Continue

Новиот Jeep® Grand Cherokee 2021 отвора нови хоризонти во сегментот на SUV Full-size

09 February 2021

Најнаградуваниот теренец во историјата за прв пат се претставува во конфигурација со три реда седишта и со подобрени способности 4×4, перформанси доведени до  перфекција, квалитет на конструкцијата, луксузни детали и комфор од повисоко ниво, како и технолошки и содржини за безбедност кои се референца во категоријата.

Наследник на една долга династија препознатлива по легендарните способносто 4×4 потпишани со Jeep®, луксуз и технолошки содржини, новиот Jeep Grand Cherokee 2021 – сега и со седум седишта – се претставува со серија новитети за да им понуди на корисниците единствено доживување.

Легендарните теренски способности на марката се загарантирани од три системи 4×4 и системот за управување со погонот Selec-Terrain со пет режими на возење, како и со зголеменото растојание од тлото и подобрата можност за поминување низ вода од претходната генерација.

Целосно новата архитектура на возилото, независната предна и задната суспензија и ексклузивната воздушна суспензија Quadra-Lift со адаптивна амортизација обезбедуваат теренски перформанси и одлична динамика на возење на пат.

Автентичен дизајн, квалитетна конструкција и префинет изглед обележан со типични стилски елементи на марката Jeep, вклучувајќи ја тука и исконската предна маска со седум отвори и трапезоидните лакови на тркалата.

Стандардната опрема вклучува елегантен и простран ентериер, кој се карактеризира со 10″ екран на дигиталната табла со инструменти и радио со екран на допир, ново LED амбиентално осветлување, седишта за возач и патници со функција за масажа и прилагодени зони за климатизација. Тапацир во кожа capitonné Palermo, елементи во дрво Waxed Walnut со отворени пори, тркала од 21″ и стандардни врвни услуги, кои го доведуваат до новото ниво на опременост Summit Reserve, врв на луксузот.

Опремен со повеќе од 110 системи за активна и пасивна безбедност, вклучувајќи и системи за асистенција на возачот за автономно возење на ниво 2 со рацете на волан и камери за ноќно гледање 360°.

Ниво 2 систем за автономно возење без раце на воланот ќе биде достапен кон крајот на 2021 година на моделот Grand Cherokee L 2022 година. Технологии од најновата генерација, со и најнапредниот систем Uconnect досега со безжична интеграција на Apple CarPlay и Android Auto, систем Head-up Display (HUD), дигитален ретровизор, дигитален збир на инструмент без рамка, камера за следење на задните седишта и софистициран звучен систем McIntosh од 960W со 19 звучници.

Програма за асистенција Jeep Wave® во серија

Jeep Grand Cherokee L ќе пристигне во салоните на Jeep во Северна Америка во второто тромесечје од 2021 година; за новиот Jeep Grand Cherokee со два реда седишта и неговата електрифицирана верзија 4xe, дебито на пазарот во Северна Америка се очекува во текот на 2021 година.

Историјата на Jeep® Grand Cherokee, најнаградуваниот теренец во историјата, започна пред околу 30 години. Денес, речиси после 4 генерации, изведени во склад со иновациите, освоени се огромен број на признанија и награди ширум светот, марката Jeep продолжува да ги редефинира стандардите во сегменот на возилата SUV full size co новиот Jeep Grand Cherokee L 2021.

Новата генерација е дизајнирана и конструирана така, за да понуди совршена комбинација на способности 4×4, перформанси на пат, стил, квалитетна конструкција, технолошка содржина и напредни системи за безбедност. Резултат е новиот 2021 Jeep Grand Cherokee L, кој за прв пат може да прими до шест или седум патници.

“Кога ќе одлучите повторно да одберете квалитетен теренец како Jeep Grand Cherokee, кој и да е изборот, мора нужно да ја почитува 30-годишната историја на овој модел“, рече Кристијан Меуние, глобален претседател на Jeep Brand – FCA. „Со слично наследство што го водеше тимот на Jeep, новиот Jeep Grand Cherokee 2021 е дизајниран за да ги надмине очекувањата и да го даде она што ниеден друг SUV не може: да ги искомбинира легендарните способности 4×4 на марката Jeep со супериорни перформанси на патот. Изграден е врз комплетно нова архитектура и се одликува со нов дизајн кој му оддава почит на исконскиот стил на марката Jeep, и додава трет ред седишта за да ги задоволи сè поголемите потреби на корисниците на Jeep кои бараат повеќе простор и функционалност. Grand Cherokee L се издвојува во својот сегмент и продолжува да нуди високо ниво на теренски способности, перформанси и луксуз, отворајќи нови хоризонти и во однос на разноврсноста и функционалноста “.

Jeep Grand Cherokee L 2021 е дизајниран за да понуди врвни теренски способности и избалансирана динамика на возењето. Системите 4×4 (Quadra-Trac I, Quadra-Trac II и Quadra-Drive II), Quadra-Lift воздушната суспензија и системот за управување со погонот Select-Terrain ги обезбедуваат  легендарните 4×4 перформанси на марката Jeep и за Grand Cherokee L. Новата архитектура и аеродинамичката линија се комбинираат за да понудат перформанси, поголема безбедност и  сигурност, истовремено намалувајќи ја тежината, бучавата, вибрациите и крутоста. Дизајниран за да гарантира максимум од аспект на безбедност, удобност и практичност, Grand Cherokee L се одликува со најсовремена технолошка содржина и функционалност што го прави уникатен во сегментот на SUV full-size.

Конструиран во новата фабрика Assembly Complex во Детроит (Mack Plant), Jeep Grand Cherokee L 2021 ќе пристигне во салоните на Jeep во Северна Америка во второто тромесечје на 2021 година и ќе биде достапен во четири различни нивоа на опременост: Laredo, Limited, Overland и Summit.

Почетокот на производството на новиот Jeep Grand Cherokee со два реда седишта и неговата електрифицирана верзија 4xe е закажан во фабриката Mack Plant во текот на 2021 година.

Легендарните 4×4 способности на марката Jeep

Jeep Grand Cherokee L 2021 нуди подобрени теренски способности и одлична динамика на возење на пат. Легендарните теренски способности се загарантирани преку трите системи со погон на четири тркала: Quadra-Trac I, Quadra-Trac II и Quadra-Drive II со електронски заден диференцијал со ограничено лизгање (eLSD). Сите имаат активна кутија за трансфер што ја подобрува погонската сила со пренесување на вртежниот момент на тркалото со најголемо прилепување на тлото.

Quadra-Trac I е активна трансфер-кутија со брзина што користи податоци од различни сензори на возилото за претходно прилагодување на дистрибуцијата на вртежниот момент за да изврши навремено корекции во случај на губење на прилепувањето. Штом се открие лизгање на тркалото, може да пренесе до 100% од достапниот вртежен момент на оската со најголем погон. Активниот систем за управување со вртежниот момент Active 4-Low со сооднос на редукција 2,72: 1 го подобрува управувањетото на терен и обезбедува оптимални перформанси.

