Continue

Jeep® Avenger ја освои титулата Women’s World Car of the Year (WWCOTY) – Женски светски автомобил на годината за 2023 во категоријата “Family SUV”

17 February 2023

  • Жирито составено од 63 специјализирани новинарки, на конкурсот на Женски светски автомобил на годината (Women’s World Car of the Year – WWCOTY) претставнички на 45 земји, го избра Jeep Avenger, првиот 100% електричен SUV Jeep, пред останатите 12 модели во категоријата “Family SUV”.
  • Жирито го избра Avenger поради неговиот “успешен дизајн и извонредни теренски способности” и затоа што е “залагање за иднината, што е посебно ценето од страна на корисниците”.
  • Jeep Avenger сега ќе помине во финалната фаза за конкурсот за најзначајното признание на WWCOTY, кое ќе биде објавено на 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

Торино, 16 февруари 2023 – Во очекување на првите испораки до клиентите во Европа, Jeep® Avenger, првиот 100% електричен SUV Jeep, доби уште едно признание од специјализираниот печат, освојувајќи ја титулата за  најдобар “Family SUV” во рамките на престижниот конкурс за Женски светски автомобил на годината (WWCOTY) 2023.

Компактниот B-SUV на Jeep е вклучен во палетата на кандидати заедно со уште 12 конкуренти во категоријата “Family SUV” на 13-тото издание на Конкурсот и е прогласен за победник по гласањето на меѓународното жири, составено од специјализирани новинарки од секторот автомобилизам, од 45 земји.

Изјава на Марта Гарсиа, извршна претседателка на WWCOTY

Објавувајќи ја наградата, извршната претседателка на WWCOTY, Марта Гарсиа, изјави: „Мислам дека Jeep Avenger е достоен победник во својата категорија. Од една страна, ја наследува целата легенда за марката Jeep, но истовремено е и 100% електричен. Тоа е посветеност кон иднината што клиентите знаат да ја ценат“. Женскиот светски автомобил на годината е единствениот конкурс во светот за избор на најдобар автомобил, составен исклучиво од новинарки, специјализирани новинарки од секторот автомобилизам. Возилата што се натпреваруваат на конкурсот WWCOTY се оценуваат за извонредност во нивните сегменти. Жирито ги разгледуваат аспектите како што се безбедноста, квалитетот, цената, дизајнот, леснотијата на управување, придобивките и влијанието врз животната околина. Оваа година, работата на жирито беше обележана со еволуција на секторот кон поефикасни и одржливи модели. Avenger го импресионираше жирито со својот „успешен дизајн, одличните теренски способности“ и намаленото влијание врз животната околина.

Изјава на Кристијан Мение, извршен директор на марката Jeep®

“Воодушевени сме и почестени што ова меѓународно жири на новинари од секторот за автомобилизам го избра првото целосно електрично возило на марката Jeep за добитник на оваа голема награда во категоријата Family SUV. Би сакал да им се заблагодарам на припадничките жирито за признанието на нашиот нов SUV, првиот 100% електричен автомобил на Jeep. Jeep Avenger игра значајна улога во нашата глобална стратегија за електрификација, додека марката настојува да стане светски лидер во сегментот на SUV возила со нула емисии. Фактот што Avenger успеа да ја победи жестоката конкуренција во толку збиена категорија на конкурсот WWCOTY е доказ за неговите квалитети.”

Концентрат на слобода

Новиот Jeep Avenger е компактен автомобил во само четири метри должина, позициониран во брзорастечкиот сегмент на B-SUV возила, втор во Европа по обем на продажба. Наменет за активни возачи кои бараат возило со компактни димензии Jeep Avenger нуди просторност и можности за складирање во изобилство. Проектиран и конструиран како Јеер уште од првиот ден, Avenger ја обединува ДНК-та на Jeep во компактен SUV со единствената комбинација на способности, стил, функционалност и технологија. Располага со нова група на електричен погон од 400V  со 115kW и 260 Nm максимален вртежен момент и нова батерија од 54 kWh, располага со електрична автономија која достигнува до 400 km во WLTP циклусот и надминува 550 km во град*.

