Continue

Вести

view all the news

Jeep® Cherokee: 44 години, единствени модели во автомобилскиот свет

12 September 2018

Малку имиња во историјата на Jeep® се толку репрезентативни или предизвикуваат повеќе емоции од моделот Cherokee, име, кое веќе 44 години ја менува историјата и брои четири милиони продадени примерoци низ светот

Волшебното сценарио на Сицилија, каде ќе се одржи интернационалната презентација на новиот Jeep® Cherokee, претставува идеална рамка за да се прикаже историјата на овој модел.
Cherokee е создаден од вредностите на марката – страст, автентичност, авантура и слобода – уште веднаш додавајќи го и единствениот карактер  и иновативен дух на кои им нема рамен. Тоа придонесе да биде пионер во секторот на SUV со средна димензија, како и да биде најраспространето возило од ваков тип кое се вози во светот со бројка од 12 милиони примероци кои се продаваат секој година.
Еве ја накратко историјата на легендарното возило за кое и денес сонуваат многумина вљубеници во Jeep низ светот.

Прва генерација (1974 – 1983)

Сè започна со првата генерација на Cherokee – SJ – која дебитираше во 1974 и беше наменета за младите вљубеници во 4×4, создаден токму за верзијата SJ, но за кои SJ стана премногу мал и неудобен. За сите оние кои сакаа да се возат со семејството, но истовремено сака и да уживаат во авантурите на отворено. Проектантите и инженерите на Jeep реализираа едно возило за клиентите на верзијата CJ кои бараа поголем автомобил во кој ќе се вози целото семејство или пак со кое едноставно, ќе се оди на пазар. Иако Cherokee од 1974 беше на база на Wagoneer, на почетокот можеше да се купи само во верзија со две врати. Инаку, моделот беше опремен со револуционерниот интегрален погон “Quadra-Trac”, кој гарантираше автоматски погон преку третиот диференцијал со контролирано пролизгување и постојан мониторинг на четирите тркала.
Во 1977 гамата Cherokee се збогати со модел со четири врати кој се покажа толку совршен во секојдневното возење, како и одење на прошетки на терени недостапни за останатите возила. Гамата на Cherokee беше составена од основното ниво со долго меѓуоскино растојание, “S” и “Chief”, и на тој начин гамата Cherokee ги задоволуваше потребите на секој клиент за авантура на отворено, истовремено гарантирајќи максимален комфор и стил, благодарение на верзијата “Levi Edition” од 1978 која им овозможи на клиентите да ја купат со седишта обложени со штоф denim, типичен за славната марка на jeans.
На почетоткот на осумдесетите, Cherokee беше препознатлив како еден од возилата SUV со најмногу намени на пазарот. Робусната структура и широкиот и удобен простор за шест патници го направија автомобил за пример за сите оние кои сакаа да тргнат на пат во какви и да е метеоролошки и услови на патот. Во сериска опрема се наоѓаше и автоматската трансмисија, сервоуправувачот. Cherokee  SJ остана во производство сè до 1983, година, кога оваа беше заменета со верзијата Cherokee XJ.

Втора генерација (1984 – 2001)

Кога беше лансирана за прв пат во 1984, втората генерација на Cherokee, односно серија XJ, предизвика револуција на пазарот на SUV. Претставуваше хибридна структура помеѓу шасија и моношколка која на возилото му даваше исклучителна цврстина и притоа ги намали тежината и потрошувачката. На ова се надоврза новата предна суспензија “Quadra-Link” која обезбедуваше поголема робусност на предната осовина, гарантирајќи истовремено поголема можноста за маневрирање и подобрени перформанси на пат. Во однос на претходната верзија, серијата XJ тежеше половина тон помалку. Инаку, беше пониска за 10 cm, 15,2 cm потесна 53,3 cm пократка, и зачувуваше 90% од просторот во автомобилот на SJ. И така Cherokee беше создаден сегментот на SUV со средни димензии, останувајќи постојано на врвот во класификацијата на компактните SUV возила добри 17 години.
Co висина од земја еднаква на 29,7 cm, агол на прекршување еднаков на  28,4° и влезен агол еднаков на 31,2°, два системи на погон 2WD/4WD – SelecTrac и “shift-on-the-fly” CommandTrac – и каросерија со четири врати – Cherokee се поврди како владетел во сегментот којшто самиот го создаде.
Почнувајќи од 1985, Cherokee почна да се продава во Европа. Верзиите со волан од десна страна беа увезени во Обединетото Кралство во 1993.

Трета генерација (2002 – 2007) и четврта генерација (2008 – 2013)

Третата генерација (KJ) ја замени серијата XJ пред истава да биде заменета со моделите од четвртата генерација (KK). Овие две генерации се продаваа под името Liberty во Северна Америка и Cherokee во Европа. Серијата KJ остана во производство до 2007 и беше првиот Jeep кој користеше независна предна суспензија од времето на Wagoneer од шеесетите години. Беше во следниве изведби: Limited, Renegade и Sport и беше опремен  сос системи за интегрален погон part-time Select-Trac или full-time Command-Trac.
Така се стигна до четвртата генерација на Cherokee KK која беше воведена во 2008 и остана на пазарот сè до 2013. Можеа да се одберат две верзии – Sport и Limited – кои имаа свои специјални изданија за да се задоволат потребите на крајните купувачи, меѓу кои и Renegade, Latitude, Arctic и 70th Anniversary.

Петта генерација на Jeep Cherokee (2014 – до денес)

Петтата генерација на Jeep Cherokee пристигна на европскиот пазар во 2014. Како што е познато, Cherokee KL беше првиот Jeep кој користеше основа на Compact U.S. Wide (скратено во CUS-wide), ко-проектирано со Chrysler и Fiat. На располагање во четири верзии Sport, Longitude, Limited и новата верзија, специјализирана за off-road наречена Trailhawk), Cherokee во 2014 беше првиот автомобил 4×4 кој понуди систем за откачувањена задната осовина кога интегралниот погон не се побарува, првиот SUV со средни димензии кој го поседува автоматскиот систем на пренос со девет соодноси/брзини и три системи на интегрален погон – Active Drive I, Active Drive II и Active Drive Lock, за теренските перформанси.

Денес е времето на Cherokee којшто с произведува во Европа и е цозило со најдобри теренси можности  во својата категорија – создаден за ”Go anywhere” (Оди каде ќе посакаш) и ”Do anything’ (Прави што и да е). Всушност, обезбедува максимална безбедност, има идеална функционалност и нуди извонредни перформанси. Идеален автомобил за нис градските улици или совршено возило за теренски услови, каде се потребни сите можности, перформанси и безбедност на 4×4, на кое се придодава напредната технологија во однос на управувањето, комфорот, одржувањето контакти, сигурноста и заштитата.
Новиот Cherokee поседува подновен дизајн кој ја одразува единствената персоналност на брендот и останува верен на стилот на иконата на марката Jeep. И конечено, новата лента на LED предни светла, карактеристичниот ултралесен, алуминиумски капак на моторот со нова и единствена задна врата. Однатре, цела серија на категоријата user-friendly за да се обезбеди комфор, поврзаност и безбедност на патниците, додека пак материјалите се со висок квалитет и филигранска грижа за секој детаљ.