Jeep® Wrangler со посебно признание на престижните "4x4 of the Year 2019 awards" - Jeep Makedonija

Вести

Jeep® Wrangler со посебно признание на престижните “4×4 of the Year 2019 awards”

21 January 2019

Големо признание од страна на магазинот “4X4“ за групацијата Fiat Chrysler Automobiles. На доделувањето на британските угледни награди “4×4 of the Year 2019 awards” за најзаслужни 4х4 возила, со посебно признание се здоби легендарното возило  Jeep® Wrangler.

Специjален состав на судии, експерти за возење по тешки терени имаа тешка задача да одлучат помеѓу способните off-road возила кои се појавија на пазарот изминатава година. Сепак, меѓу конкурентите видно се истакнаа моделот на Jeep® Wrangler.

Новиот Wrangler, лансиран минатата година во септември ширум Европа, ги задржува своите способности на незапирлив владетел на терените и истовремено апсолутен протагонист во секојдневното возење низ град, благодарение на извонредното ниво на комфор, на автентичниот стил и на технолошката опременост со напредни решенија. Крајниот резултат е Wrangler, најмоќен досега во теренското возење благодарение на: два напредни системи за погон на 4 тркала (Command-Trac и Rock-Trac), електрични блокирачи на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал на ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување. Гамата мотори на новиот Wrangler е збогатена со воведувањето на два важни новитети – еден турбодизел од 2,2 литри и еден трубобензинец од 2,0 литри. И двата нови мотори имаат прилагоден автоматски меувач со осум брзини, апсолутен новитет во гамата Wrangler.

НАЈНОВО ОД JEEP