Quadra-Drive II, со трансфер кутија со две брзини и заден eLSD, нуди невиден капацитет на погон. Системот веднаш открива лизгање на гумите и непречено реагира со дистрибуција на вртежниот момент на тркала кои го допираат тлото. Во некои случаи, системот е во состојба да предвиди ситуација на слаб допир и презема превентивни активности со цел да се ограничи или елиминира лизгањето. Quadra-Drive II е достапен по барање на верзијата Overland 4×4 доколку е опремен со Off-Road Group и е стандарден на нивото на опременоста на Самитот.

Quadra-Lift

Ексклузивната воздушна суспензија Jeep Quadra-Lift, сега со адаптивна електронска амортизација, гарантира растојание од тлото и можност за минување низ вода кои се апсолутно на врвот. Системот автоматски ја прилагодува калибрацијата на амортизерот во зависност условите на теренот по кој вози и со тоа обезбедува поголема удобност, стабилност и контрола.

Системот Quadra-Lift на Jeep Grand Cherokee L 2021 работи автоматски, но може да се контролира и рачно преку контролите на централната конзола и нуди пет поставки за прилагодување на висината на возилото, за да се добијат подобри перформанси:

Normal Ride Height (NHR): со 8,3 инчи (212 mm) висина од тлото, обезбедува намалени потрошувачки и подобра аеродинамика при возење на пат.

Off-road 1: го подигнува возилото за   1,6 инчи (40 mm) во однос на поставеноста NRH се до вкупна висина од тлото од 9,9 инчи (252 mm) и овозможува полесно да се надминат пречките.

Off-road 2: го подигнува возилото за дополнителни 2,4 инчи (60 mm) во однос на NRH начинот, односно за 9% повеќе од претходната генерација овозможувајќи да достигне висина од тлото од 10,9 инчи (277 mm) и со способност за минување низ вода од 24 инчи (610 mm, четири инчи или 102 mm повеќе од претходната генерација) за да ги обезбеди легендарните теренски перформанси на марката Jeep.

Начин Park: го спушта возилото за 1,8 инчи (46 mm) во однос на NRH начинот за да овозможи полесен приста од и во возилото. Се симнува односно спушта два пати побрзо во однос на претходната генерација.

Начините NRH и Park ги одбира возачот. Пневматските суспензии имаат двоен резервоар кој ги прави операциите побрзи и контролирани.

Начин Aero: го спушта возилото за 0,8 инчи (21 mm) во однос на нормалната поставеност NRH. Начинот Aero влегува во функција врз основа на брзината на возилото и се прилагодува за да обезбеди ефикасни перформанси и потрошувачки. Возилото се спушта на висина предвидена од начинот Aero кога се наоѓа во начинот Sport.

Системот Quadra-Lift нуди можност за максимално движење од 4,17 инчи (106 mm) блафодарение на пневматските суспензии со четири агли кои гарантираат совршена амортизација и удобно возење. Соодносот на редукција на Grand Cherokee L е еднаков на 44:1.

Благодарение на овој опционал, воздушната суспензија Quadra-Lift, Jeep Grand Cherokee L може да се пофали со агол на влез од 30,1 степени, агол на излез од 23,6 степени и агол на прекршување од 22,6 степени.

Selec-Terrain

Системот за управување со погонот Selec-Terrain на Jeep Grand Cherokee L овозможува да изберете еден од режимите за возење на пат и на терен, оној кој е најсоодветен за справување со одредена површина. Системот електронски ја координира работата на погонскиот систем (до шест различни), кутијата за пренос во 4×4, сопирачките, управувањето, воланот и суспензијата, и вклучува модул за контрола на гасот, контрола на менување на брзината, кутијата за трансфер, контрола на погонот, контрола на стабилноста, ABS и одговор на управувачот.

Возачот може да избере помеѓу пет различни програми – Auto, Sport, Rock, Snow, Mud/Sand – режим за возење кој е најпогоден за преминување на одредена површина на патот.

Hill Descent Control – Контрола на удолнини овозможува да се контролира брзината на Grand Cherokee L при особено предизвикувачките удолнини, преку стандардните рачки на воланот на сите верзии, без потреба од користење на педалите за сопирање и гас. Hill Descent Control е стандардна за нивото на опременост Overland и Summit и може да се користи и при движење нананзад.

Верзијата Overland 4×4 со ознака Trail Rated е опремена со пакет Off-Road Group (опционал) и може да се пофали со референтни карактеристики во однос на погонот, растојанието од тлолто, управувањето, изведување и капацитет за минување низ вода (до 24 инчи). Off-Road Group вклучува и заштита на подвозјето во челик со висока отпорност, електронски диференцијал со ограничено лизгање на задната оска, алуминиумски тркала од 18″ и робусни гуми со високи перформанси за целата сезона.

Нова архитектура

Новиот Jeep Grand Cherokee L доби бројни подобрувања за да го подигне нивото на перформанси на патот и да обезбеди маневрирање и тивкост, истовремено намалувајќи ја тежината и потрошувачката на гориво. Новата единечна структура, трите погонски системи 4×4 (Quadra-Trac I, Quadra-Trad II и Quadra-Drive II), воздушната суспензија Quadra-Lift и системот за управување со погонот Selec-Terrain помагаат во подобрувањето на легендарните теренски можности на Jeep Grand Cherokee.

Употребата на алуминиумска хауба и задна врата, лесен материјал со висока цврстина, помогна да се намалат тежината и потрошувачката на гориво. Инженерскиот тим на Јеep ја намали тежината преку низа интервенции кои вклучуваат: поврзување на оската директно со моторот, поставување на цврста предна лулка, користење алуминиумски мотор и држачи за управување, попречно засилување во магнезиум, алуминиумски амортизери и новиот електронски засилувач на сопирачките. За да се намали тежината во корист на потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови и истовремено да се зголеми цврстината на возилото, каросеријата на Grand Cherokee L е изработена од челик со висока цврстина од трета генерација. Употребата на овој материјал од најновата генерација им овозможи на инженерите и дизајнерите ладно печатење на сложени делови во материјали со висока јачина, нешто што не беше можно во минатото, создавајќи поцврста и истовремено иновативна структура.

Инженерите на Jeep се фокусираа на дизајнирање структура која е истовремено силна и лесна, избалансирана и функционална. За да се постигне овој резултат, Grand Cherokee L е изработен од над 60 проценти од најновата генерација челик со висока отпорност, што гарантира поголема еластичност, ефикасност и подобар капацитет за апсорпција на енергија.

Jeep Grand Cherokee се издвојува по својата тивкост и извонредната динамика на возење на патот, благодарение на независната предна и задна суспензија. Моделот 2021 на Grand Cherokee L се одликува со нова положба на предниот виртуелна топчеста спојка, што овозможува подобра странична контрола и задна суспензија со повеќе двојни вилушки, што овозможува поголема удобност при воозење и управување. Шипка поставена на држачите на амортизерите ја зголенува страни крустост во близина на просторот за мотор за 125 проценти. Новата прилагодлива воздушна суспензија континуирано ја менува крустоста за да одговара на условите на патот за дополнително подобрување на легендарните теренски способности. Во самата каросеријата има околу 6.500 заварени делови кои ги истакнуваат исклучителните перформанси на новиот модел.

