Continue

Марката Jeep® го објави планот за воспоставување глобално лидерство во електрификацијата на SUV

12 September 2022

  • Марката Jeep® ја објави следната фаза во офанзивата на целосно електрифицирани производи за да стане лидер на глобално ниво кај SUV возила со нула емисии.
  • Марката ќе претстави четири комплетно електрични SUV возила во Северна Америка и во Европа до 2025.
  • Ќе бидат понудени електрифицирани модели од целата гама наменета за Соединетите држави, вклучително и Wagoneer 4xe.
  • До 2030 година, возилата со електрична батерија (BEV) ќе претставуваат 50% од вкупната продажба во Соединетите држави и 100% од продажбата во Европа.
  • Марката ги претставува двете SUV возила, комплетно нови и целосно електрични.
  • Jeep Avenger, првиот комплетно електричен SUV на Jeep за Европа ќе дебитира на Саемот во Париз на 17 октомври.

Марката Jeep® го објави комплетниот план за новата генерација на комплетно електрични возила 4xe, во рамките на одржливата трансформација, со која се стреми да стане главна светска марка со електрифицирани SUV возила.

Планот, претставен за прв пат на YouTube каналот на марката,

www.youtube.com/thejeepchannel, предвидува воведување на четири комплетно електрични SUV возила во Северна Америка и во Европа до крајот на 2025. Во рамките на планот на комплетното производство кое е во тек, до 2030 година, продажбата на марката Jeep во Соединетите држави ќе бидат претставени 50% комплетно електрични возила, додека до крајот на истата година, продажбата во Европа ќе се состои од 100% full-electric возила. Планот во целост ги поддржува целите воспоставени од Стелантис за нула емисии преку стратегијата изложена во нејзиниот долгорочен план наречен Dare Forward 2030 (Смело напред 2030).

Изјава на Кристијан Мение, генерален директор на марката Jeep

“Охрабрени од успехот на нашата електрифицирана гама 4xe во Северна Америка и Европа, ги дизајнираме и развиваме најдобрите и најодржливите SUV возила на Jeep досега, чекорејќи напред кон нашата цел: да станеме водечка светска SUV марка со нула емисии. Тоа е напредна стратегија за да се осигура фактот дека милионите вљубеници во Jeep ширум светот ќе продолжат да имаат планета за истражување, грижа и заштита. Електрификацијата е исклучително позитивна за нашата марка, бидејќи го прави уште попривлечен со перформансите кои ги поседува, поинтересен, одржлив и забавен.”

Марката Jeep ги објави првите слики од двата целосно електрични – новиот Jeep Recon и новиот Wagoneer, со кодно име Wagoneer S – кои ќе влезат во Северна Америка и другите региони низ светот, истовремено потврдувајќи дека целосно новиот електричен  Jeep Avenger ќе да биде лансиран во Европа на почетокот на следната година.

Електрифицирана гама на марката Jeep во Северна Америка

Како продолжение не успехот кој го постигна Jeep Wrangler 4xe, хибридно plug-in (PHEV) возило, најпродаван во Соединетите држави и на Grand Cherokee 4xe од скорешно производство, Марката развива комплетно нова гама на електрифицирани возила, посебно наменета за подобрување на легендарните способности на Јеер возилата и проширување на присуството во Северна Америка.

Изјава на Џим Морисон, директор на Марката Jeep во Северна Америка

“Со постепеното проширување на технологијата 4xe во нашата гама, ги редефинираме идеите за слобода и авантура како што тоа го прави само Марката Jeep. До крајот на 2025 година ќе ја електрифицираме целата наша гама, со четири целосно нови електрични возила кои ќе се вклучат во средиштето на пазарот”.

Планот за електрификација ќе ја прошири и гамата на Wagoneer. Марката ќе понуди целосно нов електричен Wagoneer во сегментот на премиум средни SUV. Во сегментот на големите SUV, моделите на Wagoneer ќе бидат опремени со погонски единици дизајнирани за проценета автономија од 500 милји во комбиниран циклус.

