Continue

Името Wagoneer се враќа како продолжување на премиум класата на брендот Jeep® за да го прослави повторното раѓање на американската икона

06 October 2020

Новиот Grand Wagoneer Concept го редефинира концептот за SUV Premium

  • Вкоренето во трафицијата на марката Jeep®, Wagoneer ќе ја идентификува целата гама на концептот за ‘American Premium’ нудејќи им единствено искуство на клиентите.
  • Гамата Wagoneer ќе се карактеризира со автентични, иновативни и возила со перформанси со изработен дизајн и ќе понуди напредни технолошки содржини кои ќе бидат во состојба да ги воодушеват новите клиенти.
  • Софистицираната гама Wagoneer ќе му овозможи на Jeep да ја прошири сопствената гама на премиум производи SUV со големи димензии.
  • Опремен со авангардна технологија и премиум додатоци, новиот Grand Wagoneer Concept ја истакнува американската традиција и конструктивниот квалитет.
  • Ексклузивниот надворешен дизајн и просторната луксузна и ултра удобна внатрешност на Grand Wagoneer Concept укажуваат на тоа како треба да изгледа и возилото кое сериски ќе се произведува.
  • Grand Wagoneer Concept е современ исказ на SUV premium кој располага со екоодржливи материјали.
  • Опремен е со електричен мотор кој ветува високи перформанси како на пат, така и на терен, има својства 4×4 вредни за почит и пружа екстремно тивко возење со нула издувни гасови.
  • Wagoneer за прв пат е произведен во САД во 1962, а во 1984 прерасна во Grand Wagoneer, кој нудеше сосем нова сериска опрема за едно возило
  • Производството на Wagoneer и на Grand Wagoneer ќе започне наредната година во Детроит.

Новиот Grand Wagoneer Concept, претставен во Детроит го одбележува повторното раѓање на иконата на американската традиција и ја најавува модерната интерпретација на идните SUV premium на марката Jeep®.

Дебито на софистицираниот концепт Grand Wagoneer веднаш го сместува легендарното име Wagoneer како продолжување на премиум возилата на брендот. Wagoneer ќе го редефинира концептот на “American Premium”, нудејќи им единствено искуство на клиентите.

“Нашиот Grand Wagoneer Concept претставува прв чекор кон повторното создаање на Wagoneer, автентичната и ексклузивна американска икона”, изјави Кристијан Мение, глобален претседател за брендот Jeep при Фиат Крајслкер Автомобили. “Co електрификацијата на сите модели на Jeep во наредните години и со повторното воведување на Wagoneer, брзо ќе се пропшириме во нови сегменти и категории под називот премиум.”

“Wagoneer несомнено е втемелен во корените на легендарниот бренд Jeep и во неговата единствена традиција составена од перформанси, автентичност и слобода. неговото враќање нѝ овозможува да се прошириме во премиум сегментите со нови решенија за дизајн и напредни содржини во однос на безбедноста и технологијата”, додаде Мение. “Возилата Jeep носат капацитет, ефикасност и перформанси на пазарот на возилата SUV, а Wagoneer ќе ги постави основите на една гама на модели кои ќе го редефинираат концептот на “American Premium”, станувајќи референтна точка за префинетост, автентичност и мобилност”.

Grand Wagoneer Concept располага со софистицирани авангардни технологии, меѓу кои и електричен мотор, софистицирани системи 4×4 и серија на ексклузивна опрема за внатрешен комфор во поглед на луксузот и квалитетот меѓу кои екранот за совозачот, апсолутен новитет на SUV.

“Во временска рамка од четврт век, Wagoneer и Grand Wagoneer воведоа комплетно нов сегмент за американските потрошувачи, како оној на SUV premium”, потврди Мение. “Новиот Grand Wagoneer Concept е модерна интерпретација на една безвременска икона, а обезбедува претходница на она што ќе го дефинираме и пшресоздадеме како референтен  премиум SUV”.

Воведен во Америка во 1962 како “model year 1963”, Wagoneer е првото возило кое е опремено со систем за интегрален погон со автоматска трансимисија. Карактеристика која недвојбено го прави предодредница на модерниот SUV. Две денцении подоцна Grand Wagoneer во 1984 создаде категорија на луксузни SUV возила, благодарение на новата сериска опрема која предвиде седишта во кожа и клима уред, радио стерео AM/FM/CB и систем за инсоноризација, на кои се придодаваа мотори со високи вредности на моќност и максимален вртежен момент.