Воведот на Jeep Avenger во Европа, всушност, го означува почетокот на следната фаза од електрификацијата на Jeep, во која ќе се појават четири целосно електрични возила на пазарот до 2025 година. До крајот на 2030 година, продажбата на Jeep во Европа ќе биде 100% со електрични возила. Претставен на Саемот за автомобили во Париз 2022, Jeep Avenger веднаш доби признание од експертите во секторот: во јануари беше прогласен за Автомобил на годината 2023 во Европа и веќе се продадени 12.000 примерци од отворањето на нарачките до денес за ексклузивната верзија 1st Edition на 1-ви декември 2022 година. На располагање во Италија и со бензински мотор, а од минатиот месец отворени се нарачките за целата гама, која е едноставна и ги нуди сите карактеристики на Avenger почнувајќи од почетното ниво: сите информации се достапни на овој link.

 

Избор за Светски женски автомобил на годината (Women’s World Car of the Year)

Изборот за Светски женски автомобил на годината е единствената награда во светот на автомобилизмот, каде жирито е составено исклучиво од новинарки специјализирани во секторот за автомобилизам. Креација на новинарката од овој сектор Сенди Мајр во 2009 година. Таа моментално е почесна претседателка, додека Марта Гарсиа е извршна претседателка. Оваа награда има за цел да ја истакне улогата на жената во светот на автомобилизмот, како и да ги избере најдобрите автомобили на годината. Критериумите за гласање се засноваат на истите принципи кои го водат секој возач при изборот на автомобил. Селекциите не се „женски“ автомобили, затоа што такви категории не постојат. Аспектите како што се безбедноста, квалитетот, цената, дизајнот, леснотијата на управување, придобивките и влијанието врз животната околина, исто така се земени предвид при доделувањето на оценките.

Марката Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури. Марката Jeep е покана за целосно уживање во животот, преку широката гама на возила, способни да им пренесат на корисниците силно чувство на сигурност за да можат да се соочат со секое патување. Гамата на Jeep се состои од Compass, Gladiator, Grand Cherokee, Renegade и Wrangler. За целата гама на Jeep 4×4 на располагање е Jeep Wave, врвна програма за лојалност и услуги на клиентите полна со ексклузивни придобивки и бенефиции за да им се обезбеди на сопствениците на SUV возилата Jeep максимална помош и посветена 24/7 поддршка на легендарните 4х4 способности на марката Jeep, која е развиена благодарение на одвивањето на глобалниот план за електрификација којшто претставува трансформација на 4xe во нов 4×4, согласно целта на марката за постигнување “Zero Emission Freedom” – Слобода со нула емисии.

* Автономија на електричната гама Jeep® Avenger full electric на kWh/100 km: 15,9; емисии на CO2 g/km: 0.  Вредностите се дефинирани според комбинираниот циклус WLTP, се измерени од производителот на претходни тестови за одобрување и може да подлежат на измени по конечното одобрување. Важно: вредностите на ефективната потрошувачка на електрична енергија може значително да се разликуваат и може да варираат во зависност од условите на користење на возилото и разни фактори како што се: опционалите, фреквенција на електрично полнење во зависност од изминатите километри, надворешната температура, стилот на возење, брзина, вкупна тежина, употреба на одредени функции (климатизација, греење, радио, навигатор, светла итн., типови и состојба на гумите, услови на патишта, надворешни временски услови и слично.  Автономија на гамата Jeep® Avenger full-electric: 392-390 km. Вредностите се дефинирани според комбинираниот циклус WLTP, се измерени од производителот на претходни тестови за одобрување и може да подлежат на измени по конечното одобрување. Важно: ефективната автономија може значително да се разликува и може да варира врз основа на: опционалите, условите на користење на возилото (стил на возење, брзина, вкупна тежина итн., употреба на одредени функции (климатизација, греење и сл., типови  на гуми, услови на патишта, надворешни временски услови). Дополнителни конкретни информации и детални информации за Jeep® Avenger и за различните фактори кои влијаат на електричната автономија ќе бидат објавени на оваа интернет-страница.

Ви треба информација? Разговарајте со нас