Continue

Jeep® и Јувентус: десет години успеси

09 July 2022

На самиот почеток на спортската сезона 2022-2023, кога се прославуваат 10 години од соработката помеѓу Jeep® и Јувентус.
На новиот дрес, логото Jeep® ја искажува визијата на Марката за слободата на движење со нула емисси на штетни гасови.
Десет исполнети години со спонзорство кои на црно-белите им донесоа 29 титули и истовремено го следеа растот на марката Jeep на италијанскиот пазар, благодарение на новите успешни производи и новите технологии, на патот кон слободата на движење со нула емисси на штетни гасови.

Во Италија, продолжува успехот на технологијата на Jeep 4xe: возилата SUV Plug-In Hybrid доминираат во првиот семестар на 2022 на пазарот на возила со ниска емисија, дел каде едно од пет продадени возила е токму електрифицирано возило.

Прославата на првите десет години соработка продолжува на сите официјални социјални канали и на Jeep и на Јувентус, каде фановите можат да споделат мислења, возбуда и чувствo на припадност на двете легендарни истории.

На 1-ви јули започна фудбалската сезона 2022-2023, година, кога се слави десетгодишнината од соработката помеѓу Jeep® и Јувентус. Токму во сезоната 2012-2013 логото на Jeep за прв пат го красеше дресот на црно-белите: спонзорство создадено во име на заедничките вредности кои ги споделуваат, како што се автентичноста и страста, што доведе до освојување на бројни спортски титули и овозможи да се испишат страници за паметење во историјата на италијанскиот фудбал. Секако, кога се зборува за Jeep и Јувентус, не може, а да не се мисли на славната истоприја која ги издигнува и ја храни нивната привлечност на светско ниво.

За десет години 29 спортски титули, нови SUV возила и иновативни технологии

Машката екипа на Јувентус освои 8 шампионати во Серија А, 5 наслови победник на Купот на Италија и 5 на Италијанскиот Суперкуп. Женската екипа, за само 5 години од незјиното основање освои 5 скудети, 2 титули на Купот на Италија и 3 на СУперкупот, додека пак машката екипа до 23 години освои 1 Куп на Италија во Лега Про.

Во исто време, марката Jeep лансираше нови модели на пазарот. Во 2014, италијанската фабрика во Мелфи стана лулка на моделот Renegade, првиот Small SUV на Jeep и првиот автомобил на марката дизајниран во САД, конструиран во Италија, а продаван во повеќе од 100 земји низ светот. Уште сме во 2014, кога дебитираше моделот Cherokee. Во 2017, лансирањето на Compass ги редефинира стандардите во категоријата на компактните SUV возила, додека пак во 2018, Jeep Wrangler ја воодушеви јавноста со девет комплетно нови бои на каросерија, притоа останувајќи верен на самиот себе со легендарните негови теренски капацитети, во автентичен Wrangler стил и со технолошка опрема со напредни решенија. Во 2020, Jeep ги прави првите чекори на преминот кон електрификацијата благодарение на 4xe Plug-In Hybrid технологијата воведена на моделите Renegade и Compass: тоа е новиот 4×4 според Jeep, сè побезбеден, позабавен, поефикасен и повеќе одржлив. Потоа, во 2021 година, три значајни иновации: Новиот Compass, иконата Wrangler во 4x верзија и незапирливиот пикап Gladiator. Првиот покажува силна естетска личност, со софистициран стил и воведува значајни иновации кои го носат на уште повисоко ниво во однос на дизајнот, безбедноста, технологијата и функционалноста, додека кај Wrangler технологијата 4xe го има своето деби за необично искуство на пат во целосна тишина и нула емисии. И не само тоа: еволуцијата на марката ја вклучи и технологијата, во сè повеќе дефинираниот пат кон електрификација. Заедно со технологијата 4xe, е-хибридната технологија на Renegade и Compass дебитираше во 2022 година, во очекување на претстојното пристигнување на компактниот 100% електричен B-UV и на новиот Grand Cherokee 4xe.

Успеси на секој терен: SUV 4xe се лидери во Италија во делот LEV

Во текот на овие десет години, Јувентус патуваше со вообичаениот авторитет по патот што му е најпогоден: Јувентус кон победата, додека марката Jeep продолжи да отвора нови патишта, подобрувајќи ги легендарните теренски капацитети на своите теренци и остварувајќи незаборавни успеси. Денес, патот на Jeep е насочен кон електрификација, во согласност со мисијата „Zero emission freedom“ која го дефинира патот на слободно движење со нула емисии. Најконкретен пример за тоа е одржливата 4x plug-in хибридна технологија, која гарантира извонредни перформанси на пат, како и надвор од патиштата. „4xe“ сега е марка во марката Jeep, синоним за максимална удобност и целосна безбедност, во секакви еколошки услови, нула емисии и можност за теренско возење, она што го прави Jeep познат во светот, дополнително подобрен.

Не случајно со Renegade, Compass и Wrangler 4xe, кои го очекуваат Grand Cherokee, марката Jeep е неприкосновен лидер во Италија во секторот LEV, кој вклучува целосно електрични автомобили и plug in хибриди, во првата половина на 2022 година, во линија со целокупното лидерство во 2021 година. Подетално: Compass 4xe е најпродаваниот модел меѓу LEV на секоја марка и сегмент; Renegade 4xe е прв меѓу B-SUV-ите и е меѓу сите модели на BEV, а PHEV во сегментот е втор во целост, веднаш зад Compass. Wrangler 4xe, во сегментот D-SUV, е трет од почетокот на годината. Успехот на лидерството е конзистентен во текот на целате 2021 година, и е потврден во секој од првите шест месеци од 2022 година со постојано учество над 15% сè до над 22%.

Патот кон електрификацијата

И не само тоа: паралелно со успехот на моделите 4xe, стратегијата на марката продолжува кон развој на поодржлива мобилност со лансирањето на новите e-Hybrid верзии на Jeep Compass и Renegade, кои се додадени во 4xe Plug-In Hybrid понуда. Со претставувањето на новите модели e-Hybrid, всушност, брендот Jeep им нуди на клиентите дополнителна можност да се приближат до електрифицираната гама. Во очекување, како што беше наведено за време на презентацијата на стратешкиот план на Стелантис „Dare Forward 2030“, извршниот директор Карлос Таварес, на почетокот на следната година Jeep ќе го лансира новиот компактен 100% електричен B-UV.

Ова е причината зошто логото на Jeep се издвојува на новиот дрес за сезоната 2022-2023, а иконската црна буква покажува молњи: тоа е начин да се истакне патот на марката кон електрификација. Кога сме кај комуникацијата, прославите на првите десет години од соработката продолжуваат и на сите официјални социјални канали на Jeep и Јувентус, каде што фановите можат да споделат емоции, вознуда и чувство на припадност на две легендарни приказни.

Ви треба информација? Разговарајте со нас