Направени се бројни подобрувања во системот за воздушна суспензија на Grand Cherokee L за да се понуди што поудобно возење и на пат и на терен:

Системот за суспензија со затворен циклус одново го користи чистиот воздух, со што се продолжува корисниот век на компресорот. Системот Quick Down Leveling (QDL) користи надворешен вентил за блокирање и уште еден резервоар за воздух за брзо менување на висината на возилото од тлото; на овој начин двете оски се спуштаат истовремено, за разлика од она што се одвиваше кај претходната генерација, каде имаше истовремено спуштање на една оска. Благодарение на системот QDL, движењето надолу на возилото е побрзо.

Полуактивните електронски амортизери поставени на верзиите опремени со воздушна суспензија континуирано ја прилагодуваат поставеноста на возилото кон условите на патот и различните стилови на возење за да понудат максимална удобност во секоја ситуација.

За прв пат на Grand Cherokee, предната оска е фиксирана директно на моторот за да се овозможи подобро управување со бучавата, вибрациите и грубоста (NVH) и да се понуди врвна динамика на возењето, благодарение и на долниот центар на гравитација. Новите активни електронски држачи на моторот апсорбираат повеќе вибрации и движења колга е моторот во мирување, но се вкочануваат при големи брзини за да се оптимизира квалитетот на возењето. Оваа нова функција е достапна како опциионал на Grand Cherokee и гарантира удобност, разноврсност и перформанси на повисоко ниво. Напредниот систем Active Noise Cancellation (активно прекинување на бучава) заедно со каросеријата со двоен панел, кедерот на вратите и акустичните прозорци ја комплетираат низата подобрувања направени за да се анулират нивото на NVH.

Електричниот сервоуправувач на Grand Cherokee (EPS) е внимателно калибриран за да се подобри возачкото доживување и да се намали потрошувачката на енергија. Со електричниот мотор управува адаптивна контролна единица (ECU), која ја следи брзината и аголот на управувањето. Ова овозможува примена на различни нивоа на асистенција при управувањето: поголема при мала брзина, на пример при маневри за паркирање, помалку при поголема брзина на автопат, за да се зголеми безбедноста при возење. EPS системот користи променлив сооднос за да го подобри управувањето со возилото, додека одржува совршена стабилност во сите услови.

Повеќепати наградувани мотори

Новиот Jeep Grand Cherokee L нуди два моќни и ефикасни мотори, за да се обезбедат високи перформанси во секоја ситуација.

Стандардно е опремен со 3,6-литарски алуминиумски мотор Pentastar V-6, кој произведува 290 КС и вртежен момент од 257 lb.-ft. Аголот од 60 ° помеѓу краевите на цилиндрите на овој моќен и префинет мотор гарантира исклучително мазно возење: уште попријатно доживување благодарение на додатоците фиксирани директно на моторниот блок. Седумкратен добитник на наградата Wards 10 Best Engines and Propulsion System (10 најдобри мотори и погонски систем), Pentastar V-6 е компактен мотор со интегрирани издувни колектори во главите на цилиндрите. Брегастите вратила се активиранаат со ремен и се опремени со систем со подигнување во две етапи и варијабилна фаза  на вентилите (VVT), комбинација што овозможува моќноста на погонскиот систем да се прилагоди на потребите на возачот за да се обезбеди совршена рамнотежа на перформансите и мала потрошувачка.

Технологијата за заштеда на гориво при запирање на моторот (ESS) е стандардна со Pentastar V-6. Системот ESS е дополнително подобрен за Grand Cherokee L со резервоар за притисок лоциран во осумстепениот менувач, кој ги снабдува со масло елементите на менувачот кога моторот се повторно се стартува. Подобрените контроли на менувачот и новата технологија на повторно стартување ги минимизираат шансите моторот да стартувба прерано поради малите движења на возачот на ногата на педалот за кочница. Звуците, вибрациите и грубоста при рестартирање се намалени благодарение на новите команди и менливите држачи на моторот.

Моторот Pentastar V-6 од 3,6 ликтри располага со капацитет на погон до 6.200 ливри (2.812,27 кг) и автономија и автономија проценета на речиси 500 милји.

VVT системот на Pentastar V-6 со независна фаза на двете брегасти вратила обезбедува поголема заштеда на гориво при широка испорака на максимален вртежен момент. Скоро 90 проценти од максималниот вртежен момент на моторот е достапен од 1.800 до 6.400 вртежи во минута – важен аспект во работењето на погонот.

Клиентите кои сакаат поголема моќност можат да се определат за повеќепати наградуваниот 5,7 литарски V-8, со 357 КС и 390 lb.-ft. на максимален вртежен момнт. V-8, опремен со картер од леано железо и алуминиумски глави на цилиндри, гарантира одлични перформанси и максимална ефикасност благодарение на системот VVT и технологијата заштеда на гориво (за деактивирање на цилиндрите), што овозможува контролната единица што го контролира моторот со исклучување на дотокот на гориво и исклучување на четири од осумте цилиндри кога не е потребна максимална моќност. Системот веднаш ги активира деактивираните цилиндри кога возачот ќе ја притисне педалата за гас. Во зависност од условите на возење, деактивирањето на цилиндрите може да доведе до намалување на потрошувачката на гориво од 5 до 20 проценти. 5,7-литарскиот V-8 нуди капацитет за влечење од 7.200 lbs.

Намалувањето на потрошувачката е гарантирано и со технологијата VVT, која ја ограничува работата на пумпање на моторот преку одложеното затворање на вентилот за внесување и зголемувањето на фазата на проширување на процесот на согорување. На овој начин повеќе енергија се пренесува на тркалата наместо да се изгуби во издувните гасови во форма на топлина. VVT технологијата исто така ја подобрува фазата на внесување, со последователно зголемување на ефикасноста и моќноста на моторот.

Двата погонски агрегати се спарени со робусен и издржлив автоматски менувач TorqueFlite со осум брзини, кој обезбедува мала потрошувачка на гориво и непречено менување. Широките соодноси на намалување ги одржуваат вртежите на моторот во идеален опсег потребен и при патувања со постојана брзина на автопатот и на теренски правци и во која било друга состојба на пат. Модификацијата во реално време на мапирањето на менувачот овозможува преносот да ја прилагоди стратегијата на менување на потребите на возачот заснована на варијабли како што се варијација на излезниот момент, присуството на косини, температурата, надолжното забрзување и страничното забрзување.

Меѓу новитетите, Grand Cherokee L 2021 4×4 се одликува со систем за исклучување на предната оска. Кога возилото ќе открие дека условите на патот не бараат погон на сите тркала, системот автоматски ја исклучува предната оска и прекинувачите Grand Cherokee L во режим на погон на две тркала, во корист на економичноста на горивото. Погонот на сите тркала автоматски се вклучува повторно кога е потребно.

