Continue

Комплетно нов Jeep® Wrangler

23 July 2018

Неприкосновениот off-road шампион, комплетно новиот Jeep®Wrangler, е најспособниот досега, нуди највисоко ниво на удобност и едноставност за секојдневна употреба.

На понуда се два типа на возење на четири тркала, активен, системи подготвени во секое време Command-Trac и Rock-Trac.

Модерен дизајн кој ги задржува сите автентични стилски елементи од легендарниот Wrangler со неколку комбинации на покрив кои обезбедуваат поголема слобода на отворен простор.

Во Европа, понудата вклучува два комплетно нови мотори, 2-l MultiJet II turbo diesel и  2.0-l turbo бензински мотор. Изборот на двата мотори го надополнува 3.6-litre V-6 Pentastar кој е достапен само на пазарите надвор од Европа, вклучувајќи го и Блискиот Исток. Сите опции на мотори кај  Wrangler доаѓаат со нов осум-степен автоматски менувач и функцијата Stop-Start (ESS) технологија.

 

Содржината на напредна технологија вклучува нови LED предни и задни светла, нов UconnectTM систем со Apple CarPlay, Android Auto и избор од 0, 7.0- или 8.4-inch екрани чувствителни на допир со можност за собирање и зумирање.

Низа сигурносни и безбедносни системи, вклучувајќи Надгледување на мртв агол со системот Rear Cross Path detection, ParkView задна камера со динамчни линии за означување, електронска контрола на стабилност (ESC) со ERM и четири стандардни воздушни перничиња.

Во изложбено-продажните центри низ Европа ќе биде достапен на есен и тоа со различни нивоа на опрема: Sport, Sahara и Rubicon со конфигурација од 2- или 4-врати. Моделите на Sahara може да бидат опремени со ексклузивниот Overland пакет.

Повеќе од 180 ексклузивни додатоци од Mopar® ја надополнува можноста за прилагодување на комплетно новиот Jeep Wrangler и дополнување на индивидуалниот стил на своите сопственицин.

Ви треба информација? Разговарајте со нас