Continue

Новиот Jeep® Compass освои пет ѕведички на EuroNCAP

11 September 2017

Новиот Jeep® Compass ти освои петте престижни ѕвездички на EuroNCAP благодарение на позитивните резултати во сите категории кои се однесуваат на заштитата на возрасни патници, деца, на пешаците и на системите за безбедност и помош при возење.
Значаен резултат, имајќи ги предвид строгите критериуми кои во 2017 станаа уште поизискувачки, што ги истакнува резултатите како на полето на безбедноста и заштитата на возачот и патниците, што беше централен елемент во развојот на Jeep Compass, новиот компактен SUV ги соединува и посебниот и модерен дизајн, легендарните теренски својства (off-road) на марката со интуитивната технологија и широката гама на системи за помош при возење.
Петте ѕвездички на EuroNCAP се освоени благодарение на двата озновни елементи на новиот Jeep Compass: егикасноста на “бебедносниот кафез ” – кој е формиран од преку 65% од високоотпорен челик – што гарантира торзионална цврстина и поголема заштита на патниците; и вградени перку 70 системи за активна и пасивна безбедност, кои го сочинуваат новиот референтен стандард.
Системите за безбедност кои се сериски вградени на новиот Jeep Compass опфаќаат ваќни системи за активна помош при возењето како што се Forward Collision Warning-Plus и LaneSense Departure Warning-Plus che, кои ја комбинираат радар технологијата и телекамерите, овозможувајќи да се препознаат потенцијалните судари и да го спречат ударот, предупредувајќи го возачот преку акустични, визуелни и допирни сигнали. Меѓу останатото, овие системи му помагаат на возачот во одредени услови да го искористи и електронскиот волан (EPS).
Инаки, на располагање има и дополнителни безбедносни системи посебно проектирани за да му помогнат на возачот во текот на долгите патувања. Меѓи нив и Adaptive Cruise Control кој одржува сигурно растојание од возилото што претходи и, во одредени случаи, е во состојба целосно да го запре движењето на Jeep Compass без да има потреба од интервенција на возачот; Blind-spot Monitoring (во склоп на parking pack) кој му помага на возачот во текот на промената на лентата на движење и го предупредува доколку има возило во слепиот агол благодарение на светлечките икони на ретровизорот и звучниот сигнал, што го одбира возачот. Безбедносната опрема на новиот Compass опфаќа и специфични системи за помош при маневри за паркинг меѓу кои и уредот Rear Cross Path Detection, кој го предупредува возачот за присуство возила при излегувањето од паркинг местото, благодарение на светлечките икони на ретровизорот и звучниот сигнал што го одбрал возачот.
Овие системи ја комлетираат опремата ‘од пет ѕвездички’ на новиот Jeep Compass кој предвидува и 6 воздушни перничиња (предни, за возачот и совозачот, странични, воздушни завеси за сите редови на седишта и странични за предните седишта) и ESC (електронска контрола на стабилноста) co ERM (електронски систем протибв превртување).
Торино, 6 септември 2017

Ви треба информација? Разговарајте со нас