Дизајн: елеганција и квалитет

Надворешност

Со дебито на првата генерација на Grand Cherokee во 1992 година, брендот Jeep му претстави на светот сосема нов модел кој стана референца, се одликува со ексклузивен дизајн и бескомпромисни капацитети. По неколку децении, приказната продолжува со новиот 2021 Jeep Grand Cherokee L кој се враќа за да постави нови стандарди во однос на луксузот и перформансите.

“Дизајнерскиот тим на Jeep замисли модерна естетика за новиот Grand Cherokee L и работеше напорно за да создаде нов изглед со чисти линии што целосно ќе ги задоволи вкусовите и очекувањата на денешните клиенти. ”- рече Марк Ален од FCA. „Дизајнот на првиот Grand Cherokee со три реда останува верен на наследството на марката и му оддава почит на практичниот и функционалниот карактер на возилото. Резултатот ги задржува софистицираните елементи, современиот стил и легендарните капацитети што го разликуваа Grand Cherokee уште од неговото основање.”

Пропорциите на новиот Grand Cherokee L се инспирирани од оригиналниот Wagoneer, првиот луксузен SUV во целосна големина произведен од марката Jeep, со тенкиот профил на издолжениот капак на моторот и кабината, а маската е малку навалена нанапред. Спуштениот кров ја подобрува аеродинамиката и ефикасноста без да се губи на товарниот простор.

Најважните промени се однесуваат на предниот дел, кадешто се издвојуваат новите тенки ЛЕД предни светла, а исконската маска со седум отвори, сега поголема, е украсена со елегантна финална обработка што ја нагласува новата форма на фаровите и ги истакнува димензиите на возилото. Под решетката, новата предна маска е пропорционално поширока од претходната генерација која има двојна естетска и функционална намена: интегрира нов радар со голем дострел и други напредни карактеристики, вклучувајќи го и системот Active Grille Shutters – активна маска, за да ги подобри перформанситена пат и ефикасноста на потрошувачката.

Странично, спуштената линија  и поголемите прозорци го прават патничкиот простор попростран и обезбедуваат поголема видливост. Линијата на покривот се чини како да виси благодарение на новиот дизајн на обликување на прозореците, кој започнува од основата на страничниот ретровизор и продолжува беспрекорно од задниот прозорец до основата на задното светло. Оваа завршница се истакнува особено во комбинација со кров во сјајна црна боја, Gloss Black, за прв пат достапен по барање за верзијата Overland, а е во стандардна опрема на верзијата Summit. Новите кровни шипки додаваат елеганција на страничниот профил. Завршниците и хромот се сведени на минимум за да се задоволат потребите на помодерна естетика.

Зголемената ширина на помеѓу тркалата од 36 mm и големите трапезоидни лакови над тркалата му даваат карактер на Grand Cherokee L. Покрај тоа, за прв пат на моделот Grand Cherokee, на располагање се тркала од 21 ”(со пакетот Summit Reserve).

Задниот дел исто така е редизајниран и како предниот и се одликува со елегантни LED светла во тенка форма дизајнирани за да го подобрат техничкиот аспект на возилото. Новиот изглед на задниот дел се должи и на ЛЕД светлата за маглакои ги преземаат карактеристиките на предните светла и прават возилото да изгледа пошироко.

Новите спојлери поставени на вертикалниот столб, покрај оној на задната врата ја подобруваат аеродинамиката. Задната камера е опремена со систем за перење и е внимателно вметната во спојлерот на задната врата, кој исто така има и ново стоп LED светло горниот средишен дел.

Другите елементи, вклучително и интегрираното капаче на куката за влечење и цевката за издув, го комплетираат изгледот на новиот модел. Верзиите Overland и Summit стандардно нудат автоматско работење на задната врата со движење на стапалото.

Фактот дека за прв пат сите нивоа на опременост на Jeep Grand Cherokee располагаат со комплетна премиум LED светлосна група пружа голема флексибилност за одредувањето на карактерот на возилото.

Ексклузивните предни светла во издолжена форма се вметнати во црна сјајна рамка Gloss Blac, а нежните хоризонтални светла за магла се прибрани, што ја прави предницата на Grand Cherokee L веднаш препознатлива.

Светлосниот уред на задниот дел е комплетиран со ултра нежни светла. Во сериска опрема на нивоата на опременост Overland и Summit спаѓаат и рачките на вратите кои се осветлуваат како што се приближувате до возилото.

Внатрешност

Целта на дизајнерскиот тим на Jeep беше да се создаде најелегантна и технички најнапредна внатрешност во секторот.

“Целта на тимот за внатрешно уредување беше да создаде уникатен ентериер. Му пристапивме на целиот процес на дизајнирање со поширока визија што нѝ овозможи да создадеме нова генерација на ентериери на Jeep“, изјави Крис Бенџамин, раководител на Јеер, Chrysler и напреден дизајн на ентериер, при ФКА. „Ако внатрешноста на Jeep Grand Cherokee отсекогаш била синоним за префинетост, за верзијата со три реда седишта решивме да користиме ексклузивни детали, рачно изработени материјали и карактеристики кои совршено одговараат на неговата персоналност.”

Штом влезат во возилото, возачот и патниците веднаш ќе забележат дека новиот аранжман на внатрешните елементи дава чувство на пространост и поголема симетрија. Таблата е редизајнирана и ориентирана да создаде повеќе простор, обезбедувајќи нежен контраст помеѓу топлите, автентични материјали и префинетите  современи технологии.

Извајаниот хоризонтален инсерт поминува по целата предна плоча, додека структурната метална завршница се протега по целата табла до новите, тенки отвори за климатизација. Тука е и опционалот  Absolute Oak којшто претставува инсерт од природно дрво со елегантна обработка, достапен по барање на верзијата Summit и Waxed Walnut во пакетот Summit Reserve. Распоредот на слоевите дрво, кожа и метал ги внесува патниците во визуелно ремек-дело.

На богатството на материјалите се надоврзува префинетата изработка на централната конзола, која е преуредена за да биде уште подостапна за возачот. На структурниот елемент, со голема прецизност е вметнат екранот од најновата генерација од 10,1″ на новиот систем Uconnect 5. Дигиталната табла со инструменти од 10,25″ е исто така новина, што овозможува да се разгледауваат речиси дваесет различни менија за активирање на технологии за асистенција при возење како што е Адаптивниот темпомат – Adaptive Cruise Control, Помош на автопат Highway Assist, Системот за ноќно гледање, Системот за откривање на замор кај возачот –  Drowsy Driver Detection и Системот за препознавање на ограничување на брзината (доколку е поставен). За управување со дигиталниот пакет инструменти, Grand Cherokee L има нов мултифункционален волан опремен со рачки. Верзијата Summit  располага со волан обложен со кожа Absolute Oak, на кој се додадени и инсерти во дрво Waxed Walnut со пакетот Summit Reserve.

