Continue

И на снег и на мраз, безбедно зад воланот на SUV Jeep® 4xe

24 December 2021

Марката Jeep® спроведе забавен тест за да го оцени сопственото познавање за „зимско“ возење и да ги цени победничките квалитети на терен на моделите Jeep Renegade, Compass и Wrangler опремени со 4xe Plug-In Hybrid систем со погон на сите тркала. Сето тоа, збогатено со неколку, корисни совети од Jeep за безбедно и спокојно да се соочите со сезонските неволји.

Во цела Европа штотуку пристигна неверојатна зимска сезона, полна со снег, мраз и ниски температури. Неповолните временски прогнози и лизгавите површини ги одредуваат оние ситуации кога Jeep® SUV навистина стапува на сцена. Благодарение на новата 4xe plug-in Hybrid технологија (PHEV), воведена на Renegade и Compass 4xe, а неодамна и на иконата Wrangler, може да се помине студената сезона зад воланот на Jeep SUV со поголемо спокојство, како по снежните градски улици, така и на подолги растојанија кога се оди на планински места.

Благодарение на новиот интегрален погон кој им овозможува на моделите 4xe не само да ги зачуваат перформансите 4×4 од верзиите со термички мотор, туку дополнително да ги подобрат, обезбедувајќи безбедно движење дури и на снег или мраз. Која е тајната? Комбинацијата на мотор со внатрешно согорување и електричен мотор, на кој се заснова погонот 4xe, обезбедува поголем вртежен момент од оној што го дава конвенционален автомобил со мотор со внатрешно согорување и гарантира можност за негово прилагодување со екстремна прецизност и како во почетната, така и во наредните фази, вклучувајќи го интегралниот погон кога е потребен низок сооднос на трансмисија.

4xe ја идентификува „електрификацијата според Jeep“ и ги засилува суштинските вредности на марката, пред сè, слободата „да се оди каде и да е и да се прави што и да е“ благодарение на целосно електричниот режим на возење “full electric”: слобода екога навистина може да се оди каде и да е и без грижи дури и во зимската сезона, како што е во запишано во ДНК-та на марката. Благодарение на plug-in хибридната технологија, Jeep 4xe ги комбинира сите придобивки од нула емисии во електричниот режим со перформансите на сите терени и безбедноста на погонот на 4 тркала. Покрај тоа, возачите на Jeep можат да ги користат системите и опремата за безбедно возење на снег и лизгави површини, како што се:

– Snow – режим наменет за возење по снег на Renegade и Compass 4xe, кој го минимизира надвртењето и го максималиизира погонот, како и напредните системи за возење 4xe; на Wrangler 4xe,

– 4H part time – режим за скратено работно време 4 часа којшто е идеален и за справување со снежни терени благодарение на распределениот вртежен момент од 50 (напред) / 50 (позади) на постојан начин;

– Hill-Descent Control, кој ја контролира брзината на движење по надолнина дејствувајќи на предните и задните кочници за безбедно возење дури и во зима (на Renegade и Compass 4xe); Wrangler 4xe наместо тоа користи Selec-Speed® Control што ја одржува поставената брзина по надолнини, угорници и рамнини, како off road темпомат;

– Заден диференцијалан со ограничено пролизгување , со кој е опремен Wrangler 4xe Sahara, во автоматскиот начин на возење го распределува вртежниот момент помеѓу задните тркала, во зависност од условите на прилепување на гумитеза да го зголеми погонот и на снег; Wrangler 4xe Rubicon, пак, се разликува по блокирањето на приодниот и заден диференцијал, што ја зголмува силата на влечење на тло со слабо или нееднакво прилепување, идеално за зимско возење;
– функцијата eCoasting, којашто овозможува и да се искористи кинетичката енергија на автомобилот при долги спуштања за да се регенерира енергијата и да се складира во батеријата. Ова не само што е од корист за ефикасноста и екологијата, туку овозможува, преку поинтензивното поставување на e-coasting, да се гарантира побрзо полнење на батеријата додека се вози, оптимизирајќи ја енергијата произведена при сопирање, забавување или возење во лер. Притоа не треба да се заборави дека со регенерирање на енергијата се зголемува и моќта на кочењето;

– и секако, за удобно превезување на спортска опрема за снег, моделите Jeep 4xe имаат широк асортиман на автентични додатоци од Mopar®: тука се црните попречни шипки кои се користат за различни видови транспорт, како што се боксот и држачот за скии/даска за скијање, единечниот држач за скии или гумената подлога за преградата за багажникот, со логото на Jeep, која лесно се мие, што овозможува да не се валка автомобилот кога се товарат предмети како што се чизми за снег или калливи чевли.

Е сега, не преостанува друго, освен да се испроба тестот направен од американската марка за да се дознае сопственото ниво на умешност при „зимско“ возење. Притоа, не смее да се заборават корисните совети од Jeep кои, во комбинација со техничките карактеристики и специфичната опрема на моделите Jeep 4xe, овозможуваат безбедно да се помине студената сезона, благодарение на вниманието кое марката отсекогаш го посветувала на безбедноста на возачите, нивните семејства и нивните возила.

Ви треба информација? Разговарајте со нас