Continue

Вести

Jeep на Парко дел Валентино 2019

14 June 2019

На торинската модна писта своето меѓународно претставување ќе го има Новиот Jeep® Renegade Hybrid Plug-in на Парадата на претседателите.
На штандот ќе бидат изложени двата новитети Hybrid Plug-in (PHEV), новиот Jeep Renegade и Jeep Compass.
Технологијата PHEV ги подобрува теренските перформанси така што ја користи максималната моќност за време на фазата на поаѓање и го подига квалитетот на секојдневното возење.
Комбинираното дејствување на двата мотори, термичкиот и електричниот, достигнува и до 240 КC.

2019 за Jeep® е година на еволуција верна на вредностите кои отсекогаш го карактеризираат брендот Jeep® а, дополнителна потврда за тоа е и претставувањето на Саемот на автомобили во Торино: на Парко дел Валентино, каде јавноста ќе може да се воодушевува на новите Renegade и Compass co технологија hybrid plug-in слушајќи го звукот на природата. Ете зошто сценографијата на главниот градски парк во Торино станува идеално место за проценка на двата модели.

Меѓународно претставување на пат за Новиот Jeep® Renegade Hybrid Plug-in
Торинската средба го означува апсолутното деби ба пат на Renegade co хибридна технологија plug-in. Новиот SUV ќе тргне од плоштадот Виторио Венето и низ градските улици ќе може да го гледа јавноста и да се увери во неговата невообичаена тивкост. Renegade, а и Compass, извонредно ја заштитува околината со издувни емисии на CO2 пониски од 50g/km и е забавен за возење, благодарение на брзиот одговор и на „течното“ забрзување. И двата модели се опремени со хибриден мотор plug-in, опремен со батерии на полнење како и со термички оддел и со приклучок за струја. батериите имаат капацитет за складирање голема количина на електрична енергија. Ваквиот избор овозможува вградување на моќни мотори за автономија на движење само со електрична енергија, како за Renegade така и за Compass, од околу 50 километри и максимална брзина од околу 130 km/h, со електричен мотор. Електричниот компонент работи во синергија со новите бензински турбо мотори од 1300 cm3, зголемувајќи ја вкупната ефикасност и моќност. Комнбинираното дејство на двата мотори, термичкиот и електричниот испорачува до 240 КС.

Предноста на хибридот на отворено
Пред сè и благодарение на електрификацијата, гамата Jeep дополнително ја подобрува својата легендарна способност, благодарение на зголемената погонска сила обезбедена од електричниот мотор и можноста истата да се регулира со исклучителна прецизност при додавање на гас и при најизискувачкото теренско возење, кога е потребен многу низок сооднос на трансмисија. Co новата технологија на интегрален електричен погон (eAWD), погонот од задната осовина не се пренесува преку трансимисионата оска туку преку соодветниот електричен мотор. Ова овозможува да се одделат двете осовини и да се управува со добиената моќност на независен и подобар начин во однос на механичкиот систем.