Continue

Јувентус излегува на терен со технологијата Jeep® 4xe: зелена еволуција на перформансите

30 October 2020

Новата хибридна технологија plug-in на марката Jeep® е главниот протагонист во едно интересно видео со интервјуа со шампионите од Јувентус. Од пред некоја вечер на црно-белиот дрес се најде и логото 4xe, синтеза на теренските капацитети и зелената еволуција

Пред само два месеци, марката Jeep® и Juventus заедно ја прославија деветтата шампионска титула по ред во Италија: настан кој се прослави преку ефикасната парола „И понатаму шампиони”, со која се истакнува лидерството и новата хибридна технологија plug-in на Renegade и Compass 4xe. Но, соработката помеѓу Јувентус и Jeep, која започна во 2012, продолжува, верна на заедништвото, неисцрпна, со постојано тежнеење кон надминување на сопствените лимити и истражување на нови патишта. Сега е моментот за соочување со нова спортска сезона и нови предизвици во мобилноста.

4xe: синтеза на теренските капацитети и зелената еволуција

Во рамките на средбата о Кротоне, црвнобелите ќе излезат на терен со лого кое се идентификуваат новите возила SUV опремени со хибридна технологија plug-in: 4xe. Електрификацијата е фундаментален аспект на еволутивниот пат на Jeep и претставува обврска да се стане лидер и во технологиите на мобилност кои стануваат сè поодржливи и притоа ги задржуваат историските вредности за авантура, автентичност, слобода и страст. Благодарение на хибридната технологија plug-in, всушност, моделите на Jeep 4xe plug-in Hybrid се SUV Jeep со најдобри перформанси и забавни за возење, способни се, буквално, да „одат каде и да е и да направат што и да е”, како што кажува и познатата парола „Go Anywhere, Do Anything” (Оди насекаде, направи што и да е). Истовремено тоа се автомобили идеални за возење низ секојдневниот градски метеж и тоа во начинот на возење full-electric.
Дресот со логото 4xe ќе ги придружува Црнобелите и на претстојните меѓународни натпревари кои се на програмата од крајот на месец октомври.

Хибридната технологија plug-in и перформансите, на какво и да е тло

Хибридната технологија plug-in е главнито протагонист и во видеото во кое зедоа учество играчите на Јувентус, правејќи оригинална паралела со нивните и перформансите на SUV Jeep 4xe, како и на вредностите со кои се одликува тимот и брендот. Прашањата кои беа поставени на Бетанкур, Кулушевски, Бонучи, МекКини и Роналдо го истакнаа значењето на црнобелиот дрес споредувајќи го со значењето на маската на Jeep со седум отвори. Најдоброто беше кажано од CR7 кој, неговиот број на дресот го спореди со седумте отвори на маската на оваа марка.

Интересни беа и споредувањата со перформансите: спринтовите на Роналдо, при што достигнуваше брзина и поголема од 35 km/h, изненадувачки, исто како и перформнсите на новите SUV Jeep 4xe, кои имаат и автономија во full electric еднаква на растојанието кое го истрчува еден центарфор на четири натпревари.

 

Од 18 октомври на социјалните канали на Jeep ќе биде поставено едно емотивно видео кое го раскажува излегувањето на фудбалскиот терен на Renegade и Compass 4xe преку градскиот сообраќај и патиштата надвор од градот, со што се истакнуваат  карактеристиките и единствениот стил на првите модели plug-in hybrid на марката.

Ви треба информација? Разговарајте со нас