Continue

Jeep® го електрифицира најголемиот спортски настан во САД

14 February 2023

Едноминутниот спот на марката Jeep® за Супербоул “Electric Boogie” го слави проширувањето на електричната гама на марката низ целиот свет, преку футуристичката реинтерпретација на оваа иконска песна, прилагодена за новата генерација на SUV возилата на Jeep.

Во спотот главната улога ја имаат возилата со плаг-ин хибридната технологија, Jeep Wrangler 4xe и Grand Cherokee 4xe, а покрај нив се појавуваат припадници на различни животински врсти кои играат во ритмот на “Electric Boogie”.

Спотот може да се види на социјалните канали на марката, и е создаден, уште од самиот почеток за да ја поддржи, низ целиот свет, гамата на електрифицирани возила на марката Jeep.

Новата верзија на спотот “Electric Boogie” е на располагање за стриминг и преземање. Jeep ја сними Marcia Griffiths во едно студио во Јамајка, со продуцентот Shaggy, икона на реге/денсхол и продуцент. Овие видео-содржини се објавени на социјалните канали како на марката, така и на Shaggy (Facebook: Shaggy, InstagramTikTok & Twitter: @direalshaggy).

Изјава на Christian Meunier, директор на марката Jeep

“Новата кампања го претставува глобалното портфолио на електрифицирани возила 4xe, покажувајќи и славејќи ја лежерноста на духот на Jeep. Продолжуваме да дизајнираме и да развиваме досега најспособни и најодржливи Jeep SUV возила и поради тоа велиме дека 4xe е новиот 4×4. Ова е forward-thinking (мисли напред) стратегија на нашиот пат да станеме водечка SUV марка со нула емисии во целиот свет што ќе биде гаранција за милиони и милиони фанови на Jeep кои сакаат и понатаму да имаат планета која ќе ја истражуваат, прегрнуваат и заштитуваат”.

Изјава на Olivier François, глобален маркетинг директор на Стелантис

“Го однесовме ‘Electric Boogie’ во иднината, со нашата 4xe електрифицирана гама од новата генерација, за да го инспирира секој што ќе се најде зад воланот и за една нова генерација на слушатели; оваа кореографија го отелотворува духот на иднината, љубовта и страста коишто фановите ги гаат за марката. Автентичноста е еден од стожерите на марката Jeep; затоа и беше многу важно за нас да ја објавиме оваа современа верзија на ‘Electric Boogie’ со пејачката Marcia Griffiths, која за прв пат ја сними песната пред речиси 40 години, и со која остави огромен отпечаток на поп-културата. Ни се допаѓа на спотот да гледаме како на природно продоложение на нашиот многу познат спот “Одисеја на Земјата” (Earth Odyssey); победничката идеја е да се видат возилата Jeep 4xe и протагонистите на животинското царство како се движат, следејќи го ритмот на природата “.

“Electric Boogie” за прв пат беше снимен и објавен во светот во 1983 година од Marcia Griffiths, една од најуспешните изведувачи на јамајканското реге. На почетокот на 90-тите, ремикс-верзијата на песната на Griffiths беше популарна низ целиот свет, поставувајќи ја како топ-уметник на врвот на реге топ-листите на сите времиња. Првично напишана со легендарниот Bunny Livingston (Bunny Wailer of the Wailers, во оригиналната постава), оваа песна беше вистинска експлозија на весела енергија што ја инспирираше светски познатата кореографија, „Electric Slide“, сè уште многу популарна и изведувана и денес, особено на свадби и забави.

 

Изјава на Shaggy

“За мене претставува огромна чест што можам да ја продуцирам новата верзија на оваа иконска песна. Пораснав често слушајќи ја “Electric Boogie” којашто беше една од омилените песни во нашата куќа. Верзијата изведена од уште една апсолутна легенда, Marcia Griffiths (членка на групата I-Threes – и пратечки вокал на Bob Marley и the Wailers), ремиксирана од Miami Sound Machine стана светски хит.

Shaggy додаде: “Низ годините, станавме одлични пријатели со Marcia и многу сум среќен што Jeep ми побара да ја реализираме неговата нова кампања со нова верзија од 2023 на оваа класика. Наша заедничка цел беше да ги насочиме рефлекторите кон Marcia и нејзините неспоредливи вокални способности, уловувајќи го во исто време духот на една извонредна култура која ја претставува оваа песна. Учеството на трите вокали во подем, Amber Lee, Jamila и Moyann, кои ја збогатија оригиналната иконска вокална интерпретација на Marcia, додаде допир на свежина, забава и енергија”.

“Кога првпат ја снимив ремикс верзијата на Electric Boogie во 90-тите, никогаш не помислував дека ќе инспирира кореографија која и ден денес е хит кај фановите, и покрај децениите што изминаа“, рече Marcia Griffiths. „Тоа што можев одново да го оживеам ова парче во модерен стил за нова публика, во соработка со исклучителниот талент на Shaggy и со учество на Amber Lee, Jamila и Moyann за време на еден од најголемите телевизиски настани во светот, ми подари уште една од оние скапоцени прилики кои се случуваат само еднаш во животот”.