Конзолата е редизајнирана и сега има нова конфигурација со сјајни финиши Piano Black. Се одликува со нов систем за контрола на погонот кружна метална команда, со осветлена позадина која доставува допирни сигнали кога е активна. За да се нагласи автентичниот карактер на џип, веднаш до командата се наоѓаат индикаторите на менувачот и системот на Selec-Terrain. Благодарение на новите држачи за чаши, централниот простор за складирање на предмети е уште попростран и може да собере два безжични уреди. Безжичниот полнач е достапен на барање за полнење на два уреди истовремено.

Воведена е нова архитектура за седење на Grand Cherokee L, со предни седишта прилагодливи по должина во верзиите Overland и Summit: прва кај возилата на FCA. Седиштата од предниот ред се прилагодливи во 16 позиции со поддршка на лумбалниот систем и функција за меморирање се достапни на барање на нивото на опременост Overland, додека на Summit се стандардни, како и грбниот потпирач со масажа со пет профили што може да се прилагодат и три нивоа на интензитет на притисок. Почнувајќи од Од ограниченото нивото на опременост Limited па нагоре, седиштата во првите два реда се загреваат стандардно, со три нивоа на конфигурација за максимална удобност на патникот. Вентилираните предни седишта се достапни како опција на верзијата Limited, а се стандардни на нивоата на опременоста на Overland и Summit, додека вентилираните седишта од втор ред се стандардни во пакетот Summit Reserve.

Во задниот дел од внатрешноста на верзијата Summit, седиштата „Captain Chair“ се странично поставени на новата конзола со голем простор за складирање на предмети и држач за чаши. Слично на предната, оваа втора конзола е дизајнирана за да обезбеди максимална функционалност и многу простор за нозете за патниците од третиот ред. Во сите модели, задниот дел од патничкиот простор има меки потпирачи за раце кои одговараат на кожните седишта, дополнителни оддели за складирање и држачи за чаши и 12 USB-порти тип А и Ц за безжични уреди.

Во стандардна опрема за сите верзии спаѓа комплетниот пакет за внатрешно LED осветлување, прилагодлив, со поставки за ден/ ноќ. За прв пат во возило на ФКА, се овозможува автентично амбиентално осветлување со избор од пет бои, како на контролната табла, така и на предните и задните врати. Оваа функција е стандардна за Overland и Summit.

Во нивото на опременост Summit, удобноста на патникот е зголемена со четиризонскиот автоматски клима-уред, дозволувајќи им на патници во првите два реда, секој одделно, да избере различно ниво и режим на климатизација. Системот нуди и можност за поставување на четири различни температури. За прв пат на возило на ФКА, поставенаната климатизација во вториот и третиот ред седишта е со пошироки и подолги отвори, поставени на столбовите, а не на плафонот, за подобро покривање на одделни делови, без да се попречи просторот над главата на патниците или пак видливоста.

Grand Cherokee L се одликува со премиум пакетот Summit Reserve со рачно изработен тапацир од кожа со врвен квалитет Palermo capitonné, вентилирани седишта во првиот и вториот ред, грбни потпирачи со масажа на предните седишта со мемориска функција и можност за избор на новиот тапацир за внатрешноста, Tupelo. Ексклузивни карактеристики на пакетот Summit Reserve се и елементите од вистинско дрво Waxed Walnut, потоа  украсите на столбот, и плафонот обложен со врвна ткаенина слична на велур.

Јeep Grand Cherokee L 2021 е првиот модел на ФКА во секторот кој располага со аудио систем McIntosh, достапен како опционал на верзиите Overland и Summit, и е стандарден со пакетот Summit Reserve. Овој систем се одликува со засилувач од 17 канали со 950 W со 19 звучници, вклучително и 10-инчен сабвуфер.

Споделувањето на идеите на дизајнерските тимови на ФКА и McIntosh резултираше во уникатен аудио систем дизајниран за брендот Jeep и се одликува со ист квалитет како и домашните аудио системи McIntosh. Системот уште повеќе ги истакнува новитетите и квалитетот на внатрешноста на возилото.

Нивоата на опременост Overland и Summit исто така се одликуваат со кров на отворање

CommandView co електрично отворање (на располагање по барање на верзијата Limited). На верзијата Laredo на располагање по барање, достапен е кров со единечпен панел.

Нова просторност

Дизајниран за максимална удобност, новиот Jeep Grand Cherokee L 2021 нуди капацитет на возило со три реда седишта и поголема количина на товар. Благодарение на меѓуоскиното растојание од 121,7 инчи (3.091 мм), возилото има голем оддел за патници со простор за патниците од вториот ред како репер во својот сегмент.

За полесно влегување и излегување, Grand Cherokee L има поголеми задни врати од претходните генерации, кои се отвораат до 64 степени и се опремени со скаличка.

Внатре, автомобилот може да собере шест или седум патници. Вториот ред се состои од лизгачки седишта на спуштање и преклопување (клупа, достапна како опционал), кои може да лизгаат 7 инчи (180 mm) напред или назад за да се зголеми просторот во третиот ред. Третиот ред со електрично преклопување е достапен по барање. Седиштата од вториот ред лесно може да се поместат за да се создаде поширок премин за третиот ред, плус нема потреба да се отстрануваат на детските седишта монтирани во вториот ред за да се пристапи до третиот. Наменет за удобност на патниците, третиот ред нуди простор за глава од 37,3 инчи (947 mm).

За поголема удобност на возачот, сите модели се опремени со потпирач за ногата и простор на вратите за безжични уреди. Седиштата од вториот ред можат да бидат настрана 18 степени за да се обезбеди поголема удобност за патниците во текот на патувањето.

Зад вториот ред, волуменот на товар е 46,9 кубни метри. Третиот ред седишта е со деллива клупа 50/50 за да може лесно да се превитка наназад. За повеќе простор при носење товар, седиштата од вториот и третиот ред може да се преклопат за да се создаде рамна површина за товар. Со преклопени седишта од вториот и третиот ред, обемот на товарот се зголемува на 84,6 кубни метри.

Во споредба со претходната генерација, Grand Cherokee L нуди поголема видливост на сите патници, благодарение на големите странични прозорци. Направени се значајни подобрувања за да се реши проблемот со страничните и задните мртви агли на столбовите (со зголемување на видливоста за седум степени). Големите стаклени површини ја прават кабината да изгледа попространа и обезбедуваат поголема видливост.

Grand Cherokee L е првото возило на FCA опремено со електронски систем за далечинско управување, сместен во багажниот простор за лесно спуштање на седиштата од вториот ред (Captain chair е во стандардна опрема, а по барање е достапна и клупа). Системот е стандарден за верзиите Overland и Summit.

Функција која ви овозможува да го поставите отворот на задната врата на одредена висина е дел од стандардната опрема на верзиите Limited, Overland и Summit и е достапна на барање за нивото на опременост Laredo. Верзиите Оверленд и Самит стандардно се одликуваат со автоматско отворање на задниот отвор, што може да се активира со движење на ногата.

