Continue

Марката Jeep® триумфира на овогодинешното издание на наградите за списанија OFF ROAD

15 July 2021

Освојувајќи седум награди, петте модели на Jeep® доминираа на наградите Readers ‘Choice, кои секоја година ги доделуваат читателите на германското специјализирано списание OFF ROAD, и тоа:

–              Jeep Renegade: е најдобриот теренец во категоријата „Compact“ седма година по ред

–              Jeep Wrangler 4xe plug-in hybrid: на подиумот во категоријата „Alternative Drives“

–              Гамата Wrangler: второ место во категоријата „Off-road“

–              Jeep Grand Cherokee: најпосакуваното „Luxury Off-road vehicle“ меѓу увозните брендови и освојувач на 2-то место во категоријата „Новитет на годината“ дури и пред неговото комерцијално лансирање во Европа

–              Јеер Gladiator: второ место во категоријата „Pick-up“

–              Jeep Compass: трето место во категоријата „Compact SUV“, во кое доминира Jeep Renegade

Помалку од една недела по 80-от роденден, Марката  Jeep® обезбеди серија големи награди на 2021 издание на наградите доделени од читателите на OFF ROAD Magazine, германскиот магазин специјализиран за возила 4×4 и SUV. Пет модели на Jeep имаат освоено седум многу посакувани награди од 251 натпреварувачи, поделени во 13 категории.

Jeep Renegade беше прогласен за најдобар SUV во престижната категорија „Compact SUV“ седма година по ред. Renegade беше првиот избор на читатели на OFF ROAD, со 12,7% од гласовите. Ова е значајно достигнување, бидејќи Renegade беше првиот модел на Jeep кој се натпреваруваше во високо конкурентскиот мал SUV сегмент, во кој доминираше од комерцијалното претставување пред седум години. Неговиот непогрешлив стил на Jeep и можностите на неговиот 4xe plug-in хибриден систем беа особено популарни кај читателите на OFF ROAD.

„Би сакале да им се заблагодариме на читателите на OFF ROAD за нивните гласови и огромната поддршка“, рече Кристијан Мение, главен извршен директор на Марката  Jeep. „Фактот дека овие ентузијасти и читатели со огромни познавања ги наградија перформансите, слободата на отворено и забавата што ги нудат возилата на Jeep,  препознавајќи во исто време дека употребата на електрификација ги подобрува сите овие клучни карактеристики, што е доказ дека нашата 4xe електрична технологија претставува природна еволуција на 80-годинишното лидерство на Марката  во однос на перформансите 4×4 и иновативноста “.

Со доделување на третото место на Jeep Compass во истата категорија со 9,5% од гласовите, читателите на OFF-ROAD јасно ја направија Марката Jeep силен фаворит во сегментот на компактни SUV.

Jeep Wrangler 4xe го зазеде првото место во категоријата „Alternative Drives“, особено важно признание што го покажува интересот на читателите на OFF ROAD за електричната иднина на мобилноста. Новиот модел Wrangler опремен со plug-in хибридна технологија освои 12,5% од гласовите, далеку пред второпласираниот модел. Иконата Jeep Wrangler исто така го зазеде второто место во категоријата „Off-Roader“ од А-класа, освојувајќи 27,6% од гласовите.

Актуелниот модел на Jeep Grand Cherokee, пак, беше прогласен за најдобро увозно теренско возило во категоријата „Luxury“ пред сите други увозни брендови на германскиот пазар и е втор во генералниот пласман на Б „Luxury Off-Roader“ категорија. Покрај тоа, далеку пред своето деби на европскиот пазар, новиот Grand Cherokee, моделот што ќе ја замени сегашната генерација, веќе обезбеди извонредно признание оваа година, заземајќи го второто место во категоријата „Новитет на годината“.

Jeep Gladiator, неодамна лансиран во Европа, го освои второто место во категоријата „Pick-up“ на С-класа, со само 0,5% помалку гласови од победникот.

Првото издание на наградите OFF ROAD се одржа во 1982. Со текот на годините списанието продолжи да им нуди на своите читатели можност да гласаат за нивниот омилен модел 4×4. Над 39.211 читатели учествуваа во изданието 2021 на OFF ROAD наградите и резултатите од оваа година ќе бидат објавени во бројот 9/21 на списанието.

Ви треба информација? Разговарајте со нас