“Фактот што Jeep ја користи “Electric Boogie”, класично парче на нашиот татко во спотот за Големата игра претставува прилика за извонредна соработка”, истакна Abijah Livingston, синот на  Bunny Wailer. “Да се види музичкото наследство на нашиот татко и на една од неговите иконски песни на ваков настан и за марка од ваква класа е нешто навистина извонредно и нè исполнува со гордост”.

Jeep ги собра Griffiths и јамајканскиот реге уметник и продуцент Shaggy, менаџирани од Martin Kierszenbaum/Cherrytree Music Company со цел да создадат модернизирана верзија на песната, 40 години по нејзиното првобитно објавување. Песната е украсена со учеството на три нови изведувачи од јамајканската реге сцена: Amber Lee, Jamila и Moyann, за кои Griffiths беше вистински „ментор“.

Jeep исто така ги поканува обожавателите ширум светот да се приклучат на движењето „Electric Slide“ на TikTok со користење на хаштагот #Jeep4xeBoogieWoogie.

Спотот “Electric Boogie”, креиран од Jeep во соработка со агенцијата Highdive од Чикаго, ги следи стапките на спотот кој марката го објави мината година Одисеја на Земјата (Earth Odyssey). Слушајќи ги  животните, спотот ја истакнува уникатната способност на Jeep Wrangler 4xe и Jeep Grand Cherokee 4xe во електричен режим да работат во природа во потполна тишина. Анимацијата и специјалните ефекти на „Electric Boogie“ ги потпиша The Mill. Jeep не им пречи на животните на нивниот природен подиум за танц изведувајќи Boogie Woogie, Woogie!

Ова е прв пат Jeep да креира спот за „големата игра“ Супербоул наменет за светската публика, со што ја прославува незапирливата експанзија на сопствените активности ширум светот. Марката, која продава возила во преку 100 земји, се стекна со светски права за песната; додека пак кампањата опфаќа 4xe возила од глобалната електрифицирана гама на марката, којашто ќе биде пренесена на пазарите во целиот свет.

Спотот ги поддржува глобалните напори за електрификација на Jeep, кој неодамна објави сеопфатен план за новата генерација на целосно електрични 4xe возила, во рамките на одржлива трансформација којашто ќе му овозможи на Jeep да стане водечка електрифицирана SUV марка во светски рамки.

Планот предвидува воведување на четири целосно електрични SUV возила во Северна Америка и Европа до крајот на 2025 година. Како дел од целокупниот план за производи што веќе е во тек, до 2030 година продажбата на Jeep во Соединетите држави ќе изнесува 50% од целосно електрични возила, а дотогаш европската продажба ќе се состои од 100% целосно електрични автомобили.

12 февруари 2023 годинаОбурн Хилс, Мичиген 

 

Марката Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури. Марката Jeep е покана за целосно уживање во животот, преку широката гама на возила, способни да им пренесат на корисниците силно чувство на сигурност за да можат да се соочат со секое патување. Гамата на Jeep се состои од Compass, Gladiator, Grand Cherokee, Renegade и Wrangler. За целата гама на Jeep 4×4 на располагање е Jeep Wave, врвна програма за лојалност и услуги на клиентите полна со ексклузивни придобивки и бенефиции за да им се обезбеди на сопствениците на SUV возилата Jeep максимална помош и посветена 24/7 поддршка на легендарните 4х4 способности на марката Jeep, која е развиена благодарение на одвивањето на глобалниот план за електрификација којшто претставува трансформација на 4xe во нов 4×4, согласно целта на марката за постигнување “Zero Emission Freedom” – Слобода со нула емисии.

Cherrytree Music Company

Основана од Martin Kierszenbaum текстописец/кантавтор/продуцент, Cherrytree Music Company се занимава со менаџирање, дискографски марки и издавачки работи за широк спектар на уметници, продуценти и миксери, промовирајќи ја покреативната страна на поп музиката. Cherrytree имаше неизбришливо влијание врз музичкиот пејзаж, од менаџирање на познати музичари и културни икони, вклучувајќи го дури и Sting, до лансирањето на првите два албума на Lady Gaga. Cherrytree Music Company објави плочи кои од уметничка страна и во продажбата постигнаа неверојатни резултати. Да наведеме неколку од уметниците: Feist, Ellie Goulding, Robyn, La Roux, LMFAO, Far East Movement, Disclosure e Sting & Shaggy. Вкупната продажба надмина 40 милиони примероци. На тој пат, Cherrytree Music Company стана витален извор на поп музика, вистински катализатор за соработки и иновации на уметниците. За повеќе информации за Cherrytree Music Company посетете ја страницата: https://soundcloud.com/cherrytreerecords/cherrytree-music-company-15th-anniversary-radio-special

Ви треба информација? Разговарајте со нас