До 2030 година, Марката Jeep ќе понуди цела палета на нови електрични возила со батерија (BEV), со што ќе стане лидер во секторот SUV во однос на бројот на модели, учеството во сегментот и обемот на продажба. Како резултат на тоа, 50% од продажбата на брендот во Соединетите држави ќе се состои од целосно електрични возила.

Најновиот Jeep Recon: 100% Jeep; 100% нула емисии

Еден од првите електрични SUV Јеер пласиран во Северна Америка ќе биде Jeep Recon. Овој, комплетно нов, автомобил е наменет за оној кој ги сака авантурите до најоддалечените места во потполна тишина, со робусно возило и комплетно електрично возило. Jeep Recon уште на самиот почеток е конципиран да биде 100% Jeep 4×4 и со 100% нула емисии. Овој SUV ќе биде понуден ексклузивно како BEV и ќе ги надополни авантурите надвор од патиштата со:

  • Вистинска способност “Trail Rated” co систем за управување на погонот Jeep Selec-Terrain, електрична технологија за блокирање на оските, заштита на подвозјето, куки за влечење и специфични теренски гуми.
  • Вистинската слобода на отворено на Jeep со електричен кров на отворање со само еден допир, стакло и врати кои се вадат.
  • Систем Uconnect од најновата генерација, којшто вклучува детални туристички водичи за главните off-road рути.

“Најновиот целосно електричен Jeep Recon може да ја помине страшната патека Рубикон, една од најпредизвикувачките off-road рути во Соединетите држави, и да стигне до крајот на патувањето со доволна автономија за да се врати до градот за полнење“ – рече тој Меуние.

Овој глобален SUV ќе биде претставен на јавноста наредната година, а производството ќе започне во 2024 во Северна Америка. Во Соединетите држави, можноста за резервации на новиот BEV Jeep Recon ќе биде отворена на почетокот на 2023. Jeep Recon ќе се продава на интернационалните пазари, вклучително и Европа.

Новиот комплетно електричен Wagoneer: premiumness made in USA

И семејството Wagoneer исто така е во процес на проширување со целосно нов SUV. Со кодно име Wagoneer S, ова комплетно електрично возило ќе продолжи да го проширува присуството на марката во сегментот на премиум SUV, нудејќи аеродинамичен, елегантен и оригинален дизајн со стандарден погон 4×4, управување  „all-terrain“, напредни технологии специфични за Jeep и импресивни ингеренции во однос на перформансите.

Овој нов целосно електричен глобален SUV ќе се нуди исклучиво како BEV, со целна автономија од 400 милји со едно полнење, 600 КС и време на забрзување од 0-60 милји на час од приближно 3,5 секунди. Со надворешен дизајн со препознатливата решетка со LED осветлување, овој SUV ја комбинира аеродинамичката ефикасност со иконските вертикални странични ѕидови на Wagoneer.

„Ќе ги воодушевиме клиентите со премиум SUV со висока ефикасност, спакуван со висококвалитетни технологии и рачно изработени завршетоци, нудејќи способности 4×4, високи перформанси, неверојатно забрзување и целна автономија од 400 милји со едно полнење“, додаде Мение.

Најновиот BEV Wagoneer ќе биде претставен на јавноста наредната година, а производството ќе започне во 2024 година во Северна Америка. Во Соединетите држави, резервациите за целосно електричниот модел од Wagoneer ќе бидат отворени за клиентите на почетокот на 2023 година. Автомобилот ќе се продава на големите меѓународни пазари, вклучувајќи ја и Европа.

Новиот Jeep Avenger, првиот комплетно електричен SUV Jeep ќе пристигне во Европа во 2023

Во Европа, Марката Jeep веќе направи голема трансформација нудејќи само електрифицирани SUV во земји како Франција и Германија. До крајот на оваа година, гамата на SUV на Jeep ќе биде целосно електрифицирана на речиси сите европски пазари.

