Continue

Jeep® Avenger е Автомобил на годината 2023

17 January 2023

  • Jeep® Avenger е првиот модел на марката Jeep кој ја доби престижната титула Автомобил на годината (“Car of the year”), најзначајното признание на европско ниво во автомобилскиот свет, кое оваа година го има своето шеесетто издание.
  • Компактниот B-SUV е избран за најдобар од страна на жирито составено од 57 членови, составено од специјалчизирани новинари од автомобилизмот, претставници од 22 земји.
  • Првиот комплетно електричен SUV на марката Jeep е награден со 328 бодови, 87 бодови повеќе од второпласираниот модел.
  • Проектиран и произведен во Европа, победничкиот SUV, освојувач на наградата, е осмислен со внимателна грижа за потребите на европските корисници.
  • Jeep Avenger е првиот од четирите комплетно електрични автомобили на марката Jeep кои ќе се појават на пазарот до 2025.

 

Торино, 16 јануари 2023 – Jeep® Avenger, првиот SUV 100% електричен Jeep на пазарот, е избран за „Автомобил на годината 2023“. Компактниот B-SUV е првиот автомобил на Jeep што ја освоил оваа престижна награда во 60-годишната историја на конкурсот. Avenger се најде пред останатите шест автомобили финалисти: Kia Niro, Nissan Ariya, PEUGEOT 408, Renault Austral, Subaru Solterra/Toyota bZ4X и Volkswagen ID Buzz – и беше прогласен за победник од независното жири, составено од 57 специјализирани новинари од 22 земји. Avenger освои 328 бодови и доби 21 најдобра оценка, со разлика од 87 бодови од второпласираниот. И со исклучок на една земја, Avenger секаде се најде на највисокото место на подиумот. Резултатот беше објавен на церемонијата на Саемот за автомобили во Брисел во Белгија во петокот на 13 јануари..

 

Изјавата на Søren W. Rasmussen, новиот претседател на жирито на Car Of The Year

“Jeep Avenger заслужено ја освои титулата Автомобил на годината. Убедливо го отсликува времето во кое навлезе автомобилскиот свет и со својот дизајн зрачи со големата промена со која се соочува Jeep. Jeep Avenger е вистински Европеец и има толку многу добри карактеристики што жирито е презадоволно и го награди со титулата Автомобил на годината 2023. Честитки!”

 

Изјавата на Алберто Сабатини, потпретседател на организацијата Car Of The Year

“Jeep Avenger се покажа како совршена комбинација за повеќе намени: компактен и агилен за градско возење, има доволно сила и вртежен момент за да се справи со секаков вид на пат и добра автономија дури и за патувања на среднодолги дестинации. Иако е долг само 4,08 метри, внатре има многу простор. Тоа е комплетен автомобил, а не градски автомобил. Но, пред сè, има убиствен дизајн“, рече Алберто Сабатини, потпретседател на организацијата „Автомобил на годината“.

 

Изјавата на Кристијан Мение, извршен директор на  марката Jeep

“Почестени сме и горди што ова авторитетно жири составено од европски автомобилски експерти го избра првиот целосно електричен SUV на марката Jeep за Автомобил на годината“ – изјави Кристијан Мение, извршен директор на марката Jeep – „Ова е прв пат марката Jeep да има свој модел меѓу финалистите на овој конкурс, и веднаш триумфираше, а со тоа ја покажа важноста на Jeep Avenger како клучна компонента на нашата глобална стратегија за електрификација, бидејќи марката е на пат  да стане глобален лидер на SUV со нула емисии. Честитки за сите останати финалисти, во оваа многу тешка конкуренција”.

 

Изјавата на Антонела Бруно, директор на марката Jeep во Европа

“Avenger ја потврдува посветеноста на Jeep на европскиот пазар и електрификацијата. Претставува значаен чекор во електричната еволуција на марката Jeep во Европа, првиот модел во портфолиото на SUV способни да ја искажат легендарната способност на Jeep, со нула емисии и со идеални карактеристики за европскиот пазар”.

