Continue

Вести

Jeep® и Јувентус заедно го прославуваат триколорот 2019-2020

29 July 2020

Црно-белата екипа продолжува да го подобрува сопствениот рекорд со освојувањето на дететтата титула едноподруго уште на две кола пред крајот на шампионатот: за да ја прослави титулата, марката Jeep® лансираше новитет којшто се разликува по pay off “И понатаму шампиони” и со хаштагот #Stron9er

Постојат два начини да да се равие и утврди сигурноста: преку промената и преку продолжувањето. Тоа во краток рок го потврдија марката Jeep® и Јувентус кои преку конкретен пример ги потврдија овие два различни критериуми. Брендот на кој се должи раѓањето на концептот Sport Utility Vehicle ги претстави новите SUV Renegade 4xe и Compass 4xe опремени со иновативнатахибридна технологија plug-in: електрификација без компромиси која се интегрира со неспоредливите технички содржини на Jeep и обезбедува примат на секаков тип на терен, истовремено гарантирајќи намалено загадување на околината. Перформанси каки и отсекогаш, значи, во насока на новата екотехнолошка насока.

Јувентус, пак, е шампион во низа и чекори по единствената патека која ја познава: патека на победата. Црно-белата екипа повторно е првак во Фудбалскиот шампионат, Серија А TIM 2019-2020, подобрувајќи се себеси и воспоставувајќи нов рекорд во националната историја на овој спорт. Црно-белата формација повторно ги надмина границите, покажувајќи ја уште еднаш наклонетоста кон марката Jeep која ја придружува на нејзиниот пат на успеси во сезоната 2012-2013 во својство на Официјален спонзор.

За да ја прослави титулата, марката Јеер воведува нова креација со нејзин потпис, која се карактеризира со pay off “И понатаму шампиони”. Порака на кампањата со која се прославува победата во шампионатот и лансирањето на новите Jeep Renegade и Compass 4xe, првите SUV plug-in hybrid на марката Jeep.

Дури и во оваа прилично тешка спортска година, според тоа, победничката комбинација помеѓу Jеер и Јувентус, која е создадена и напредува во името на заедничките вредности како што се автентичноста, страста, доведе до освојување на шеснаесет титули како во првенството, така и во Купот на Италија, Суперкупот на Италија во осум сезони, со што испиша незаборавни страници во историјата на италијанскиот фудбал. Покрај приматот на последователни титули, всушност, екипата на Јувентус беше првиот тим кој стигна до 1600 победи во Серија А, а еден од неговите најпретставителни играчи, Џанлуиџи Буфон, го постави апсолутниот рекорд за настапи во италијанската лига (648).