Continue

Европско деби на новиот Jeep® Grand Cherokee Trackhawk

15 March 2018

Третиот новитет на марката Jeep на Саемот во Женева е Grand Cherokee Trackhawk, најмоќниот и најбрзиот SUV Jeep, кој во Италија ќе може да се нарачува по презентацијата на Саемот.
Срцето на новитетот е моторот V8 6,2 литри со 700 КС на 6.000 вртежи/минута и 868 Nm максимален вртежен момент, на кој е прилагоден автоматски менувач со осум брзини TorqueFlite, кој обезбедува извонредни перформанси, и тоа: од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди и максимална брзина од 289 km/h. Инаку, потребниот простор за запирање при нагло кочење од 100 до 0 km/h е само 37 метри, благодарение на новиот уред Brembo, додека пак за извонредното динамичко однесување придонесуваат системот Selec-Trac со пет начини на возење и омекнатото адаптирачко потпирање Bilstein.
Однадвор, Jeep Grand Cherokee Trackhawk содржи функционални и агресивни елементи меѓу кои, потркило во боја на каросеријата, прекршена хауба со двоен извлекувач на воздух и четирите цевки на издув. Класичната предна решетка со седум реда е придружена со адаптирачки би-ксенонски фарови, вметнати во рамка  LED и истакнати преку подлогата Gloss Black. Надворешниот изглед го комплетираат новите наплатки со титаниумски обработки од 20″x10″, под кои се наѕираат жолтите клешти на сопирачките Brembo, како и  беџот “Supercharged” на предните врати и натписот “Trackhawk” на задната врата (и двата во обработка Liquid Titanium Chrome на црна основа Matte Black).
Инспириран од светот на трките, ентериерот е проектиран за да го пречека возачот во пријатен амбиент: изведен е од soft-touch материјали со висок квалитет и  збогатен со елегантни обработки Light Black Chrome како и инсерти од карбонски влакна. На таблата има инструмент оддел со екран (DID) од 7″ co таксиметар на централна позиција. Мерач на брзина кој достигнува до 320 km/h, и е сместен на левата страна на инструмент одделот. На централната конзола се наоѓа и новиот систем Uconnect co екран од 8,4″ co Apple CarPlay и Android Auto, како и ексклузивната функција Performance Pages за промптен одговор на перформансите на автомобилот.

Во серија се и седиштата во кожа Nappa co инсерти од антилоп и извезено лого “Trackhawk”; ексклузивните обработки во метал Premium Metal; Active Noise Cancellation; премиум пресвлека на плафонот; инструмент оддел, врати, централна конзола и потпирач за рака обложени со кожа и видливи опшивки; патосници со лого Trackhawk и Entertainment Center co двоен екран и читач Blu-Ray за задните седишта и два различни аудио уреди, како и системот Harman Kardon од 825 Watt, опремен со 19 звучници и два субвафери.
Новиот Jeep Grand Cherokee Trackhawk поседува повеќе од 65 системи за сигурност, како што се адаптирачки Cruise Control со функција за запирање; напреден систем за помош при кочење; систем за мониторирање на слепите агли  со Rear Cross Path Detection; Forward Collision Warning co Crash Mitigation; помош при паркирање напред и назад; Lane Departure Warning-Plus и Ready Alert Braking, уредот Trailer Hitch Camera View at Speed, којшто овозможува да се контролира приколката, користејќи телекамера која е инсталирана одзади, додека возилото е во движење.
Освен стандардните содржини, примерокот Trackhawk co црвена боја на каросеријата Redline кој е изложен на штандот на Jeep во Женева има црни наплатки од 20″x10″ и ентериер во црна кожа Laguna – и едното и другото по барање.

Ви треба информација? Разговарајте со нас