Планот објавен денеска се надоврзува на лансирањетона овие 4xе возила, што резултира со гама на перформанси, целосно електрични автомобили скроени за во Европа. До 2025 година Марката ќе воведе четири возила со нула емисии во Европа, со понуди во главните сегменти за обем на продажба. Како резултат на „нападот“ со овие производи, сите возила на Jeep кои се продаваат во регионот ќе бидат 100% електрични од 2030.

Првиот модел во оваа производна офанзива е целосно новиот електричен Jeep Avenger, компактен SUV кој беше претставен претходно оваа година како дел од долгорочниот стратешки план на Стелантис, Dare Forward. Новиот Jeep Avenger, кој ќе биде претставен во Европа и на други пазари како Јапонија и Јужна Кореја, ќе се позиционира под Jeep Renegade и ќе се произведува во високо ефикасната фабрика во Тики, Полска.

Со целна електрична автономија од 400 километри, овој нов SUV ќе понуди и одлично растојание од тлото и агли на прекршување и на излез за својот сегмент, како и спортски модерен и технолошки напреден ентериер со дарежлив простор за патниците и багажот.

Изјава на Антонела Бруно, директор на Jeep Европа во Стелантис

“Новиот Avenger ќе нуди севкупност од способности и карактеристични одлики на Jeep прилагодени за европскиот пазар. Овој модерен, забавен и возбудлив SUV ќе им се допадне на сè поголем број клиенти кои бараат автомобил од марката Jeep кој нуди високи перформанси, компактна, модерна и целосно електрична алтернатива на актуелните играчи“.

Jeep Avenger ќе дебитира на 17 октомври, на денот кога ќе се одржи конференцијата за печат на Саемот за автомобили во Париз, а истиот ден ќе биде отворена и можноста за резервации од страна на заинтересираните клиенти. Новиот Jeep Avenger ќе пристигне во салоните на почетокот на 2023 година.

4xe е новиот 4×4 според Jeep

Марката Jeep продолжува да ја проширува својата гама 4xе ширум светот, користејќи електрификација и технологија за да ги подобри своите легендарни 4×4 способности. Додека деталите за сегашниот план главно се однесуваат на Северна Америка и Европа, конкретните планови за другите региони ќе бидат објавени подоцна.

„Денес обезбедивме само прв увид во нашата нова гама на целосно електрични SUV возила, обезбедувајќи опиплив доказ за тоа што ќе се случува во наредните 24 месеци и зошто велиме дека 4xe е новиот 4×4“, рече Мение. „Оваа моќна комбинација на дизајн на Jeep, легендарни 4х4 способности и електрификација ќе го преиначат пазарот на SUV, овозможувајќи повеќе клиенти во повеќе земји и сегменти да нѝ се придружат на патувањето до Zero Emission Freedom – Слобода со нула емисии”.

Марката Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури.

Марката Jeep е покана за целосно уживање во животот, преку широката гама на возила, способни да пренесат на клиентите силно чувство на сигурност за да можат да се соочат со секое патување. Гамата на Jeep се состои од Cherokee, Compass, Gladiator, Grand Cherokee, Renegade и Wrangler. За целата гама на Jeep 4×4 на располагање е Jeep Wave, врвна програма за лојалност и услуги на клиентите полна со ексклузивни придобивки и бенефиции за да им се обезбеди на сопствениците на SUV возилата Jeep максимална помош и посветена 24/7 поддршка на легендарните 4х4 способности на марката Jeep, која е развиена благодарение на одвивањето на глобалниот план за електрификација којшто претставува трансформација на 4xe во нов 4×4, согласно целта на марката за постигнување “Zero Emission Freedom” – Слобода со нула емисии.

Ви треба информација? Разговарајте со нас