Continue

Jeep® Avenger прогласен за ‘Електричен автомобил на годината’ на TopGear.com Electric Awards 2023

06 April 2023

  • Комплетно новиот, целосно електричен Jeep® Avenger е прогласен за ‘Електричен автомобил на годината’ како и за ‘Најдобар градски електричен автомобил’ на com Electric Awards 2023
  • Експертското жири ги награди дизајнот и пристапноста на Avenger
  • com Electric Awards ги слави најдобрите електрични автомобили во индустријата
  • Најновите награди ја збогатија збирката интернационални награди кои ги доби Avenger, вклучувајќи ја и наградата за најдобар Европски автомобил на годината 2023
  • Дизајниран и конструиран во Европа, компактниот SUV Jeep Avenger е првото возило со електрични батерии – battery-electric vehicle (BEV) на марката

Комплетно новиот, целосно електричен Jeep® Avenger доби уште едно признание од меѓународните медиуми откако беше прогласен за ‘Електричен автомобил на годината’ и ‘Најдобар градски електричен автомобил’ на конкурсот на TopGear.com, Electric Awards 2023, кој ги наградува најдобрите електрични возила од најширока палета и тоа од хиперавтомобили до хечбек верзии.

Зборувајќи за прогласувањето за ‘Електричен автомобил на годината’ на Avenger, Џек Рикс, уредник на магазинот Top Gear, рече: “Avenger е еден од оние автомобили кои се чини дека се дизајнирани од луѓе кои уживале во својата работа. Не е незгоден или симпатичен, и не е пренатрпан. Едноставно, облиците, текстурите, боите и графиките се модерни и навистина убаво се усогласуваат. Во основа, тоа е веќе позната технологија, внимателно подобрена и добро завиена, по пристапна цена. Има пристапна цена, наместо ексклузивна. Ова е, за овие времиња, многу добро нешто.”

TopGear.com исто така го награди првиот, воопшто, електричен автомобил со батерии-BEV на Jeep со наградата ‘Најдобар градски електричен автомобил’, и притоа додаде: “Avenger е мал – пократок од повеќето мали кросовери – неговата коцкаста надворешност му овозможува лесно да се движи по кривулестите улици, а целосно црната пластична заштита ќе го спаси моментот ако малку скршенете погрешно. Поради неговата поставеност за среден теренец, кратките препусти и долгиот ôд на потпирањето, справувањето со брзите и кратки дупки е олеснето. Неговата висина вели дека може да превезува возрасни лица, а тука се и соодветните ќизми. Соберете го сето ова и ќе го добиете Најдобриот градски електричен автомобил кој во моментов се движи по патиштата.”

Џулс Тилстон, извршен директор на Jeep во Обединетото Кралство, прокоментира: „Би сакал да му се заблагодарам на жирито на Top Gear што го награди Avenger како врвна понуда во сегментот на EV. Возбудливо е што Avenger е надграден со значајното медиумско признание и тоа со оваа најнова двојна награда на Top Gear Electric Awards 2023 година. Avenger е врв на понудата на возила со големина по мерка на нашиот европски пазар и претставува значаен чекор напред кон следната генерација на електрифицирани Jeep-ови.”

Најновите награди од TopGear.com се надоврзуваат на неодамнешните признанија кои му беа доделени на Jeep Avenger, вклучувајќи го и она за Европски автомобил на годината 2023 – првпат во својата историја, марката ја добива оваа награда – и најдобар семеен SUV на Конкурсот за Женски светски автомобил на годината за 2023 година.

Новиот Jeep Avenger е компактен автомобил во само четири метри должина, позициониран во брзорастечкиот сегмент на B-SUV возила, втор во Европа по обем на продажба. Наменет за активни возачи кои бараат возило со компактни димензии Jeep Avenger нуди просторност и можности за складирање во изобилство. Проектиран и конструиран како Јеер уште од првиот ден, Avenger ја обединува ДНК-та на Jeep во компактен SUV со единствената комбинација на способности, стил, функционалност и технологија.

Располага со електрична автономија која достигнува до 400 km* во WLTP циклусот, со новата група на електричен погон од 400V  со 115kW и 260 Nm максимален вртежен момент и нова батерија од 54 kWh.

Воведот на Jeep Avenger во Европа, всушност, го означува почетокот на следната фаза од електрификацијата на марката Jeep – бранот BEV – во која ќе се појават четири целосно електрични возила на пазарот до 2025 година. До крајот на 2030 година, продажбата на Jeep во Европа ќе биде 100% со електрични возила.

*проценета WLTP електрична автономија

За марката Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури. Марката Jeep е покана за целосно уживање во животот, преку широката гама на возила, способни да им пренесат на корисниците силно чувство на сигурност за да можат да се соочат со секое патување. Гамата на марката Jeep се состои од Avenger, Renegade, Renegade 4xe, Renegade e-Hybrid; Compass, Compass 4xe, Compass e-Hybrid; Wrangler (надвор од ЕУ), Wrangler 4xe и Gladiator.  Тука е и Jeep Wave, премиум програма за лојалност и услуги на клиентите, полна со ексклузивни придобивки и бенефиции за да им се обезбеди на сопствениците на возилата Jeep максимална помош и посветена 24/7 поддршка. Легендарните 4х4 способности на марката Jeep, се збогатува благодарение на реализацијата на глобалниот план за електрификација којшто претставува трансформација од 4xe во нов 4×4 бран, согласно целта на марката за постигнување на “Zero Emission Freedom” – Слобода со нула емисии.

Ви треба информација? Разговарајте со нас