Continue

Вести

Eлектрификација и формација, извонредност на фабриката на FCA во Мелфи за новото европско производство на Jeep® Compass и хибриден plug-in

29 November 2019

 

  • Продолжува процесот на електрификација на гамата FCA, започнати се првите тестови на новата линија наменета за Jeep® Compass, и во верзија на хибриден plug-in, во луканската фабрика која годинава го прославува 25иот роденден.
  • Гордост на фабриката во Мелфи е формацијата на персоналот во “Plant Academy”, апсолутна иновација за вреднување на идеите и талентите во реализација на стратеијата за електрификација на  FCA и за споделување на best practice со останатите фабрики на Групацијата.
  • Од првиот триместар следната година ќе започне производството на Jeep Compass кое ќе биде проследено со иновативна моторизација со хибриден plug-in како за Compass така и за Renegade, за да одговори брзо на барањата на европскиот пазар.
  • Така, закован е уште еден клинец кон остварувањето на инвестицискиот план на FCA 2019-2021 за Италија, објавен минатиот ноември, со кој Групацијата ќе се соочи со нови предизвици во наредните години на полето на општата стратегија: не само да се електрифицира гамата за секој бренд, туку и да се координираат сите активности поврзани со автомобилската електрика, благодарение на креацијата на установата e-Mobility.
  • Co доаѓањето на новиот хибриден plug-in, Jeep Compass се има намера да се надмине рекордот од 2018 со преку 78.000 новорегистрирани возила во регионот EMEA потврдувајќи се како најпродаван модел  на Jeep во Европа.

Симболичен мост помеѓу минатото и иднината со кој се прославија 25те години од постоењето на фабриката во Мелфи  и почетокот на првите тестови на новата линија за Jeep® Compass наменета за европските пазари. Големиот успех на моделот, лансиран во 2016, кој отпрвин се произведуваше во Мексико, за Европа, овозможи производството да се пренесе директно во Италија и со иновативниот хибриден plug-in мотор, во фабриката во Мелфи во Базиликата, каде од 1994 се произведоа преку 7,4 милиони возила.

Во линија со програмата за инвестиции од 5 милијарди евра кои FCA ги објави за Италија, станува збор за важен чекор напред во еволуцијата на брендот кои ги издигнува како својата вокација за технолошка иновација, така и извонредноста на италијанската фабрика, една од најиновативните на глобално ниво која во 2014 е избрана за местото на реализација на првиот B-SUV на брендот: Jeep Renegade (co 900.000 возила од почетокот на производството во Мелфи). Инаку,  производството на Jeep Compass во Јужна Италија, кое ќе започне во првиот триместар наредната година за продажба во Европа, а ќе продолжи со производството на хибридните plug-in како за Compass така и за Renegade, ќе овозможи брзо да се одговори на потребите на клиентите и на динамичноста на пазарот.
Треба да се запомни дека производството на Jeep Compass е дел од инвестициски план којшто е многу широк, и опфаќа воведување на тотално нови 13 модели или темелно подновени и почеток на план за електрификација на понудата, со воведување во гамата на 12 електрични верзии на новите модели или на веќе постоечките, поточно хибридните верзии plug-in на Compass и Renegade ќе се произведуваат во фабриката во Мелфи, додека пак Торино ќе биде местото на производство на новиот Fiat 500 со електрично напојување и на автомобилите Maserati со системи со електричен хибриден мотор и на батерија  (последниве произведувани во Модена). Објавени се и производствата на Ducato Electric и на новата  Alfa Romeo Tonale, и двата модели во италијанските фабрики.

Во 2015, токму во приликата кога се произведе Renegade, во фабриката во Мелфи беше сместена и “Plant Academy”, извор на идеи и експериментирање, преку кои и “фабриката на таленти” посветена на развојот на способностите на луѓето. Значаен придонес во стратегијата за електрификација на  FCA, виртуозен пример кој го следат и останатите фабрики на  FCA каде се поставија сруги Plant Academy. Затоа е природно да се мисли дека индустријата  во Базиликата за производството на Renegade и Compass, со хибриден plug-in во регионот EMEA, се првите хибридни верзии plug-in на марката, со кои се пишува ново поглавје во нејзината славна истрија, останувајќи притоа верна на основните вредности: слобода, авантура, автентичност и страст.

Освен логистичките причини, изборот на италијанската фабрика се заснова на споделените вредности, како што се постојаната потрага по извонредно обучен и конструктивен персонал и најсофистицирана технолошка иновација. Тоа се истите карактеристики кои ги среќаваме како во Фабриката во Мелфи – така и на Compass кој, благодарение на иновативниот хибриден plug-in, го игра својот натпревар во најголемиот сегмент во брз пораст, оној на компактни SUV возила: денес во Европа претставува 45% од вкупнот пазар на SUV, и се предвидува дека ќе надмине 2.5 милиони продадени возила.

Се произведува во Мексико, Бразил и сега веќе и во Италија, Jeep Compass, силен и во новата верзија на струја со што навистина претставува глобален модел во силна врска со регионот EMEA и пред сè со Европа – при лансирањето во 2017 беше првиот Jeep осмислен за патиштата на Стариот континент . Во тој контекст е и протагонист кој во 2018 оствари продажба од 78.000 возила во EMEA, еднакво на преку 40% вкупен обем на продажба на Jeep, и, заедно со Renegade, беше најпродаваниот модел на брендот во Европа. Инаку, во Италија оваа година моделот се потврдува на врвот на премиум делот во сегментот: денес еден 4×4 од вкупно три продадени во Италија во сегментот C-SUV е Compass, а со новиот хибриден plug-in е подготвен да го надмине и овој примат.

Јасно е зошто Jeep Compass игра стратешка улога за марката Jeep и е затоа брендот продолжува да му доделува значајни инвестиции, како што покажува скорешното лансирање на незапирливата верзија Trailhawk, C-SUV со најдобри  off-road перформанси од кога и да е, и е зачетник на идна верзија на хибриден plug-in која ќе внесе новини во концептот на SUV. Пристигнувањето на Compass во Мелфи означува чекор напред во оваа насока, притоа истакнувајќи ја извонредноста на италијанската фабрика. И токму тука е создаден Jeep Renegade, првиот B-SUV Jeep кој значително придонесе во неверојатниот раст на брендот во рамките на EMEA во последните пет години, и тоа од 330%.

Сето ова е дел од генералната стратегија на FCA: не само да се електрифицира гамата според плановите на секој бренд одделно но, со креацијата на одделот за e-Mobility, да се координираат сите активности кои се поврзани со електричната мобилност што ќе им донесе на клиентите поволности во мобилноста, затоа што за да им се овозможи на клиентите секојдневно и без проблеми да ги користат електричните автомобили треба да се создаде функционален екосистем за нивна употреба – соодветен и издржлив – за да му се понуди на клиентот сè она што му е потребно за да избере електричен автомобил. И потпишувајќи (како што го правеше тоа во изминатите недели) цела серија договори со различни партнери како што е на пример, Enel X, Engie, Terna, Transatel, Lexis Nexis и Generali. Целта е: да му се овозможи на клиентот употреба на возилото без да се грижи за комплетната серија од услуги откако ќе купи електричен автомобил, најсоодветен за неговите потреби.

Plant Academy: иднината е во фабриката на таленти и на идеи, кон електрификација
Дваесет и пет години заеднички, интензивен живот, во постојана потрага по подобрување. Мелфи никогаш не запира  и секој ден гледа кон иднината, што значи нови модели, иновација, развој и електрификација. Иднина која преминува од Plant Academy, создадена во 2015 во рамките на фабриката и значајна етапа кон достигнување на целта “Industry 4.0”. Станува збор за извор на идеи и експериментирање, преку кои “фабриката на таленти” односно вниманието посветено на развојот на потенцијалот на персоналот, која е создадена за подобрување на севкупната конкурентност на фабриката: економска одржливост, квалитет на производот и способност за создавање на иновации.

Compass, il SUV Jeep наменет за најголемиот и сегментот со најбрз раст во светот
Лансиран во 2017 и скоро подновен со моторите Euro 6D, Compass е токму оној SUV Jeep кој ги поседува историските capability off road на американската марка како и извонредната динамика на возење и современ дизајн во автентичен стил на Jeep, со богата технолошка опрема за безбедност и поврзување. Надворешниот дизајн на Jeep Compass не поминува незабележан благодарение на извонредната рамнотежа помеѓу динамичката линија и пропорциите кои се претопуваат во иновативна естетика. Ова е автентичен Jeep: ги содржи елементите на дизајнот кои припаѓаат на традицијата на марката како што се трапезоидните поткрила и предната решетка со седум реда, вметнати во црна сјајна рамка. Тоа е автентичен SUV Jeep пред сè благодарение на теренските способности, единствени во категоријата, гарантирани од двата напредни  и интелигентни системи 4×4: Jeep Active Drive и Jeep Active Drive Low. Секој од системите е во состојба да ја испорача соодветната моќност на кое и да е тркало, а и двата се опремени со уредот Jeep Selec-Terrain кој нуди различни начини на водење (Auto, Snow, Sand и Mud, преку ексклузивниот начин Rock специфичен за верзијата Trailhawk) за да гарантира максимални перформанси 4×4 на која и да е површина, на пат и на терен, и во какви и да е временски услови.
Помеѓу новитетите на гамата 2019 се истакнуваат два нови надворешни изгледи Sting Grey и новите дизел и бензински мотори со хомологација Euro 6D.  Compass 2019 се нуди во три нивоа на опременост (Longitude, Limited и Trailhawk) и во две нови верзии на специјалното издание: спортска и поинаква “S” и ексклузивната “Night Eagle”, кои многу го олеснуваат изборот на изгледот и опремата на сопствено возило. Инаку,  на сите сериски верзии се вградени најнапредните системи за информирање и забава, поаѓајќи од нивото на опременост Longitude, каде е предложено ново радио со 7″ екран и со Apple Car Play/Android Auto (заедно со автоматскиот двозонски клима уред и со алуминиумските тркала од 17″), додека пак системот радио UconnectTM 8,4″ NAV со Apple CarPlay/Android AutoTM е на располагање по барање на нивото на опременост Longitude и е восерија на Limited.
Но, можноста за персонализација не завршува тука: клиентите може да одберат помеѓу седумте различни комбинации на мотори, меѓи кои два се бензински и два дизел, како и двете трансмисии, едната автоматска со девет брзини, а другата мануелна со шест брзини. Станува збор за моторите MultiAir2 Turbo 1.4 со Start&Stop кој испорачува моќност од 140 КC при 5000 вртежи/минута и 230 Nm максимален вртежен момент при 1750 вртежи, со соодветен мануелен менувач со шест брзини и конфигурација 4×2, и моторот MultiAir2 Turbo 1.4 со 170 КС при 5500 вртежи во минута, и 250 Nm максимален вртежен момент  при 2500 вртежи/минута, со автоматска трансмисија со девет брзини и конфигурација 4×4. На бензинските опции се придодава гамата на дизел мотори  која опфаќа MultiJet II 1.6 со Start&Stop кој испорачува 120 КС при 3750 вртежи/минута и 320 Nm максимален вртежен момент при 1750 вртежи/минута, со прилагоден мануелен менувач со шест брзини и конфигурација 4×2, и моторот MultiJet II 2.0 со Start&Stop и 140 КC моќност при  4000 вртежи/минута (доколку располага со автоматски менувач со девет брзини) или 140 КC при a 3750 вртежи/минута (co манелен менувач со шест брзини). И двата произведуваат максимален вртежен момент од 350 Nm при 1750 вртежи/минута и се на располагање само во конфигурација 4×4. Верзијата на најмоќен мотор е MultiJet II 2.0 со Start&Stop, во состојба да испорача 170 КC со моќност од 380 Nm максимален вртежен момент и автоматски менувач со девет брзини со конфигурација 4×4 (вклучувајќи го и начинот со намалени брзини со ексклузивното ниво на опременост Trailhawk), заедно  со семејството на дизел мотори на Compass. Конечно, актуелната гама на Compass вклучува и бензински мотор Tigershark 2.4 MultiAir2 со 184 КC при 6400 вртежи/минута  и 237 Nm максимален вртежен момент, на располагање само на пазарите надвор од Европската Унија (Русија, Африка, Средниот Исток), преку верзија на истиот мотор со помала моќност кој испорачува 150 КC. И двата се со автоматски менувач со девет брзини и погон 4×4.

25° роденден на фабриката на FCA во Мелфи,  фабрика на рекорди со примарна улога на електрификација на  FCA
Оваа година се прославуваат првите 25 години на фабриката на FCА во Мелфи, во моментов една од најнапредните автомобилски фабрики во Европа, обновена во 2015, со инвестиција од преку милијарда евра, опремена за започнување на производството на Jeep Renegade и Fiat 500X.
Се протега на површина од околу 1,9 милиони метри квадратни, а изградена е во периодот помеѓу 1991 и 1993 nво близината на Сан Никола, на 18 километри од Мелфи, на правецот кој ги поврзува Базиликата со Кампаниа и Пуља, региони од каде доаѓаат најголемиот број на вработените во фабриката. Во моментов таму се произведуваат два модели , и тоа Jeep Renegade и Fiat 500X, а од почетокот на 2020 и Jeep Compass со хибридни верзии plug-in, добивајќи ја улогата на првата фабрика на FCA за електрификација на автомобилите.
Комплексот се состои од оддели за обликување, обложување, фарбање и монтирање и вработува 7.300 лица; 5 преси и 2 транши за фазата на обликување; 860 роботи за фазата на обложување; 54 роботи за операции на фарбање; 278 автоматски станици за навртување и околу 4.000 лица кои работат исклучиво на монтирање на автомобилите.
Фабриката на FCА во Мелфи претставува еден од најистакнатите примери на технолошко-организациона еволуција и отсекогаш претставувала модел за иновации. Таа е првата фабрика која го применила моделот на “интегрирана фабрика”, со децентрализација на одговорноста и интеграција на функциите, во однос на претходните строги правила, која подоцна прерасна во модел на “модуларна фабрика”, а потоа и во “мрежна”. Сето тоа проследено со принципите на “lean production” со прифаќање на механизми на функционирање кои би ја подобриле конкурентноста. Денес е една од дигиталните фабрики која ги користи водечките технологии и индустриски системи 4.0, со интерконект платформа со што ги интегрира процесите на фабриката во која се одвива најдобрата синтеза помеѓу организацијата, технологиите и персоналот.