Continue

“Jeep® 100% electrified freedom” за иднина со нула емисии

14 March 2022

Започнува настанот на кој Jeep® го илустрира својот премин кон електрификација со нула емисии “Zero Emission Freedom”.

Новите Compass & Renegade e-Hybrid, како модели 4xe, нудат автентично доживување на хибридно возење.

Дебитира верзијата Upland за уште поодржливо возење.

Партнер на media drive: Free2move eSolutions и

Медиумската акција „100% Electrified Freedom“ (100% Електрифицирана слобода) која се одржува овие денови е настан кој им овозможува на меѓународните медиуми да се запознаат и да ги пробаат Jeep® Compass и Renegade опремени со новата технологија e-Hybrid и моделите 4xe. Ова се првите чекори во стратегијата за електрификација на марката Jeep за да се постигне најкомплетната “Zero Emission Freedom” (Слобода со нула емисии). Силата која произлегува од нејзината легендарна историја, кована низ осумдесетте години на примат и иновации, марката ја води до ниво кое досега не било постигнато, до нова идеја за мобилност којашто е во состојба дополнително да ги зајакне нејзините вредности за едноставна употреба, удобност и забава, возење, економичност, почит кон околината, високи перформанси, безбедност во сите услови и авантуристички дух.

Победнички пристап кој веднаш беше награден од корисниците, доволно е да се каже дека во 2021 година во Европа, еден од четири продадени SUV Jeep беше 4x. Значајна бројка која се подобри во првите два месеци од 2022 година и која порасна на 1 од 3 во првите два месеци од годината. И во Италија JEEP стана лидер на LEV, односно на сите автомобили „со приклучок“ – BEV и PHEV.

Ова е најдобриот приказ за зголеменото внимание кон одржливата мобилност, дури и кај љубителите на теренски возила со потпис Jeep. За нив, всушност, почнувајќи од истите автомобили, се развиени технологиите 4xe и e-Hybrid, две различни и комплементарни наличја на истата монета, за да се задоволат различните потреби.

Местото на настанот е сугестивната Casa Format, кој се наоѓа во близина на Торино, мултифункционален простор кој пренесува етички вредности и грижа за животната околина: електричната енергија се произведува благодарение на фотоволтаички систем и соларни панели, а мебелот и додатоците се направени со особено внимание кон животната околина.

SUV Jeep e-Hybrid: автентично доживување со хибридно возење

Благодарение на новиот погонски систем e-Hybrid, Renegade и Compass нудат сосем нова алтернатива во сегментот со погон на две тркала. Корисниците, всушност, можат да ги задржат своите возачки навики непроменети и да уживаат во вистинско хибридно доживување, со можност за движење во целосно електричен режим, маневрирање и движење со мала брзина, благодарение на “EV capabilities”.

Да погледнеме конкретно како овие функции интервенираат во секојдневната употреба. Како прво, откако ќе се седнете зад воланот, благодарение на Silent Start (Тивкиот старт), моторот стартува и автомобилот се придвижува целосно електрично во потполна тишина. Но, ова е само една од „EV“функциите што Renegade и Compass e-Hybrid ги активираат автоматски. Тука е и Energy Recovery којашто се активира за да ја врати изгубената енергија за време на фазите на забавување или кочење. Во првиот случај, штом ќе се ослободи педалот за гас, интервенира режимот e-Coasting кој го репродуцира чувството на моторна сопирачка. При кочење пак, се активира функцијата e-Braking, со што се зголемува повратената енергија. Исто така, на инструмент-таблата се прикажуваат вредностите на повратена и испорачана електрична енергија; додека, пак на екранот на допир од системот за информирање и забава, може да се прегледува текот на енергија на хибридниот систем. Во сите овие фази на возење, топлинскиот мотор е згаснат и е исклучен од преносот.

