Continue

Марката Jeep® наградена со две признанија во рамките на “4×4 Of The Year” awards 2021

15 January 2021

Jeep® Wrangler освои ја специјалната награда Off-Road Award.

Jeep® Renegade ја освои титулата Best Small SUV за хибриден модел Plug-in 4xe, кој неодамна се појави на пазарот.

Во годината кога се одбележува 80° роденден на марката Jeep®, британското списание 4×4 Magazine ги награди моделите Wrangler и Renegade на изборот “4×4 of the Year”, спонзориран од BFGoodrich.

Jeep® Wrangler уште еднаш се појави на изборот на Off-Road Award на списанието 4×4 Magazine, освојувајќи го подиумот во една специјална категорија која се концентрира исклучиво на теренскит перформанси на автомобилите. Поточно, жирито составено од експерти ја оценија едноставноста на Wrangler и неговата способност да се соочи со сè пред себе на возењето низ Африка, исто како што добро се снаоѓа на на автопатот M25 во Лондон.

Jeep® Renegade, пак, ја освои наградата за најдобар мал теренец, Best Small SUV, со хибридната plug-in 4xe верзија, која е надградена верзија на моделот што според судиите го издвојува од конкурентите во оваа категорија.

Секоја година, жирито на списанието 4×4 Magazine (едно од најреномираните списанија посветени на теренски возила), составено од експерти става на проба голем број на возила со интегрален погон кои доаѓаат од сите страни на светот. Освен што ги бодуваат теренските способности на возилото, членовите на жирито ги тестира возилата и на тешко пристапен терен, пред да ги искаже своите крајни оценки во различни категории, меѓу кои Small SUV, Medium&Large SUV, Performance SUV и Best Off-Roader. Вклучени се и специјални награди како што се Best Value, Off-Road Award и 4×4 Manufacturer of the Year.

Ви треба информација? Разговарајте со нас