 

Концентрат на слобода

Воведот на Jeep Avenger во Европа, всушност, го означува почетокот на следната фаза од електрификацијата на Jeep, во која ќе се појават четири целосно електрични возила на пазарот до 2025 година. До крајот на 2030 година, продажбата на европскиот Jeep ќе биде 100 проценти чисто електрични возила. Новиот Avenger е компактен SUV кој ја сумира ДНК-та на Jeep во должина од четири метри и е позициониран во брзорастечкиот сегмент на B-SUV, втор во Европа по обем на продажба. Avenger нуди типични перформанси на Jeep во компактен формат за да гарантира максимално спокојство во сите услови. Тоа е всушност првиот Jeep SUV со погон на предните тркала, со стандардна опрема каде спаѓаат  системите Selec-Terrain® и Hill Descent Control, кои заедно со исклучителните агли на влез (20°) и прекршување (32°) и поминување низ вода ( 200 mm ), носи извонредни нивоа на теренски способности во сегментот. Агилен, способен на и надвор од патот и пријатен за возење, гарантира динамични перформанси благодарение на неговиот инстантен вртежен момент и се издвојува по својата тивкост. Новиот SUV е наменет за активни луѓе кои бараат возило со компактни димензии и врвни технолошки карактеристики: поседува нов електричен погон кој комбинира ексклузивен електричен мотор од 400V  со 115kW и 260 Nm максимален вртежен момент и нова батерија од 54 kWh. Електричната автономија достигнува до 400 km во WLTP циклусот и надминува 550 km во град*.

 

Од успех на Саемот до успех во продажбата

Претставен на 17 октомври на Саемот за автомобили во Париз, Jeep Avenger веднаш предизвика огромен интерес и многу поволни коментари. Аплаузот на критиката набрзо беше потврден со интензивниот интерес на купувачите. За помалку од 3 месеци од отворањето на можноста за резервации за ексклузивната верзија 1st Edition на дел од пазарите во Западна Европа, целосно опремена верзија за лансирање на моделот, продадени се над 8.000 автомобили, од кои 60% надвор од Италија.

 

Марката Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури. Марката Jeep е покана за целосно уживање во животот, преку широката гама на возила, способни да им пренесат на корисниците силно чувство на сигурност за да можат да се соочат со секое патување. Гамата на Jeep се состои од Compass, Gladiator, Grand Cherokee, Renegade и Wrangler. За целата гама на Jeep 4×4 на располагање е Jeep Wave, врвна програма за лојалност и услуги на клиентите полна со ексклузивни придобивки и бенефиции за да им се обезбеди на сопствениците на SUV возилата Jeep максимална помош и посветена 24/7 поддршка на легендарните 4х4 способности на марката Jeep, која е развиена благодарение на одвивањето на глобалниот план за електрификација којшто претставува трансформација на 4xe во нов 4×4, согласно целта на марката за постигнување “Zero Emission Freedom” – Слобода со нула емисии.

* потрошувачка на електрична енергија Jeep® Avenger комплетната електрична гама kWh/100 km: 15,9; Емисии на CO2 g/km: 0. Вредности дефинирани според комбинираниот WLTP циклус, измерени од производителот со прелиминарни тестови за одобрување и кои може да бидат предмет на промени по конечната хомологација. Посочените вредности се дадени за споредбени цели. Важно: вредностите на реалната потрошувачка на електрична енергија може значително да се варираат и може да се разликуваат во зависност од условите на користење и различни фактори како што се: опционали, фреквенција на електрично полнење во однос на изминати километри, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина, употреба на одредени функции (клима-уред, греење, радио, навигатор, светла, итн., типови и услови на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.). Автономија на комплетната електрична гама на Jeep® Avenger: 392-390 km. Вредности дефинирани според комбинираниот WLTP циклус, мерено од производителот со прелиминарни тестови за одобрување и кои може да бидат предмет на промени по конечната хомологација. Важно: реалната автономија може значително да варира и може да се разликува во зависност од: опционалите, условите на користење на возилото (стил на возење, брзина, вкупна тежина итн., употреба на одредени функции како клима-уред, греење или итн., типови на гуми, услови на пат, надворешни временски услови). Конкретни и детални информации за Jeep® Avenger и различните фактори кои влијаат на електричната автономија ќе бидат дополнително објавени.

Ви треба информација? Разговарајте со нас