Возачкото доживување со SUV Jeep e-Hybrid продолжува. Како и секогаш по застанување, автомобилот се рестартира само со електричниот мотор, благодарение на функцијата e-Launch; но кога ќе се притисне педалот за гас, барајќи повеќе перформанси, топлинскиот мотор тивко се пали, автоматски префрлувајќи се на хибридно возење. А, доколку се движиме во колона со мала брзина, како што често се случува во градскиот сообраќај, стапува во функција режимот e-Queuing, кој овозможува системот „Stop&Go“ на автомобилот да работи во целосно електричен режим, а режимот e-Creeping за прогресивно стартување со исклучен мотор, едноставно со отпуштање на педалот на кочницата.

A, штом се излезе од градскиот сообраќај и се зголеми брзината, можно е да се оптимизира работната точка на топлинскиот мотор (Load Point Shift) со калибрирање на вртежниот момент, погонски или при кочење, испорачан од електричниот мотор. Крајниот резултат е дополнително зголемување на ефикасноста на системот. Понатаму, за време на забрзувањето, функцијата e-Boosting ја подобрува реакцијата, така што електричниот мотор го поддржува бензинскиот со зголемување на вртежниот момент до тркалата. Патувањето со Jeep Compass и Renegade e-Hybrid стигнува до својата дестинација: паркирањето е олеснето со функцијата e-Parking која овозможува да се извршат потребните маневри „чисто електрично“, дури и во движење наназад, што ги прави практични, тивки и со „нула емисии“ дури и кога се користи системот за автоматско паркирање.

Перформанси и забава: возачкото доживување зад воланот на SUV Jeep 4xe

Благодарение на Plug-In Hybrid технологијата, моделите 4xe Compass, Renegade и Wrangler се најперформативните и најзабавните за возење SUV Jeep досега, во состојба, буквално, „да одат секаде и да прават сè“, согласно добро познатото мото „Оди каде и да е, прави што и да е“. Истовремено, тие се идеални автомобили за секојдневно возење низ град, бидејќи plug-in хибридната технологија овозможува возење со нула емисии на CO2 со автономија од околу 50 km во целосно електричен режим. Според тоа, кај SUV Jeep 4xe, забавата станува вистинска, а легендарните теренски капацитети на Jeep се во рамнотежа на уживањето во возењето и поголемо внимание кон околината.

При стартување и двата модели се „стандардни“ хибриди, за да се обезбеди максимална едноставност на користење и максимална ефикасност на работење на каков и да е терен. Кога се вози во град, 100% електричниот режим овозможува возење со нула емисии, а само со електричен мотор се обезбедува погон на задните тркала. Автономијата е околу 50 километри, затоа е совршен за повеќето градски начиони на возење, додека емисиите во комбинираниот циклус WLTP се помалку од 50 g/km CO2. Сето тоа е уште поинтересно поради леснотијата со која се полни моторот: полнењето на батеријата трае околу час и половина. Но, Renegade и Compass 4xe Plug-In Hybrid секако не забораваат дека тие се незапирливи теренци на Jeep. Кога патеката станува напорна и бара поголема погонска сила, се активираат двата погонски системи на двете оски, подобрувајќи ги off-road функциите координитани од системот Select Terrain, придружен со режимите за електрифицирано возење 4×4. Треба да се нагласи дека технологијата 4xe обезбедува супериорна способност во однос на традиционалната 4×4: електричниот мотор нуди вртежен момент од 250 Nm испорачан речиси моментално и овозможува максимална погонска сила и контрола на вртежниот момент дури и при мала брзина.

