Continue

Какво е чувството кога се вози Jeep® Renegade и Compass e-Hybrid

24 February 2022

Видео клип кој го истакнува чувството како е кога се вози хибрид hi-tech на Jeep® Renegade и Compass e-HybridP@ssw0rdJ89

Два врвни модели кои им нудат на корисниците нов пристап до електрифицираната гама Jeep.

Иновативен и посветен погонски систем за да им се овозможи на возачите движење во целосно електричен режим благодарение на “EV capabilities”.

Разновидно и релаксирачко чувство при возење, уште побезбедно преку широката гама на напредни системи за помош на возачот.

Renegade и Compass e-Hybrid пружаат иновативно чувство на хибридно возење, благодарение на еден специфичен погонски систем кој вклучува:

-нов бензински мотор, од 1,5 T4 турбо 130 КС 240 Nm,

-во комбинација со менувач со 7 брзини и двојна спојка, кој вклучува и електричен мотор од 48 Volt и 15 kW.

Батеријатра од 48 Volt се разладува со вода и вклучува конвертор  CC/CC од 48 во 12 Volt, како и еден Belt Starter Generator којшто е воведен за степенувано палење на моторот при ниска брзина, со што се зголемува удобноста.

Потоа, новиот турбо мотор со 4 цилиндри, од семејството Global Small Engine, којшто е проектиран за да биде  поприлагоден за употреба на хибридниот мотор.

Функционира при циклусот Miller којшто нуди повисок сооднос на комресија (12.5:1) и ја подобрува ефикасноста и така ја намалува потрошувачката на гориво.

Благодарение на погонскиот систем е-Hybrid, Renegade и Compass алтернативно, нудат потполна новина во сегментот со две погонски тркала. Корисниците можат да си ги задржат истите навики на возење и притоа да уживаат во вистинско возењ со хибридна технологија, co можност да се преверзуваат на потполно електричен начин и при ниска брзина, благодарение на “EV capabilities”.

Silent Start го стартува возилото без да се вклучи бензинскиот мотор.

Energy Recovery: ги полни батериите при успорување (e-Coasting) и при кочење (Regenerative Braking).

e-Queuing го активира електричниот stop & go кога има застој во сообраќајот.

e-Launch овозможува тргнување во електричен начин при стартување или повторно стартување на возилото.

e-Boosting го зголемува погонот на тркалата како поддршка на електричниот мотор за време на забрзувањето и ја подобрува точката на оперативност на безнинскиот мотор (и така ја намалува потрошувачката на гориво, како и емисиите на CO2) при вкрстување.

e-Creeping му овозможува на возилото да се движи со нула емисии при ниска брзина, со едноставно отпуштање на педалот за кочница.

e-Parking ги поедноставува маневрите при паркирање во EV начинот на возење, тивко и со нула емисии.

Параметрите на хибридното возење ги контролира возачот преку Hybrid Pages на екранот за информирање и забава преку посебните оддели на инструмент-таблата.

Благодарение на технолошкото ниво и софтвер од високата гама, Jeep® Renegade и Compass e-Hybrid нудат разноврсно и релаксирачко возење кое станува сè побезбедно, благодарение на широката гама на напредните системи за помош при возење (ADAS) со кои се опремени возилата.

Новиот систем Highway Assist му овозможува на Compass да достигне ниво 2 на автономно возење.

 

Марката  Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури.

Марката Jeep е еден вид покана за целосно уживање во животот, преку широкото портфолио на SUV и пик-ап возила кои се во состојба да им пренесат на корисниците силно чувство на безбедност за да можат да се справат со предизвиците при секое патување. Во Италија, гамата на Jeep се состои од Renegade, Renegade 4xe, Renegade e-Hybrid; Compass, Compass 4xe, Compass e-Hybrid; Wrangler 4xe и Gladiator, на кои нешто подоцна,им се придружи и Grand Cherokee 4xe.

Легендарните теренски способности на марката Jeep се развиваат благодарение на развојот на глобален план за електрификација на марката, при што 4xe се претвори во нов 4×4, за да се достигне целта „Слобода со нула емисии“, пренесувајќи ги истите вредности и историјата на Jeep кон нула емисии.

Сопствениците на Jeep се чувствуваат и отсекогаш се чувствувале како дел од група ентузијасти и страсни вљубеници во слободното движење.

Ви треба информација? Разговарајте со нас