Continue

Camp Jeep® навистина специјален на премиерата на новиот Wrangler

06 February 2018

  • На 14 и 15 јули на сцената ќе се појави петтото издание на најважниот настан за Jeep® Owners Group (JOG) и за обожавателите на Jeep.
  • Тоа ќе биде единствена прилика за да се запознае и да се проба новиот Jeep Wrangler.  
  • Уписите, програмата и локацијата наскоро ќе бидат објавени на страната на JOG и на социјалните канали на Jeep  

За да се прослави пристигнувањето на новиот Wrangler, на 14 и 15 јули, ќе се одржи петтото издание на Camp Jeep®, годишен собир на членовите на Jeep Owners Group (JOG) и на вљубениците во марката од цела Европа.

Богат со настани, спортски активности и забава, дводневниот настан ќе биде навистина специјална прилика, бидејќи на учесниците ќе им овозможи единствена можност: одблиску да се запознаатновата генерација на Wrangler, претставена на светско деби на неодамнешниот Саем во Лос Анџелес и пред сè да се испробаат извонредните можности на иконата на Jeep во екстремни теренски услови.

Стигна четвртата генерација на Jeep Wrangler која е целосно подновена иако останува комплетно верна на самата себе во легендарните off-road способности во автентичниот стил на Wrangler, со технолошка опременост и напредни решенија.

15 јули, еден од деновите кога се одржува Camp Jeep, е посебен датум за вљубениците во американската марка: на 5 јули 1941 Willys-Overland го потпиша договорот со војската на САД, со што стана главен производител на она што подоцна ќе стане познато како првото возило Jeep: незапирливиот Willys-Overland MA. Денес е ред на новиот Wrangler да го обедини целото наследство и да напише нова страница во историјата на легендарната марка Jeep.

Camp Jeep секоја година им нуди на учесниците густа програма на активности, покрај пробните off-road возења, меѓу кои и теоретска и практична обукапод закрила на Jeep Academy и бројни други активности на отворено: единствена прилика за дружење, забава и незаборавно животно искуство. Линкот за упис, локацијата и комплетната програма на Camp Jeep ќе бидат објавени на страницата наJOG и на социјалните канали на Jeep.

JOG: https://ownersgroup.jeep.com/

Facebook:  https://www.facebook.com/jeepownersgroup/

Instagram: https://www.instagram.com/jeepownersgroup/

Twitter https://twitter.com/ownersgroupjeep

Ви треба информација? Разговарајте со нас