Continue

Вести

Jeep® во Прага прославува 115 години на Harley-Davidson®

06 July 2018

Двата бренда кои споделуваат страст, слобода и чувство за припадност, ќе бидат во Прага од 5 до 8 јули за да бидат дел од најзначајниот интернационален настан во годината за Harley-Davidson® .

Јавноста ќе може да ужива во новиот Jeep® Cherokee, еволуција на SUV Jeep кој што покажува подновен стил, еволутивна конективност, сигурност и технологија на врвот во категоријата.

Ќе има можност и за пробно возење на новиот Jeep Wrangler, кој останува неприкосновен лидер off road, но и апсолутен протагонист низ градските улици, којшто ќе ја отвори спектакуларната парада, како врв  на прославите.

Тука ќе биде и новиот Renegade MY19 кој ја донесува иновативната гама на бензински турбо моторимаксимална ефикасност во потрошувачката и извонредни перформанси како на пат така и на терен. Изложен е и еден примерок со бројни додатоци од богатиот каталог потпишан од Mopar®.

На просторот наменет за Jeep®/Touring Zone ќе може да се доживее автентичното искуство Jeep co test drive со препреки, на истиот простор каде ќе има патека со ископини.

Трите изложени Wrangler се победници на CUSTOM COUSINS, натпревар на H.O.G. e J.O.G. заедниците

Марката Jeep® е веднаш до Harley-Davidson на главниот настан на годината кој ќе се одржи на сцената во Прага од 5 до 8 јули. Четири исклучителни денови за прослава на 115-иот роденден на легендарниот производител на моторцикли со ѕвезди и ленти.
Jeep и Harley-Davidson се синоним за патување каде маршрутата е поважна од целта и споделуваат основни вредности како што се страста, слободата и чувството на припадност. Токму поради ова, јавноста и harleysti кои ќе дојдат во Република Чешка ќе можат да уживаат во неколку модели од богатата гама на SUV Jeep, најнаградувата гама на сите времиња, трите големи новости од годинава: новиот Cherokee, новиот Wrangler и новиот Renegade MY19. Тука ќе бидат и Jeep Compass и Jeep Grand Cherokee, како и верзијата Trailhawk, која ги нуди најдобрите способности off road и сиот комфор на најопремениот Sport Utility.