Напредни системи за безбедност

Новиот Jeep Grand Cherokee L 2021 нуди повеќе од 110 системи за активна и пасивна безбедност, co иновативни технологии кои ја доведуваат до совршенство соработката помеѓу возачот, возилото и патот.

Иновација на врв во сегментот

Grand Cherokee L опремен е со низа напредни карактеристики за да се обезбеди максимална безбедност за возачот и патниците. Тоа се системи што го зголемуваат видното поле на возачот, ја прават инструментацијата повидлива и му овозможуваат на возилото на одредено ниво на асистенција при возење за да се спречат ризиците од судир.

Active Driving Assist е име на системот за автоматизирано возење од второ ниво (L2), дадено од страна на ФКА, што укажува на тоа дека ФКА се стреми кон иднина со автоматизирано возење. Grand Cherokee L располага со Active Driving Assist – активна асистенција на возачот со раце на воланот и поглед на патот, благодарение на функцијата Lane Centering – враќање во коловозна лента co Adaptive Cruise Control-адаптивен темпомат. Системот се служи со разновидни сензори, радар и телекамери за да ѝ ги достави потребните информации на технологијата. Active Driving Assist – активната асистенција на возачот е на располагање по барање на нивото на опременост Overland и е во серија на верзијата Summit.

Hands-free Active Driving Assist – Асистенција за активно возење со слободни раце е името што ФКА го додели на системот за автономно возење L2, што ќе биде достапно кон крајот на 2021 година на нивоата на опременост Overland и Summit на Grand Cherokee L модел 2022 година. Овозможува да се вози со слободни раце, при каква било брзина и да се остане во средина на коловозната лента, на  одредени типови патишта. Покрај тоа, системот ја намалува брзината на возилото на предвидлив начин во тесните кривини за автоматски да ја врати контролата откако ќе го опомене возачот и ќе провери дали тој е внимателен на патот.

Камерата за ноќно гледање, достапна како опционал на верзиите Overland и Summit, користи термографска технологија за да го зголеми опсегот на предните светла на Jeep Grand Cherokee L. Инфрацрвените сензори ја откриваат топлината што произлегува од пешаците и животните на патот до растојание до 219 јарди (200 метри). Откако ќе се најде пречката, на таблата со инструменти пред возачот се прикажува предупредување што ја покажува неговата позиција во однос на возилото.

Ергономската форма е клучна карактеристика за функционирањето на екранот Head-up Display (HUD). Достапен како опционал на верзиите Overland и Summit, системот му обезбедува на возачот до пет различни елементи на информации и вклучува Active Lane Management – Активно управување во лентата, Adaptive Cruise Control – адаптивен темопмат, навигација, брзина, вклучена брзина и ограничувања на брзината.

Intersection Collision Assist – Асистенцијата за попречен судир овозможува да се идентификуваат возилата што доаѓаат од десно и лево во близина на раскрсница. Четири радари и камера проверуваат дали судирот е неминовен, што го тера системот да емитува звучни и визуелни сигнали. Во случај возачот да не реагира, системот автоматски ја активира кочницата. Оваа функција е стандардна кај верзијата Summit.

Detectiony Driver Detection ги проверува движењата на возилото, на пример, во случај на напуштање на лентата и интеракциите со возачот, како што се движењата на управувачот, за да се открие каков било замор на возачот. Откако ќе се достигнат специфичните прагови, системот емитува акустични и/или визуелни сигнали кои го покануваат возачот да застане и да се одмори. Системот е стандарден кај верзијата Summit.

Задната дигитална камера, достапна по барање на верзијата Limited па нагоре, го заменува традиционалното ретровизорче и располага со екран со течен кристал од 9,2″( LCD) што ги прикажува снимките од задната камера во реално време. Кога не се користи како екран, истиот функционира како нормално огледало од ретровизор.

Traffic Sign Recognition – Препознавање на сообраќајните знаци, стандардно кај нивото на опременост Summit, користи предна камера за да ги идентификува ограничувањата на брзината и поврзаните сообраќајни знаци, како што се оние што сигнализираат присуство на училишта и градилишта.

Дополнителна заштита и безбедност се гарантирани од Surround View камерата. Достапен како опционал на верзиите Limited и Overland и стандарден на верзијата Summit, овој систем нуди преглед на 360 ° на возилото и неговата околина преку дигитален екран на допир 10,1 ”со динамична решетка. Опремен со функцијата за чистење, системот исто така има и асистенција за паркирање пред ParkSense.

Нивото на опременост Summit располага и со Parallel and Perpendicular Park Assist – Асистенција за паралелно и паркирање под прав агол во стандардна опрема. Овој систем му помага на возачот во маневрите при паркирање со помош на ултразвучни сензори. ФКА е првиот производител на автомобили што ја користи оваа технологија со наменска визуелизација на екранот од системот за информирање и забава.

Во сериска опрема на сите нивоа на опременост на Grand Cherokee L спаѓаат следниве системи за безбедност:

Full-Speed Collision Warning – Предупредување за судир co Active Braking – Активно кочење и откривање на пешаци/велосипедисти

Rear Cross-Path Detection  – Откривање на задни препреки

Adaptive Cruise Control – Адаптивен темпомат co функција Stop and Go

Active Lane Management – Активно одржување во коловозна лента

Lane Departure Warning LaneSense Предупредување за излегување од лента LaneSense – co Lane Keep Assist – Асистенција за задржување во лента

Advanced Brake Assist – Напредна асистенција за кочење

Blind Spot Monitoring – Прегледност при слеп агол

ParkView – задна телекамера

Задни сензори за паркирање со ParkSense co стоп

Електрична рачна кочница

Прегледност на притисок во пневматиците

Grand Cherokee L ги користи карактеристиките на челикот со висока отпорност за да го намали преносот на влијанието на енергијата до делот за патници. Автомобилот е опремен и со осум воздушни перничиња, вклучувајќи странични воздушни завеси и странични воздушни перничиња интегрирани во седиштата за пределот на стомакот.

Напредни технолошки содржини

Jeep Grand Cherokee располага со најбогата технолошка опрема досега и презентира иновативни содржини од најновата генерација, вклучувајќи го и напредниот систем Uconnect 5, камерата за надгледување на задните седишта, дигитален ретровизор, HUD проекторот на предното стакло, дигиталната табла со инструменти и премиум аудио системот McIntosh со 19 звучници.

Нов систем Uconnect 5

Jeep Grand Cherokee L 2021 е опремен со најновата генерација на системот Uconnect, кој располага со екран од 10,1″ и интуитивно искуство на корисникот. Новиот систем Uconnect 5 нуди пет пати поголема брзина на функционирање од претходната генерација. Благодарение на оперативниот систем Android и over-the-air (ОТА) надградбите, Uconnect 5 е исклучително флексибилен и постојано се развива за да понуди постојано нова содржина, карактеристики и услуги.

Uconnect 5 претставува содржини и функции за поврзување инспирирани од максимално лесната употреба. Системот вклучува:

  • Дигитален екран на допир од 8,4” или 10,1”
  • Пет кориснички профили и начин на работа режимот Valet што овозможува да се прилагодуваат омилените избори на музички, апликации, позиции на седишта, прилагодувања на огледала и поставувања на климата
  • Безжична поддршка за Apple CarPlay и Android Auto
  • Комплетно прилагодлива почетна страница за што полесен и побрз пристап до функциите кои најчесто се користат со едноставен допир
  • Можност за истовремено поврзување на Bluetooth на два мобилни телефони
  • Соединување на функциите “Home to Car” на Alexa, виртуелниот асистент со функцијата природен глас и “Car to Home”
  • Нова апликација за мобилен телефон на Uconnect
  • Платформа SiriusXM 360L и нова услуга Personalized Stations Powered by Pandora
  • Навигатор TomTom co предвидливо пребарување, природен глас и ажурирање на информации за сообраќајот во реално време
  • Ажурирање OTA на мапите од системот Uconnect NAV
  • Hotspot Wi-Fi 4G LTE за да може да се приклучат осум безжични уреди истовремено

Grand Cherokee L е опремен со сè што е потребно за да ги одржи патниците поврзани за време на возењето. Како опционал, патниците од првиот ред можат да имаат безжичен полнач, додека двојните USB-Type-C порти се достапни во стандардна опрема и овозможуваат полнење на уредите до четири пати побрзо. Jeep Grand Cherokee L нуди вкупно 12 USB-порти A и Type C на сите три реда седишта. Единствените USB порти во третиот ред се опционали на верзијата Laredo, додека на останатите нивоа на опременост, почнувајќи од Limited се стандардни.

Телекамера за надгледување на задните седишта

Jeep Grand Cherokee L 2021 може по барање да биде опремен со камера за надгледување на задните седишта која проектира слики со висока резолуција и нуди уникатни карактеристики, вклучувајќи јасен преглед на детските седишта во вториот ред, екран со повеќе прикази истовремено и функција “Zoom-to-seat”.

Сликите на камерата насочена кон задните седишта може да се гледаат на екранот на допир од 10,1″ на системот Uconnect и да му овозможат на возачот брзо да го провери целиот патнички простор и лесно да ги зумира одделните седишта. Функциите за меморирање ја одржуваат зумираната рамка на последната забележана позиција, за да обезбедат лесна употреба и да ги ограничат моментите на одвлекување внимание на возачот.

Камерата е поставена на плафонот помеѓу седиштата од вториот и третиот ред. Системот автоматски се менува помеѓу дневниот и ноќниот режим за да обезбеди подобра видливост. Камерата за надгледување на задните седишта е достапна по барање на нивоата на опременост Limited, Overland и Summit.

Дигитални новитети

Jeep Grand Cherokee L е првото возило произведено од Jeep кое нуди целосно дигитален ретровизор. Снимките од задната камера се проектираат во реално време на дигиталниот ретровизор, обезбедувајќи непречен поглед од столбот D или од задните седишта. Исто така, може да работи како нормален ретровизор. Дигиталниот ретровизор е достапен како опционал на нивото на опременост Limited, Overland и Summit и нуди непречена видливост одзади за поголема безбедност и спречување несреќи.

Jeep Grand Cherokee L е првото возило на Jeep кое нуди HUD систем поставен на шофершајбната. Достапно по барање на Overland и повисоките верзии, систем кој нуди екран-проекција на предното стакло, којшто може да достигне големина до 10”и четири опции за конфигурација: три однапреед одредени и една прилагодена. HUD системот му обезбедува на возачот витални информации, вклучително и ограничувања на брзината и брзината на возилото, како и податоци од системите за навигација и асистенција на возачот. Сите поставки на HUD можат да се прилагодат и меморизираат во профилот на возачот.

Новитет на Grand Cherokee L е и дигиталната инструмент табла од 10,25 инчи co дизајн без рамка. На располагање во стандардна опрема, му доставува на корисникот дузина разновидни менија за активирање на технологиите за асистенција при возење како што се Adaptive Cruise Control – Адаптивниот темпомат, Active Driving Assist – Активната асистенција при возење, Night Vision – Ноќното гледање, Drowsy Driver Detection – Откривање на замолр кај возачот и Traffic Sign Recognition – Откривање на сообраќајните знаци (доколку ги има во опремата).

Дополнителните функции вклучуваат управување со мултимедија, идентификација на повикувачот, читање на дигиталниот брзиномер, режими на возење и притисок во пневматиците. Системот нуди и мапи за навигација на цел екран и информации за одвивање на сообраќајот во реално време. Таблата со инструменти во боја овозможува да се направи избор помеѓу дигитални или аналогни инструменти.

Меѓу опциите за прилагодување на Grand Cherokee L, секој возач има можност да ги зачува претпочитаните поставки на таблата со инструменти во сопствениот кориснички профил, што може да се повлече автоматски. Графиката се прикажува на екранот во реално време со 3Д анимација.

Аудио систем со супериорен квалитет

Повеќе од 70 години McIntosh произведува одлични домашни аудио системи за љубителите на музиката низ целиот свет. Американскиот бренд ги достави и аудио системите за инаугуративните говори на американските претседатели и за некои од најзначајните настани во историјата на музиката. ФКА во моментов е единствениот производител на автомобили што инсталирал аудио систем Мекинтош на своите возила и со него за прв пат го опремува Jeep Grand Cherokee L 2021.

Деветнаесет звучници дизајнирани по мерка, вклучително и 10-инчен сабвуфер, стратешки лоциран во возачката кабина, нудат звук со врвен квалитет за интензивно и обемно доживување на звукот. Звучниците се поврзани со засилувач од 17 канали со 950 W, специјално дизајниран за возачката кабина на Grand Cherokee.

Овој премиум аудио систем од McIntosh е тестиран и оптимизиран од професионалци и адаптиран да биде сместен во кабината. За да се избегне оштетување на звучниците, звучниот систем се карактеризира со технологијата Power Guard® на McIntosh. Позицијата на звучниците во внатрешноста на патничкиот простор и другите интегрирани технологии, вклучително и системот со Low Distortion/High Performance (LD / HP), го намалуваат изобличувањето на звукот за уникатно доживување при слушање.

Покрај обезбедувањето извонреден квалитет на звукот, системот McIntosh за Grand Cherokee е дизајниран така што естетски одговара на префинетата внатрешност на возилото и ги интегрира дизајнерските елементи на системите McIntosh. Особено внимание беше посветено на фактот дека контролите на аудио системот го репродуцираат дизајнот на копчињата на засилувачите McIntosh. Логото на McIntosh  на решетката за интегриран звучник на вратата е осветлено со традиционалното сино LED светло на брендот. Слична по формата и суштината на домашните аудио системи McIntosh, маската на сабвуферот на Grand Cherokee L е украсена со логото „Мс“ што се појавува на отвори за вентилација Monogrammed Heatsinks™.

Премиум аудио системот на Мекинтош е достапен како опција на верзиите Overland и Summit и е вклучен во пакетот Summit Reserve.

Продукција: гордо реализирана во ‘Motor City’

Новиот Jeep Grand Cherokee L 2021 се произведува во новата фабрика во Детроит – Assembly Complex – Mack Plant, првиот производствен погон изграден во градот Детроит во последните три децении. FCA инвестираше 1,6 милијарди американски долари за изградба на објект за бојадисување од 790 000 квадратни стапки (приближно 73,400 квадратни метри) и претворање на двата постојни погони за производство на мотори во нова фабрика за склопување. Инвестицијата помогна да се создадат 3.850 работни места за поддршка на производството на новата верзија – прва со три редa седишта на Jeep Grand Cherokee, како и новата верзија со два реда и идните електрифицирани модели. Официјалното пуштање во употреба на фабриката е закажана за првиот квартал од 2021 година.

Пат кон повисок квалитет

Едно е да се редизајнира најнаградуваниот теренец во светот на хартија; сосема друго е да се осигура дека неговите перформанси на патот (и теренски) навистина ги исполнуваат очекувањата.

За да можат да го лансираат новиот Jeep Grand Cherokee L 2021 на пазарот, инженерите на FCA го искористија интелектуалниот капитал натрупан со децении активност и да се препуштат да ги води авантуристичкиот дух на клиентите на Jeep.

„Постои причина зошто клиентите на Јеep толку бараат“, рече Марк Чампин, раководител на одделот за квалитет при FCA – Северна Америка. „Тие се навикнати да одат каде сакаат и кога сакаат, водени од извонредниот дух на Jeер. Наша должност е да ги исполниме овие очекувања “.

Технологија “gap and flush” – јазови и рамнини

Новата фабрика во Детроит Assembly Complex – Mack, каде што ќе се произведува Grand Cherokee L, има мерна ќелија во која ласерската светлина во комбинација со радар ја проверува геометријата на панелите на телото. Секое возило склопено во новиот производствен капацитет поминува низ оваа ќелија, за да се обезбеди прецизна и подеднаква завршна обработка.

Веќе користена во одделите за каросерија на FCA, технологијата за мерење „gap and flush“ во новата фабрика во Детроит Assembly Complex – Mack за прв пат се користи на крајот од производната линија. Оваа технологија гарантира повторливост и точност поголема во однос на  традиционалните системи за мерење со телекамера. Следствено, ексклузивниот профил на секој модел на Grand Cherokee L верно ја отсликува визијата на дизајнерите на Jeep.

Повеќе Chalma

Новата фабрика во Детроит Assembly Complex – Mack на FCA располага со писта на која посебно подготвениот персонал изведува пробни возења за да се добие полтврда од повеќе важни аспекти, како на пример тивкоста во патничкиот простор. Но, патот на Grand Cherokee L 2021 кон квалитет од повиоко ниво, во реалноста, започна во еден микропроцесор во Централно Мексико за да заврши во Детроит поминувајќи ги тестирањата во FCA во близина на Челси, Мичиген.

Овој персонал собра низа податоци за употреба од сопствениците на Grand Cherokee од претходната генерација, чија анализа обезбеди многу јасни податоци: за понатамошно зголемување на робусноста и јачината на комбинацијата тело/шасија, потоа по барање на клиентите, инженерите на ФКА одлучија дека има потреба од “повеќе Chalma”.

Името доаѓа од патот на југот од градот Мексико кој во минатото бил толку тежок, што практично бил непрооден. Реконструиран на патеката за тестирање на ФКА во Челси, Proving Grounds, “Chalma Road” е патека преполна дупки, убиствени камења и два типа на опасни јазови, дијагонални и попречни.

Grand Cherokee L помина 1.000 часови низ груби тестови на овој непријателски пат. Што е уште посоодветно, рече Чемпин, бидејќи „единствените потешки и потврдоглави нешта за возилата на Jeер се нивните сопственици.”

Перформанси и луксуз: историјата на Grand Cherokee

Со 80 години легендарна историја, секое возило на Jeep може да се пофали со традиција и уникатна персоналност. Сите тие нудат исклучителни перформанси и разноврсност. И Grand Cherokee сигурно не е исклучок. На своето деби, првата генерација на Grand Cherokee постави нови стандарди во однос на елеганцијата и перформансите, потврдувајќи се низ четири генерации како  најнаградуван теренец досега.

Jeep Grand Cherokee: првата и втората генерација (ZJ/WJ): 1993-2004

Jeep Grand Cherokee дебитираше на 7 јануари 1992 година минувајќи низ стакленикот на  Конгресниот центар во Детроит, на Меѓународниот саем за автомобили во Северна Америка. Првиот теренец опремен со воздушно перниче за возачот, веднаш постави нови стандарди во однос на динамиката на патот, управувањето и удобноста во категоријата на SUV. Со меѓуоскино растојание од 105,9 инчи, Grand Cherokee понуди супериорни перформанси. Новите суспензии на Quadra-Coil имаа multi-link конфигурација. 5.2-литарскиот мотор V-8 беше понуден како опција, а задната оска Dana 44 беше достапна како опционал.

Jeep Grand Cherokee: трета генерација (WK): 2005-2010

Резултат на целосната реинтерпретација на генерациите ZJ/WJ, овој Grand Cherokee комбинираше луксуз и моќ со тивок и удобен квалитет на возење. Инженерите на Jeep работеа напорно за да ги подобрат перформансите на патот и го опремија возилото со независна двојна триаголна  преклопена предна суспензија. Кон ова беше додаден и изборот на три различни мотори, вклучувајќи го и моќниот 5,7-литарски V-8 HEMI® мотор со 330 КС. Jeep Grand Cherokee SRT8 од 2006 година беше опремен со 6,1 литарски V-8 HEMI мотор способен да испорачува 420 КС и 420 lb.-ft. од вртежен момент, 20” алуминиумски тркала и сопирачки со четири клипови Brembo. Системот со погон на сите четири тркала Quadra-Drive II се одликуваше со диференцијал со ограничено пролизгување  на предната и задната оска и системот за блокриање на централниот диференцијал што може да се активира при ниски брзини.

Jeep Grand Cherokee: четврта генерација (WK2): 2011-до сега

По повеќе од 4 милиони продадени примероци од лансирањето на првата генерација на Grand Cherokee, во 2011 година, Јеер ја обнови формулата за да понуди возило што може да комбинира перформанси на пат и теренски способности, нов елегантен надворешен дизајн и бројни системи за заштита и безбедност. Моделот Trailhawk беше претставен за прв пат во 2017 година, со воздушна суспензија Quadra-Lift, систем за погон на сите тркала Quadra-Drive II, пневматици за секаков терен и пакет Skid Plate. Претставен како најбрзиот и најмоќниот SUV досега, во новото ниво на опременост, Trackhawk, спаѓаше 6,2-литарски мотор V-8 HEMI, и се одликуваше со модифициран систем за ладење на моторот, сопирачки со високи перформанси Brembo и уникатен режим Launch со референтни перформанси на патеката.

Ви треба информација? Разговарајте со нас