Дебитира верзијата Upland за уште поодржлива мобилност

На media drive се наоѓа комплетната гама 4xe и e-Hybrid на Compass и Renegade во различни нивоа на опременост, вклучувајќи го и новото Upland – специјалното издание кое ја претставува конкретната посветеност на марката Jeep кон одржливоста (повеќе информации на овој link) – како и врвната верзија S која, кај Renegade, која се карактеризира со ексклузивни двобојни алуминиумски тркала, обоени надворешни обработки и систем за автоматско паркирање; кај Compass стандардната опрема вклучува 19”тркала во сјајна црна боја, браници во боја на каросеријата, црн кров, автоматска задна врата и седишта во кожа и електрично прилагодување на возачкото седиште. Сите автомобили нудат разновидно и релаксирачко возење, што е уште побезбедно со широката гама на напредни системи за помош на возачот со кои се опремени. Заедничко е прилагодувањето на автоматски менувач, кој го подобрува комфорот при возење во град и на долги патувања, како и целосната безбедносна опрема што ги става на врвот во нивните сегменти. Меѓу другото, Compass е првиот модел на Jeep во Европа кој достигна ниво 2 на автономно возење, благодарение на Highway Assist – системот за помош на автопат кој ги комбинира функциите на Adaptive Cruise Control – Адаптивен темпомат и Lane Centering – Одржување во коловозна лента. Конечно, двата модели ја имаат најновата генерација на Uconnect Services, која овозможува да се контролираат функциите на возилото за време на возењето, како и со далечинско управување преку користење на мобилната апликација My Uconnect.

Автентични додатоци на Jeep обезбедени од Mopar и Jeep Performance Parts 

Jeep Renegade и Compass 4xe и e-Hybrid SUV може да се перснализираат преку широката гама на автентични додатоци на Jeep, обезбедени од Mopar® и Jeep Performance Parts. Сè на сè, додатоците се дизајнирани за да ја подобрат двојната душа на Jeep, Urban и Off-road, се над 150 за Renegade и околу 90 за Compass. Некои од нив се монтирани на SUV возилата претставени на настанот на Jeep, како што се налепницата на хаубата, висококвалитетните патосници прилагодени на патосницата во багажникот, праговите на вратите со логото на Jeep, сатенските сиви капачиња на вентилите со Jeep логото, практичната мрежа за предмети со велкро, организерот на багажникот со телескопска шипка за подобра организација и придржување на багажот. Многу од нив може да се најдат на Jeep Renegade во резеда Bikini боја, со привлечните алуминиумски тркала од 17“, и на Jeep Compass двобојната бела Alpine боја на каросеријата со црн кров.

Free2move eSolutions

Станиците за полнење на медиумскиот настан се обезбедени од Free2move eSolutions, чија цел е да стане лидер во дизајнот, развојот, производството и дистрибуцијата на производи за електрична мобилност. Со иновативен дух и во улога на пионер, компанијата има намера да ја води транзицијата кон нови форми на електрична мобилност, да придонесе за намалување на емисиите на CO2, со комплетна понуда на производи и услуги кои се движат од easyWallbox (практичниот станица plug&play уреди за полнење за домашна употреба) до ePro (за професионална употреба), од ePublic (совршена за флоти или паркиралишта) до многу удобната понуда за полнење „во движење“, со која е можно да се надополнува батеријата на возилата во над 260 илјади  станици низ Европа.

Марката Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури.

Марката Jeep е еден вид покана за целосно уживање во животот, преку широкото портфолио на SUV и пик-ап возила кои се во состојба да им пренесат на корисниците силно чувство на безбедност за да можат да се справат со предизвиците при секое патување. Во Италија, гамата на Jeep се состои од Renegade, Renegade 4xe, Renegade e-Hybrid; Compass, Compass 4xe, Compass e-Hybrid; Wrangler 4xe и Gladiator, на кои нешто подоцна,им се придружи и Grand Cherokee 4xe.

Легендарните теренски способности на марката Jeep се развиваат благодарение на развојот на глобален план за електрификација на марката, при што 4xe се претвори во нов 4×4, за да се достигне целта „Слобода со нула емисии“, пренесувајќи ги истите вредности и историјата на Jeep кон нула емисии.

Сопствениците на Jeep се чувствуваат и отсекогаш се чувствувале како дел од група ентузијасти и страсни вљубеници во слободното движење.

Поради оваа причина, целата гама е достапна бесплатно на Jeep Wave (создаден од гестот со кој сопствениците на Jeep се поздравуваат кога ќе се сретнат на улица во САД), врвна програма за лојалност и услуги на корисниците, која изобилува со ексклузивни предности и придобивки што им се пружени на сопствениците на Јеер со цел да добијат максимална помош и посветена поддршка 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Ви треба информација? Разговарајте со нас