирлива на терените. И токму тука, благодарение на технологијата 4xe, Wrangler plug-in hybrid може да вози со погон на четири тркала во 100% електричен режим, гарантирајќи референтни перформанси целосно безбедно и со задоволство од слушањето на „гласот“ на природата. Режимите E Selec му овозможуваат на возачот да го прилагоди погонот на Jeep Wrangler 4xe на типот на патување: Hybrid, Electric и eSave, којшто го зачувува полнењето на пакетот батерии за подоцнежна употреба. Дури и полнењето на Jeep Wrangler 4xe е едноставна и интуитивна операција благодарение на специфичните решенија понудени од Free2Move и Mopar® за јавно и приватно полнење со помош на easyWallbox, уред кој овозможува целосно полнење за помалку од 3 часа со 7,4 kWh.

4xe: подбренд со комплетна гама

4xe е новиот 4×4 на брендот Jeep, еволуција на концептот на способност што комбинира одржливост, ефикасност и уште поголема безбедност и забава. Секој модел од гамата на Jeep 4xe, кој ги вклучува Renegade 4xe, Compass 4xe и новиот Wrangler 4xe, нуди многу преку придобивките од електричното возење, како што се ниски трошоци за користење, тивко возење и нула емисии во full-electric режим, за урбаната мобилност дури и во центарот на градот, а истовремено нуди флексибилност на конвенционален мотор со внатрешно согорување за да се справи со долгите патувања без грижа за автономијата.

Ви треба информација? Разговарајте со нас