Continue

Марката Jeep® на Меѓународниот Саем во Женева 2019

27 February 2019

  • На швајцарската писта ќе продефилираат новитетите од гамата Jeep® кои се на располагање во Европа.
  • Ексклузивни персонализации со Jeep® Authentic Accessories by Mopar® ги истакнуваат карактеристиките на изложените SUV Jeep.
  • Под рефлекторите ќе се најдат и некои модели на Jeep во специјално издание, како новата “S”, кое го истакнува спортскиот дух и перформансите на брендот.
  • Дебитира новиот Cherokee Trailhawk кој се истакнува со екстремните off-road капацитети и ја комплетира подновената гама
  • Единственост и агресивност: во Женева се открива карактерот на Compass Night Eagle.
  • Jeep Grand Cherokee создава категорија на премиум SUV и продолжува да биде поим на кој се повикуваат останатите со новата верзија S Limited и подновен ентериер.

Марката Jeep® ги претставува значајните новитети на производот на 89ото издание на Меѓународниот Саем на автомобили во Женева. 2018 беше апсолутно најдобра година за марката Jeep во Европа бидејќи најголемиот број од европските пазари постигнаа рекордна продажба, меѓу нив Италија, Германија, Шпанија, Франција, Белгија, Полска, Швајцарија, Холандија и Португалија. Jeep стана марка која бележи најбрз пораст во регионот во 2018 (fastest growing brand) зголемувајќи ја продажбата за 56% во однос на 2017. Пет последователни години на зголемување на обемот на продажба во Европа, и трета година по ред преку 100.000 продадени примероци на SUV Jeep на континентот. На ниво на континентот, Compass е најпродаваното возило на марката, а го следи Renegade кој продолжува да биде еден од најпродаваните модели во неговиот сегмент. На трето место е новата генерација на Wrangler која бележи најдобра година на европскиот пазар со пораст од 86% во однос на 2017. Силна со овие извонредни резултати, марката Jeep на Саемот во Женева ќе открие нови модели во специјално издание, за да одговори на растечката желба на љубителите на марката да можат да пристапат до ексклузивни персонализации:

  • Гама “S” – Специјалното издание S дебитира пред европската јавност на Самот во Женева на моделите Renegade, Compass, Cherokee и Grand Cherokee.
  • Новиот Cherokee Trailhawk ја комплетира гамата на SUV Jeep кои се стремат кон престижниот беџ “Trail Rated”, симбол на теренските способности кој означува способност за надминување на најтешките терени.
  • Персонализациите на Jeep® Authentic Accessories потпишани од Mopar®, дополнително ги истакнуваат карактеристиките кои водат кон успехот на SUV Jeep, персонализации кои брендот од FCA ги постави како дел од производите и услугите на постпродажба, кои имаат преку осумдесет години традиција на полето на перформансите, сигурноста и стилот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас