Continue

Целосно нов Jeep® Grand Cherokee 2022 – технолошки најнапредниот и најлуксузен Grand Cherokee со најдобри 4×4 перформанси досега

08 October 2021

Гамата на петтата генерација ги вклучува Grand Cherokee 4хе, првиот електрифициран Grand Cherokee и новиот Trailhawk, моделот репер за врвни 4х4 перформанси

  • Петтата генерација на најнаградуваниот SUV досега има нова архитектура, нов plug-in хибриден погонски систем, нов надворешен дизајн и нов ентериер со филигрански квалитетна изработка.
  • Првиот електрифициран Grand Cherokee 4xe се приклучува на новиот Trailhawk, верзијата на Grand Cherokee со референтни теренски перформанси
  • Перформансите, удобноста, способноста и функционалноста го издигнуваат најнаградуваниот и најславен теренец досега
  • Референтна способност за теренско возење и безбедно динамично однесување благодарение на трите 4х4 системи: Quadra-Trac I, Quadra-Trac II и Quadra-Drive II
  • Ексклузивно пневматско потпирање Jeep Quadra-Lift , сега со полуактивна електронска амортизација, обезбедува 28.7 cm висина од тлото и 61 см длабочина за минување низ вода
  • Нов систем за исклучување на стабилизаторската летва, единствен во категоријата, кој гарантира подобра артикулација и подвижност по карпи и екстремни терени
  • Grand Cherokee Trailhawk 4xe ја освои опасната Rubicon патека во целосно електричен режим
  • Капацитет за влечење водечки во класата – до 3.265 кг – благодарение на 5,7 литарскиот V8 мотор
  • Нова технологија со системот Uconnect 5, со екран од 10,1 инчи, капацитетот за одговор пет пати поголем од претходната генерација и надградби „over-the-air updates“ (OTA)
  • Ексклузивен интерактивен екран од 10,25 инчи за совозачот и 10,1 инчен екран за патниците на задните седишта со Amazon Fire TV
  • Новиот Jeep® Grand Cherokee ќе пристигне на продажните места во Северна Америка во четвртиот квартал од 2021 година. Jeep Grand Cherokee 4xe ќе се продава во Северна Америка на почетокот на 2022 година, а подоцна во текот на годината ќе се најде и на останатите други глобални пазари

АУБУРН ХИЛС, МИ – 29 септември 2021. Во годината кога ја слави својата 80-та годишнина, Jeep® ја претставува првата електрифицирана верзија Grand Cherokee 4xe. До него се наоѓа новиот Trailhawk, моделот на Grand Cherokee со референтни теренски перформанси.

Од моментот кога Jeep ја претстави првата генерација на Grand Cherokee во 1992 година, и кога теренецот дебитираше на саемот за автомобили во Детроит со искачување по скалите во Кобо Хол и буквално со пробивање низ стаклен прозорец, се немаше сомневање за бунтовниот карактер на новиот модел, кој постави нов репер во категоријата и брзо стана синоним за софистициран дизајн и бескомпромисен капацитет.

Петтата генерација на Jeep Grand Cherokee, најнаградуваниот теренец досега, се карактеризира со нова архитектура, нов plug-in хибриден погонски систем, нов надворешен дизајн, нов ентериер направен со филигрански квалитет и врвни технологии што претставуваат светска премиера во сегментот на full-size SUV. Додека водечката SUV марка во однос на теренските перформанси го продолжува своето патување кон иднината на „Zero Emission Freedom“, новиот модел се претставува како технолошки најнапредниот Jeep Grand Cherokee. Напредна и најдобра изведба 4×4 досега.

„Jeep Grand Cherokee е нашиот предводник на светски план и ќе го одведе Jeep во нова ера на премиум префинетост, иновативна технологија, напредни 4×4 способности и електрификација“, рече Кристијан Мение, главен извршен директор на Jeep. „Благодарение на совршената рамнотежа на динамиката на патот, 4×4 перформансите и 4xe перформансите, новиот Grand Cherokee 2022 се претставува како најлуксузниот и технолошки најпредниот Grand Cherokee досега, со референтни 4х4 перформанси.

Новиот Jeep Grand Cherokee ќе пристигне на продажните места во Северна Америка во четвртиот квартал од 2021 година. 4хе верзијата на Grand Cherokee ќе се продава во Северна Америка на почетокот на 2022 година, а подоцна во текот на годината и на останатите пазари низ светот.

Дефиниција за стандард

По повеќе од седум милиони продадени возила ширум светот, најнаградуваниот SUV досега продолжува да поставува норми во сегментот на SUV возилата.

„Четири генерации, клиентите се потпираа и уживаа во Grand Cherokee“, рече Џим Морисон, потпретседател за марката Јеер во Северна Америка, „инспирирани од нивните предлози за понатамошно подобрување на петтата генерација на најнаградуваниот теренец било кога. ”

Новиот модел е дизајниран и изграден за да понуди дури и повеќе од она што го направи овој Јеер SUV вистинска светска икона во сегментот на премиум теренци..

  • Повеќе погонски системи – со 4xe (PHEV) технологија која има за цел да понуди поголема автономија од 25 милји во режим full electric, потрошувачка на гориво од 57 MPGe (милји за галон еквивалент) и комбиниран опсег од 440 милји (708 километри). Тоа е најодржливиот Grand Cherokee со најдобри 4х4 капацитети досега и понатаму ја претставува посветеноста на Јеер за достигнување на “Zero Emission Freedom”;
  • Најлегендарни капацитети – најспособниот Grand Cherokee 4×4 модел досега, новиот Trailhawk 4xe се возеше на патеката Rubicon Trail во целосно електричен режим; ексклузивниот систем за исклучување на стабилизаторската летва овозможува подобра артикулација и подвижност по карпи и на тежок терен;
  • Повеќе технологија – Uconnect 5 со нов екран за совозачот, новитет во сегментот, нов систем за забава на задните седишта со висока резолуција и Active Driving Assist (Активна помош при возење);
  • Повеќе простор и разноврсна намена на истиот – со 144,6 кубни стапки (4 м3) од вкупниот внатрешен волумен за патници (+4,1 кубни метри, или 0,11 м3 повеќе од претходната генерација) и 37,7 кубни стапки (1,06 м3) товарен простор (+ 1,4 кубни метри, или 0,04 м3 повеќе), новиот Jeep Grand Cherokee 2022 нуди повеќе удобност и простор во внатрешноста, вклучително и можност за сместување на палки за голф-попречно во багажниот простор
  • Повеќе иновативни карактеристики – со целосно нова архитектура, нов надворешен дизајн, нов ентериер со совозачки екран и функција Amazon Fire TV, независно предно и задно потпирање и пневматско потпирање Quadra-Lift со полуактивно електронско амортизирање;
  • Повеќе филингранска изработка – за најлуксузниот Grand Cherokee досега. Гамата вклучува и ниво на опременост Summit Reserve со внатрешна кожа од Palermo и аудио систем McIntosh од 950 вати и 19 звучници
  • Поголема безбедност – со над 110 напредни системи за активна и пасивна безбедност, вклучително и Active Driving Assist (Активна помош при возење) за автономно возење на ниво 2 (L2), камера со приказ од 360 ° на возилото и неговата околина и камера за ноќно гледање

Опремен со најсовремени системи, Jeep Grand Cherokee е дизајниран во секој дел да понуди неспоредлива теренска способност и безбедна динамика на возење. 4×4 погонските системи (Quadra-Trac I, Quadra-Trac II и Quadra-Drive II), пневматско потпирање Quadra-Lift и системот за управување со погон Selec-Terrain ги влеваат во Grand Cherokee легендарните 4х4 способности на марката Jeep.

Целосно обновената архитектура се комбинира со аеродинамичниот профил на каросеријата за да обезбеди подобри перформанси, поголема безбедност и сигурност, истовремено намалувајќи ја тежината, нивото на бучава, вибрации и тврдост. Дизајниран да понуди врвна безбедност, удобност и практничност за патниците, Grand Cherokee нуди богатство од технологија од најнова генерација и карактеристики што ќе му овозможат да игра водечка улога во сегментот на SUV full-size.

Прв Grand Cherokee 4xe

Новиот Grand Cherokee 4xe 2022 е првиот Grand Cherokee што нуди plug-in хибридна верзија (PHEV). Неговото воведување на пазарот во годината во која брендот слави 80 години успех, интуиција и иновации, уште еднаш ја истакнува постојаната посветеност на марката за градење иднина со нула емисија, мисија наречена “Zero Emission Freedom”.

Plug -In Hybrid 4xe технологијата гарантира уште повеќе забава, слобода и авантура – вредности што отсекогаш биле во сржта на ДНК-та на Jeep – при што обезбедува перформанси, ефикасност на горивото и зачувување на околината:

  • Цел од достигнување на 25 милји (40 км) во full electric режим и 57 MPGe
  • 375 КС и 470 lb.-ft. (637 Nm) вртежен момент
  • Погонски систем Quadra Trac II 4х4 со двостепено куќуште за пренос и низок сооднос на пренос од 2,72: 1
  • Однос на индексирање од 47,4: 1
  • Максимален капацитет за влечење од 2.720 кг

 

„Возачите на Jeep Grand Cherokee 4xe ќе можат да го прилагодат доживувањето при возење со хибриден погон, врз основа на типот на патувањето, без разлика дали се работи за секојдневно возење во целосно електричен режим, долги патувања на автопат без грижи за автономијата или авантури низ вода, надвор од патот во речиси целосна тишина на природата”, додаде Мение.” Ова е уште еден важен чекор кон постигнувањето на нашата визија за “Zero Emission Freedom”. До 2025 година, имаме намера да понудиме целосно електричен модел на Јеep во секој SUV сегмент “.

Достапен со верзиите Grand Cherokee Limited, Trailhawk, Overland, Summit и Summit Reserve, погонскиот систем 4xe комбинира два електрични мотори, батерија од 400 волти, 2.0-литарски четири цилиндричен турбо мотор и автоматски менувач TorqueFlite. Осум брзини за да се обезбедат високи перформанси и максимална ефикасност.

Генерално, системот 4xe испорачува 375 коњски сили (280 kW) и 470 lb.-ft., (637 Nm) вртежен момент. Grand Cherokee 4xe има за цел да постигне проценета автономија од 25 милји (40 км) во режим full electric, проценета автономија на гориво од околу 57 милји за галон еквивалент (MPGe) и проценета вкупна автономија од над 440 милји (708 км).

2.0-литарскиот турбо-мотор I-4 e напреден бензински мотор со директно вбризгување опремен со турбо полнач со ниска инерција Twin Scroll, монтиран директно на главата на цилиндерот. Ефикасноста е подобрена преку употреба на електрично управување и компресор за климатизација со електричен погон.

Првиот, мотогенератор со висок напон, разладуван со вода, поставен на предната страна на моторот, го заменува традиционалниот алтернатор. Поврзан е преку цврст ремен со макарата на коленестото вратило и покрај тоа што го напојува моторот за согорување и управува со работата на системот за старт-стоп, генерира и електрична енергија што треба да се пренесе во батеријата.

Вториот, поголем мотогенератор е поставен на предната страна на менувачот и го заменува традиционалниот конвертор на вртежен момент на автоматскиот менувач. Две спојки управуваат со моќноста и вртежниот момент испорачани од електричната единица и бензинскиот мотор.

Првата спојка се наоѓа помеѓу двете единици. Кога е отворенa, овозможува да се патува само во целосно електричен режим, бидејќи нема механичка врска помеѓу електричниот и термичкиот мотор. Кога е затворена, 2.0-литарскиот топлински мотор и електричната единица се комбинираат и обезбедуваат вртежен момент на автоматскиот менувач. Втората променлива спојка е поставена зад електричниот мотор и управува со интеракцијата со менувачот во полза на возењето и ефикасноста.

Jeep Grand Cherokee 4xe е опремен со батерија од 400V, 17 kWh. Поставена е во долниот дел на возилото заедно со контролните уреди, спакувани под подот и обезбедни благодарение на серијата заштитни плочки.

Батеријата има специјални кола за загревање и разладување, што овозможува да се одржува батеријата на оптимална температура во корист на перформансите. Системот вклучува единица за разладување која користи течност за ладење од системот за климатизација на Grand Cherokee за да ја намали температурата кога е потребно.

Хибридниот систем на Grand Cherokee 4xe вклучува Интегриран модул за двојно полнење (IDCM), кој комбинира систем за полнење на батерии и конвертор DC/DC во една единица што е покомпактна од двата одделни компоненти. Хибридниот систем вклучува и мал инвертер за напојување (PIM). Тие се сместени под рамката и се заштитени од оштетување со челични плочи.

Сите компоненти и високонапонските електронски системи се запечатени и водоотпорни, толку добро  што Grand Cherokee 4xe е оценет со “Trail Rated”, односно со можност за минување низ вода до длабочина од 61 см.

Приклучокот за полнење е заштитен со капак со систем за отворање и затворање на притисок, има LED индикатор во боја што ја покажува неговата работа и се наоѓа лево од браникот, што овозможува паркирање „од напред“ пред столбот за полнење, за да се поедностави самиот чин на полнење. За да имате постојана контрола над полнењето на батериите, LED индикаторот за состојбата на полнење е сместен на врвот од контролната табла.

4xe E Selec начин

Без разлика дали станува збор за секојдневно возење, долги патувања на автопат или теренски авантури, возачите на Jeep Grand Cherokee 4xe ќе можат да го прилагодат начинот на возење со хибриден погон за да одговараат на различните потреби и типови на нивното патување.

Системот има три режими на работа, наречени E Selec, кои можат да се изберат со помош на соодветните копчиња на контролната табла, лево од воланот:

  • Hybrid: го комбинира вртежниот момент испорачан од електричниот мотор со оној на топлинскиот мотор. Погонскиот систем ја оптимизира енергијата произведена од батеријата и моќноста генерирана од моторот за да понуди најдобра комбинација во однос на ефикасноста и перформансите.
  • Electric: моторот користи електрична енергија со нула емисии. Кога батеријата ќе го достигне минималното ниво на полнење или кога возачот бара поголем вртежен момент (на пример, кога целосно ќе го притисне гасот), се активира моторот со внатрешно согорување
  • eSave: овој режим му дава приоритет на бензинскиот мотор, заштедувајќи ја батеријата за подоцнежна употреба. Има два секундарни режими, наречени Battery Save и Battery Charge (Заштеда на батерија и Полнење на батерија), и двата може да се активираат преку Hybrid Electric Pages (хибридните електрични страници) на системот Uconnect.

Независно од одбраниот начин, Grand Cherokee 4xe функционира во хибриден начин штом батеријата дојде до минималното ниво на полнење.

Почетниот приказ на екранот на допир Uconnect му овозможува на возачот да пристапи до Eco Coaching страниците, да го следи протокот на енергија, да го провери влијанието на регенеративното сопирање, времето на полнење на програмата за да ги искористи најниските стапки и да ја види историјата на возење со детали за горивото и потрошувачката на електрична енергија.

Регенеративното кочење е основен елемент на системот 4xe. Кога возачот ќе го притисне педалот за кочница, контролната единица на погонскиот систем го вклучува максималното достапно регенеративно кочење произведено од електричниот мотор (до 0,25 g) за да го забави возилото, на што се додава и интервенцијата на традиционалниот систем за кочење на Grand Cherokee.

Со вклучен погон на сите тркала, сите четири тркала обезбедуваат корисен вртежен момент за регенеративно кочење, оптимизирајќи го обновувањето на енергијата. Електричната енергија произведена од регенеративно кочење се доставува до батерискиот пакет за одржување или зголемување на состојбата на полнење.

Функцијата Max Regen за производство на регенеративна енергија е избрана од возачот и овозможува поинтензивна калибрација на регенеративното сопирање кога возилото е во лер, односно без возачот да дејствува на педалата за гас. Функцијата Max Regen ја намалува брзината на Grand Cherokee 4xe побрзо од стандардното регенеративно кочење и генерира повеќе електрична енергија за напојување на батеријата.

Легендарната способност 4×4 на марката Jeep

Jeep Grand Cherokee нуди неспоредлива теренска способност и сигурна динамика на возење по патишта. Легендарните теренски перформанси се загарантирани со три системи на погон на четири тркала-Quadra-Trac I, Quadra-Trac II и Quadra-Drive II со електронски заден диференцијал со ограничено лизгање (eLSD). Сите се опремени со активно куќиште за пренос што го подобрува погонот со дистрибуција на вртежниот момент со цел да се пренесе до тркалото со поголем зафат на прилепување.

Ексклузивното пневматско потпирање Jeep Quadra-Lift, сега со полу-активна електронска амортизација, обезбедува оддалеченост од 11 инчи и способност за минување низ вода до длабочина од 61 см. Системот автоматски ја прилагодува калибрацијата на амортизерите на условите на патот за да обезбеди поголема удобност, стабилност и контрола, но исто така може да се контролира рачно преку контролите на конзолата и нуди пет поставки за прилагодување на висината на возилото во полза на перформансите.

Системот против пролизгување Selec-Terrain овозможува да се избере помеѓу режимите за возење на пат и терени, кои се најпогодни за справување со одредена површина. Овој уред може електронски да го координира куќиштето за пренос 4х4, системот за сопирање, управувањето, управувачот и суспензијата, гасот, менувачот, куќиштето за пренос, контролата на погонот, контролата на стабилноста, системот ABS и одговорот на управувачот.Системот Selec-Terrain овозможува да се одбере еден од петте различни начини на возење (Auto, Sport, Rock, Snow, Mud/Sand), односно оној кој најмногу одговара на типологијата на теренот по кој се вози.

Меѓу новитетите, Grand Cherokee 2022 е опремен со систем за исклучување на предната оска. Кога возилото предупредува дека условите на патот не бараат употреба на погон на сите четири тркала, системот автоматски ја исклучува предната оска Grand Cherokee преминува во погон на две тркала, со што се зголемуваат заштедата и ефикасноста на горивото. Погонот на сите тркала автоматски се вклучува повторно кога системот ќе открие потреба за тоа.

Новиот Grand Cherokee располага со капацитет на влечење од 3.265 кг на примероците кои се опремени со 5,7-литарски V8 мотор.

Trailhawk  Grand Cherokee со најдобрите off-road способности

Новиот Jeep Grand Cherokee Trailhawk 2022 ги доведува 4×4 перформансите на Grand Cherokee на повисоко ниво.

Новата верзија Trailhawk е опремена со стандардни гуми за сите терени, камера за возење надвор од патот, пневматско потпирање Quadra-Lift кое овозможува растојание од земја до 28,7 см, подобрени агли на приод, напречен и за излез и активен Quadra-Drive II со заден eLSD и Selec-Terrain систем.

Верзијата со најдобри 4х4 способности во новата палета на Grand Cherokee, исто така, се одликува со:

  • Ексклузивен систем за исклучување на стабилизаторот за подобра артикулација и подвижност на карпести површини и терен со слаба подлога
  • Selec-Speed®Control за управување со брзината на возилото во режим 4LO во најсложените теренски возења. На пострмни терени или во случај на препреки, Selec-Speed ​​Control автоматски го применува вртежниот момент на моторот и/или притисокот на кочниците неопходни за одржување на постојана и безбедна брзина надвор од патот, без потреба возачот да дејствува на гас или на кочницата
  • Заштита од челик со висока отпорност под шасијата
  • Црвени куки за влечење
  • 18-инчни тркала и гуми за сите терени
  • Тракција, висина од тлото, способност за маневрирање, способност за артикулација и минување низ вода со длабочина до 61см
  • Црно-црвена налепница „Trailhawk“ незаслепувачка, на хаубата

Trailhawk 4xe  Trail Rated, одобрено од природата

Петтата генерација на Grand Cherokee ќе понуди електрифицирана верзија 4хе од верзијата Trailhawk, најспецијализирана за возење надвор од пат, која комбинира околу 40 километри автономија при целосно електрично возење со “Zero Emission Freedom” и потрошувачка на гориво од 57 MPGe со легендарните 4х4 капацитети на Grand Cherokee Trailhawk. Всушност, новиот Grand Cherokee Trailhawk 4xe не само што ја помина патеката Rubicon Trail, туку тоа го направи само со користење на електрично напојување во режим на возење Electric.

Главните карактеристики и специфичната опрема на Grand Cherokee Trailhawk 4xe вклучуваат:

  • Систем со интегрален погон на сите четири тркала Quadra Drive II со пренос на две брзини и низок сооднос на пренос од 2,72: 1
  • Електронски самоблокирачки заден диференцијал со ограничено пролизгување(eLSD)
  • Систем против пролизгување Selec-Terrain
  • Selec-Speed Control
  • Висина од тлото 27,8 см
  • Капацитет за минување низ вода до длабочина од 61 см
  • Сооднос на редукција од 47,4: 1
  • Цел од проценета автономија од 25 милји (40 км) во погон full electric и 57 MPGe
  • Сини куки за влечење
  • 18-инчни тркала со сина обработка и гуми за сите терени
  • Мат црно-сина „Trailhawk“ анти-заслепувачка налепница на хаубата

Повеќекратно наградувани мотори

Покрај напредниот plug-in хибриден погон поставен на новиот Jeep Grand Cherokee 4xe, новата гама на Grand Cherokee 2022 нуди два моќни, ефикасни и префинети погонски агрегати способни да гарантираат одлични перформанси во сите услови.

Гамата вклучува 3,6-литарски алуминиумски мотор Pentastar V6, кој испорачува 293 КС и 260 lb.-ft. вртежен момент (348 Nm). Аголот од 60 ° помеѓу држачите на цилиндрите на овој моќен и префинет мотор го прави возењето исклучително слеано, благодарение и на додатоците фиксирани директно на блокот на моторот. Седумкратниот добитник на наградата Wards 10 за најдобри мотори и погонски систем, Pentastar V6 е компактен мотор со интегрирани издувни колектори во главите на цилиндерот. Надземни брегасти вратила водени преку ланец кои се карактеризираат со двостепен систем за подигнување и променлив тајминг на вентилите (VVT), комбинација што овозможува моќноста на погонскиот систем брзо да се прилагоди на потребите на возачот за да се обезбеди совршена рамнотежа на перформансите и мала потрошувачка.

Start-Stop (ESS) технологијата за заштеда на гориво е стандардна за моторот Pentastar V6. ЕСС системот е дополнително подобрен кај Grand Cherokee. Промените вклучуваат нов резервоар сместен во осумстепениот менувач, кој ги снабдува со масло елементите на менувачот за да обезбеди уште побрз старт. Овие промени и новата технологија за стартување ги минимизираат шансите моторот да започне со работа порано, поради малите движења на ногата на возачот на педалата за сопирачката. Бучавата, вибрациите и крутоста се намалуваат со ревидирани контроли и меѓусебно променливи држачи за моторот.

3,6-литарскиот Pentastar V6 мотор има капацитет за влечење до 2.800 кг и проценета автономија од над 805 километри, на врвот во својата категорија.

VVT системот со независно темпирање на двете брегасти вратила на Pentastar V6 гарантира поголема заштеда на гориво при голема испорака на вртежен момент. Речиси 90 проценти од максималниот вртежен момент на моторот е достапен помеѓу 1.800 и 6.400 вртежи во минута – важен аспект при влечење или теглење.

Клиентите кои сакаат повеќе енергија можат да се одлучат за наградуваниот 5,7-литарски V8 мотор, 357 КС и 390 lb.-ft. (528 Nm) вртежен момент.

V8 гарантира одлични перформанси и максимална ефикасност благодарение на системот VVT и технологијата за заштеда на гориво (за деактивирање на цилиндрите), што овозможува контролната единица што го контролира моторот да запре со испорака на гориво, деактивира четири од осум цилиндри при мали вртежи, кога не е потребна максимална моќност, како на пример кога патувате по автопат. Системот веднаш ги реактивира деактивираните цилиндри кога возачот ќе притисне на педалата за гас.

5,7-литарскиот V8 нуди импресивен капацитет за влечење од 3.265 кг.

V8 погонски агрегат на Grand Cherokee се карактеризира со технологија која овозможува да се деактивираат четири цилиндри кога не е потребна максимална моќност или кога возите по автопат со константна брзина. Системот има пошироко поле на дејствување од претходните генерации, а возачот не го забележува неговото активирање. Во зависност од условите за возење, деактивирањето на цилиндрите може да доведе до намалување на потрошувачката на гориво помеѓу 5 и 20 проценти.

Намалувањето на потрошувачката го гарантира и VVT технологијата, која ја ограничува работата на пумпање на моторот преку одложено затворање на вентилот за внесување и зголемување на фазата на експанзија на процесот на согорување. На овој начин повеќе енергија се пренесува на тркалата наместо да се губи во издувните гасови во форма на топлина. VVT технологијата исто така ја подобрува фазата на внесување, со последователно зголемување на ефикасноста и моќноста на моторот.

Двата мотори се поврзани со робусниот и издржлив осум-брзински автоматски менувач TorqueFlite, којшто обезбедува мала потрошувачка на гориво и непречено менување. Тоа овозможува да се одржуваат вртежите на моторот во идеален распон потребен за време на патување со постојана брзина на автопатот и надвор од патот, како и во која било друга ситуација при возење. Менувањето во реално време овозможува преносот да ја прилагоди стратегијата за промена на потребите на возачот врз основа на податоците, како што се варијација на вртежниот момент, присуство на накосен терен, температура и надолжно и странично забрзување.

Меѓу новитетите, Grand Cherokee го претставува системот за исклучување на предната оска. Кога возилото ќе почувствува дека условите на патот не бараат внесување погон на сите тркала, системот автоматски ја исклучува предната оска и Grand Cherokee преминува на погон на две тркала, намалувајќи ја потрошувачката на гориво. Погонот на сите тркала автоматски се вклучува повторно кога системот ќе ја открие потребата за тоа.

Новата архитектура гарантира 4×4 перформанси, динамика на возење и издржливост и е основа на првата електрифицирана верзија 4xe

Новиот Jeep Grand Cherokee 2022 се карактеризира со целосно нова архитектура развиена специјално за петтата генерација на овој модел. Тоа е особено флексибилна архитектура, наменета за двата модели со два или три реда седишта и за електрифицираните верзии 4xe.

Новата еднообразна структура и шасија на Jeep Grand Cherokee ја олеснуваат електрификацијата, додека извонредните 4х4 погонски системи Jeep Quadra-Trac I, Quadra-Trac II и Quadra-Drive II, пневматско потпирање Quadra-Lift и системот против пролизгување Selec-Terrain го обезбедува Jeep Grand Cherokee со легендарните теренски способности на марката Јеер.

Благодарение на флексибилноста на новата архитектура, новиот Grand Cherokee се нуди во две конфигурации со различна должина и меѓуоскино растојание и во електрифицирана верзија. Додека Grand Cherokee со два реда и Grand Cherokee со три реда имаат иста вкупна ширина од 215см, дворедниот Grand Cherokee има меѓуоскино растојание од 296,4см, пократко за 12,7см во споредба со она на Grand Cherokee L (еднакво до 309 см) Вкупната должина од 491см, верзијата со два реда е 11″ пократка од 520,4см во должина на Grand Cherokee L. Димензиите на моделите од петтата генерација се подобрени за да ги обезбедат теренските способности на Јеер и да овозможат електрификација со 4xe систем без компромис за клиентот.

Дворедниот Grand Cherokee, најдобриот 4×4 Grand Cherokee досега е второто возило во оваа фамилија на SUV Jeep со нова архитектура, по воведувањето на верзијата L, првиот Grand Cherokee со три реда, лансиран на почетокот од оваа година. На почетокот на 2022 година, третата и последна фаза од лансирањето на новата генерација Grand Cherokee ќе започне со комерцијализација на првиот електрифициран Grand Cherokee 4хе во Северна Америка, проследено со воведување на верзијата 4хе во Северна Америка подоцна во годината на глобалните пазари.

Динамична гама на модели кои нудат врвни перформанси

Новата гама на Grand Cherokee вклучува нивоа на опременост како Laredo, Altitude, Limited, Overland, Trailhawk, Summit и Summit Reserve.

Сите се опремени со 3,6-литарски алуминиумски мотор Pentastar V6. Наградуваниот 5,7-литарски V8 мотор е достапен на верзиите Overland, Trailhawk, Summit и Summit Reserve.

Новиот погонски систем 4xe, со 2.0-литарски I-4 со турбокомпресор, два електрични мотори и 8- автоматски брзински менувач, достапен во верзиите Limited, Trailhawk, Overland, Summit и Summit Reserve.

Нов надворешен дизајн

Извајана надворешност која му дава современ и подновен карактеристичен изглед на најлуксузниот Grand Cherokee досега.

Нискиот профил на кровот ја подобрува аеродинамиката и ефикасноста без да се намали товарниот простор, додека долниот дел со прозорци кои сега се поголеми ја прават кабината посветла и обезбедуваат поголема видливост.

Легендарната решетка со седум отвори е поширока и поголема, а новата предна табла има вградени радарски сензори и уште многу напредни карактеристики. Смелиот профил на издолжената и витка хауба дава визуелна сила, додека аеродинамичната линија на каросеријата нуди флексибилен дизајн и уште подобра завршна обработка.

Системот Active Grille Shutters, предните браници, отворите за воздух, аеродинамичниот профил на хаубата, спуштената линија на кровот (за 10 mm) и задните спојлери на вертикалниот столб ги подобруваат перформансите на патот и ја намалуваат потрошувачката на гориво.

Сјајниот црн кров е достапен за прв пат на моделот Overland и е стандарден за верзиите Trailhawk, Summit и Summit Reserve.

Растојанието меѓу тркалата е 36 mm пошироко за поголема управување и подвижност. И за крај, достапни се осум различни гуми за прв пат со карактеристична шема на шарите на Jeep и тркала од 21 инчи.

Комплетно нов ентериер

Луксузниот ентериер на Jeep Grand Cherokee од новата генерација е дополнително развиен и за него се употребени квалитетни материјали и современа опрема која го подобрува комфорот.
Предната табла содржи нови, потенки отвори за климатизација, нова централна конзола и дигитални екрани со дијагонала од 10,1 инчи (т.е. дигитална група инструменти и радио екран осетлив на допир), како и ексклузивен интерактивен дисплеј од 10,25 инчи за предниот дел на совозачот и нов систем за забава со висока дефиниција за патниците на задните седишта со FireTV.

Grand Cherokee се карактеризира со нови прилагодливи предни седишта со 16 насоки на прилагодување, меѓу кои лумбална поддршка и мемориска функција, додека на нивоата на опременост од повисоко ниво, седиштата за возачот и совозачот се опремени со нов грбен потпирач со масажа. Во првите два реда, достапни се седишта со грејач и проветрување, со три нивоа на конфигурација.

Централната конзола се карактеризира со нови контроли и уште попростран простор за ракавици, каде можат да се сместат два уреди и безжичен полнач.

Апсолутна новина на Grand Cherokee е комплетниот сет со прилагодливи LED светилки со стандардни поставки за ден/ноќ на сите модели. Покрај тоа, системот за амбиентално осветлување со избор од пет бои е достапен на нивоата на опременост Overland, Summit и Summit Reserve.

Напредни, високотехнолошки системи за безбедност

Новиот Jeep Grand Cherokee поседува од 110 напредни системи за безбедност, вклучувајќи иновативни технолошки апликации кои ја усовршуваат врската помеѓу возачот, возилото и патот.

Следниве безбедносни системи се во сериска опрема:

  • Full-Speed Collision Warning (Предупредување за судир при полна брзина) co Active Braking (Активно кочење) со откривање на пешаци и велосипедисти
  • Rear Cross-Path detection (Откривање на возило кое се приближува одзади)
  • Adaptive Cruise Control (Адаптивен темпомат) co функција Stop and Go
  • Active Lane Management (Активно управување во коловозна лента)
  • Lane Departure Warning LaneSense (Предупредување при излегување од коловозна лента) co Lane Keep Assist (Помош за одржување во коловозна лента)
  • Advanced Brake Assist (Напредно помагање при кочење)
  • Blind Spot Monitoring (Прегледност на слепо агли)
  • ParkView (Задна камера за паркирање)
  • Сензори за паркирање одзади ParkSense co stop
  • Електрична рачна кочница
  • Мониторинг на притисокот во гумите

По барање може да се добијат и следниве безбедносни системи:

  • Нова телекамера за ноќно гледање со откривање на пешаци и животни
  • Нов систем за помош Intersection Collision Assist
  • Нов систем за откривање на замор кај возачот Drowsy Driver Detection
  • Систем за помош при паралелно и паркирање под прав агол Parallel & Perpendicular Park Assist и нов систем за препознавање на сообраќајните знаци Traffic Sign Recognition
  • Нова телекамера со видно поле од 360° co систем за самочистење

На располагање е и новиот систем за автономно возење од второ ниво (L2) Active Driving Assist (Активна помош при возење), co рацете на волан и очите на пат.

Grand Cherokee технолошки најнапреден досега

Новиот Grand Cherokee од петтата генерација располага со најголем број на технолошка опрема во досегашната историја. Тука спаѓаат:

  • Uconnect 5 – најнапреден систем Uconnect со три дигитални екрани еден од 10,1 инчи и два од 10,25 за интуитивно доживување на корисникот
  • Екклузивен екран за сопатникот за навигација, со прикажување на слики од телекамерата и за забава
  • Wireless Apple CarPlay и Android Auto
  • Ново дигитален ретровизор
  • Нов екран Head-up Display (HUD) во боја од 10 инчи на предното стакло
  • Нов безжичен полнач на предната централна конзола
  • Поголема можност за истовремено поврзување на два мобилни уреди преку Bluetooth
  • Функција виртуелен асистент Amazon Alexa
  • Нова мобилна апликација Uconnect
  • Платформа SiriusXM 360L и услуга Personalized Stations Powered by Pandora
  • Навигатор TomTom co претпоставка на текстот, природно гласовно препознавање и ажурирање на состојбата во сообраќајот во реално време
  • Ажурирања OTA „over-the-air“ на мапите од системот Uconnect
  • Hotspot Wi-Fi 4G LTE за безжично поврзување на 8 уреди

На Jeep Grand Cherokee 2022 година, достапна е и Fire TV што им овозможува на патниците да гледаат видеа, да играат игри, да слушаат музика, да добиваат информации и да гледаат преземена содржина додека патуваат:

  • Поврзување со Fire TV преку 4G Wi-Fi уред на возилото или преку мобилен телефон
  • Можност за гледање преземена содржина на Prime Video без поврзување за време на движење благодарение на меморија од 16 GB (9 GB корисничка меморија за секој заден екран)
  • Можност за репродукција на содржини за индивидуална употреба на секој заден екран или на двата истовремено
  • Поврзување на Fire TV со Uconnect 5, така што патниците на задните седишта можат да ги прилагодат индивидуалните поставки на системот за климатизација и да го видат времето на пристигнување на нивната дестинација
  • Контроли кај предните седишта за содржина или апликации што ги користат патниците на задните седишта, со избор на омилена содржина за пуштање филм на задните екрани или паузирање или прекинување на семејни разговори
  • Два далечински системи за гласовна контрола Alexa. Едноставно побарување од Alexa да пронајде, лансира и контролира каква било содржина, како и да проверува спортски резултати, да пушта музика или да гледа прикажување од камери во живо (компатибилен паметен уред кој е на располагање по барање и се продава одделно).

Grand Cherokee е опремен со нов, напреден, прилагодлив аудио систем McIntosh со 19 звучници (вклучително и сабвуфер од 10 инчи), со моќност од 950 watt и засилувач од 17 канали. Марката Jeep во моментов е единствениот производител на автомобили што има аудио систем McIntosh на своите возила.

Благодарение на извонредната комбинација на софистицирана префинетост, динамични перформанси, напредни технологии и елеганција, новиот Grand Cherokee се издвојува по својот уникатен шарм и перформанси, типични за брендот Jeep и единствени на светско ниво.

Новиот Jeep Grand Cherokee се произведува во новата фабрички комплекс во Детроит – Mack Plant, првата фабрика за производство изградена во градот во последните три децении.

Забелешка: Ова соопштение за медиуми беше објавено на 29.09.2021 година на  https://media.stellantisnorthamerica.com. Повеќе информации, слики и видеа за целосно новиот Jeep® Grand Cherokee, кој го имаше своето глобално деби, се достапни на ЛИНК. Прикажаното возило е производствениот модел што треба да се комерцијализира во Северна Америка и информациите за овој автомобил се однесуваат за пазарот во Северна Америка. Целосно новиот Jeep Grand Cherokee не е во продажба во Европа. Комерцијализацијата се очекува во втората половина на 2022 година. Гамата, потрошувачката, вредностите на емисиите и сите дополнителни информации за возилото за европските пазари ќе бидат достапни на веб-страницата  https://www.media.stellantis.com/em-en/jeep  кога моделот ќе биде комерцијализиран.

Ви треба информација? Разговарајте со нас