Вредно за споменување е елегантниот и посебен дизајн кој изразува класа, префинетос и вредност. Истата формула која ја користи и новиот Grand Wagoneer Concept.

“Оригиналниот Grand Wagoneer е првиот луксузен SUV, а неговиот безвременски дизајн е прилагоден на карактеристиките made in USA, кои го прават посебен модел” потврди Ралф Гилс, директорот на дизајн – ФКА. “Grand Wagoneer Concept се инспирира од оригиналот, но нуди и модерна интерпретација за луксуз и слобода. Се обидовме да создадеме елегантен дизајн со безвременски линии, кој се издвојува по бројните детали кои сите заедно му даваат на возилото единствена персоналност.”

“Внатрешноста на Grand Wagoneer Concept е пространа и во неа се употребени материјали со висок квалитет кои го нагласуваат речиси опсесивното внимание со кое нашиот тим го насочува кон деталите и сведочат за американскиот квалитет за конструирање”, додаде Гилс. “Комплетно дигиталниот амбиент е претставен преку авангардна технологија, благодарение на широката употреба на екрани и ограничената упортеба на копчиња. Ова им овозможува на возачот и на патниците да доживеат удобно и интуитивно искуство”.

Благодарение на новиот концепт, Grand Wagoneer претставува апсолутна просторност на третиот ред седишта.

Сериските верзии на Wagoneer и на Grand Wagoneer ќе пристигнат во продажните салони во Северна Америка во 2021. Ќе се произведуваат во САД, во Ворен, Мичиген, блиску до центарот во Детроит. Во знак на кон нивната локација за производство и седиштето на компанијата, мапата на градот Детроит е репродуцирана на стаклениот покрив на Grand Wagoneer Concept.

Сериската верзија на Grand Wagoneer што ќе пристигне следната година ќе има капацитет за споредба благодарение на три системи 4×4 и воздушна суспензија Quadra-Lift, на кои се додава премиум динамично однесување со независна предна и задна суспензија, високи перформанси на патот и можност за влечење, напредни технолошки, безбедносни и содржини за поврзување, како и нови нивоа на удобност за патниците. Сето ова ќе се карактеризира со нов карактеристичен и елегантен дизајн

Историја на моделот Wagoneer/Grand Wagoneer
Лансиран во 1962 година како „моделска 1963 година“, оригиналниот модел Wagoneer на марката Jeep беше првото возило со погон на сите четири тркала опремено со автоматски менувач и се смета за претходник на модерниот SUV концепт. Wagoneer беше и првиот модел од ваков вид што ги комбинираше теренските можности на погонот на сите тркала со комфорт при возење, елегантен изглед и квалитетен ентериер. Како опција беше понудена независна предна суспензија, додека Quadra-Trac®, првиот постојан автоматски погон на сите тркала, беше претставен во 1973 година.

Лансиран во 1984 година, Grand Wagoneer се смета за претходник на луксузните теренци, бидејќи вообичаено нудеше ексклузивни карактеристики, како тапацир во кожа, клима уред, стерео радио AM / FM / CB, звучна изолација и надворешни украси на дрво. Се сметаше за „златен стандард на пазарот на теренци“, Grand Wagoneer исто така можеше да биде опремен со V8 мотор од 360 кубни инчи со голема моќност и вртежен момент и да нуди најдобар капацитет за влечење во својот сегмент.

Disclaimer: Ова соопштение за печат е превод на оригиналното соопштение објавено денес на страницата за печат на FCA Северна Америка http://media.fcanorthamerica.com). Во случај на несогласување помеѓу оригиналниот англиски текст и италијанскиот превод, англиската верзија ќе преовладува.

Повеќе информации, слики и видеа од новиот концепт Jeep Grand Wagoneer претставени се на линкот (http://media.fcanorthamerica.com). Концептот „Jeep Grand Wagoneer“ е прототип кој моментално го нема на пазарот; сликите на автомобилот се чисто илустративни и информативни. Информациите за производот и индикативниот момент на лансирање на стандардната верзија се однесуваат само на пазарот во Северна Америка.

Ви треба информација? Разговарајте со нас