Continue

Започнува 56° Easter Jeep® Safari: издание во знак на теренските способности, брзината, иновацијата и “green”духот, каде апсолутни протагонисти ќе бидат Jeep&Jeep® Performance Parts

13 April 2022

Концепт-гамата Jeep® e Jeep® Performance Parts by Mopar (JPP) најексклоузивната од кога и да е, е упатува кон Моаб, Јута за велигденското сафари издание на Jeep® (9-17 април).

Пет единствени концепт Jeep возила ќе се движат по терените на едно повисоко ниво покажувајќи дека и понатаму најдобрите теренски перфоманси ги поседува токму Jeep 4×4.

Два нови концепт Jeep, произведени од страна на JPP, како и треи примероци кои го имаа своето деби во текот на изданието 2021 на SEMA, се спремни да тргнат кон Моаб, каде ќе бидат претставени последните новитети, како прототипови и резервнид делови.

Мисијата на марката Jeep “Zero emission freedom” – “Слобода со нула емисии” – стапува на сцена со разновидни концепт електрифицирани возила како што е новиот Jeep Wrangler Magneto 2.0.

Електрично напојување, 4×4 способности и топ перформанси кои ќе бидат главна тема на овогодинешното издание на велигденското сафари Jeep®, “home away from home” – „Дом, надвор од дома“ на марката Jeep. Апсолутен протагонист на настанот е најдоброто од производството на тимот на Jeep и Jeep Performance Parts by Mopar (JPP) кои ќе бидат претставени со извонредната концепт гама 4×4 и 4xe, персонализирани за да ги освојат патеките на црвеното тло на Моаб, Јута. Илјадници вљубеници  и верни на марката кои доаѓаат од целиот свет ќе направ етапа воМоаб од 9 до 17 април за традиционалното годишно собирање: недела посветена на теренското техничко возење на предизвикувалчките патеки.

“Велигденското сафари на  Jeep е совршена прилика за марката Jeep за да се вивне преку границите во развојот на возилата со четири погонски тркала, пред сè, за да се остане во контакт со корисниците” – изјави Џим Морисон, постар заменик претседател и директор на марката Jeep во Северна Америка. “Moaб е е предизвик  за многу сопственици на Jeep, а да се поседува еден Jeep, значи да се бидее целосно дел од сè она што претставува марката Jeep. Без разлика дали се работи за концепт или најнов производствен модел произведен од Jeep, за време на овој настан нашите клиенти имаат можност да ги допрат и искусат нашите проекти од прва рака. Од возилото BEV за теренско возење до моќното теренско возило погодно за секаков терен, секој концепт верно ги одразува барањата на нашите клиенти и нуди визија за тоа каква би можела да биде иднината на марката Jeep и теренските способности.”.

Оваа година, 10 уникатни концепти на Jeep и JPP се опремени со мотори од најновата генерација. Триумфалното враќање на Jeep Wrangler Magneto, првиот електричен концепт на батерии (BEV) на марката Jeep, ја подобрува исклучителната автономија. Уште помоќен и подобрен во перформансите, Jeep Wrangler Magneto 2.0 сведочи, заедно со останатите четири Jeep 4xe концепти, за посветеноста на марката Jeep на мисијата „Слобода, со нула емисии“. Освен тоа, секој концепт вклучува производство и прототип JPP на Mopar, развиен според ригорозни спецификации земајќи ја предвид легендарната способност 4×4..

“Имајќи го предвид нашето партнерство со марката Jeep, нема подобро место на светот од годишното Велигденско сафари на Jeep за да им се претстават  на off-road ентузијастите нашите најнови производи и новитетите во персонализацијата“, рече Марк Босанац, потпретседател на брендот за Северна Америка, Мопар Сервис, делови и грижа за клиентите. „За разлика од останатите постпродажни понуди, нашите Jeep Performance Parts се специјално создадени и дизајнирани за да се справат со најтешките патеки во светот.”.

Концептите развиени за изданието 2022 на велигденското Jeep сафари се:

Jeep Wrangler Magneto 2.0

Пред една година, концептот Jeep Wrangler Magneto покажа дека погонскиот систем на батерии ќе биде совршен за подобрување на перформансите на Wrangler на пат и надвор од него. Возило кое ја покажа посветеноста на марката Jeep кон целта „Слобода со нула емисии“.

Со Jeep Wrangler Magneto 2.0, овие карактеристики се буквално проширени, создадено е теренско возило способно да доминира на секој терен и да премине преку каква и да е патека.

Основната верзија на моторот на Magneto 2.0 се состои од:

  • Персонализиран електричен мотор со променлив доток со работење до 5.250 вртежи/минута,
  • Рачен менувач со шест брзини за максимална контрола на погонскиот систем,
  • Четири пакети на литиумска батерија со јони распоредени на различни точки на шасијата заради рамнотежа на тежината на шасијата кои овозможуваат комбинирана моќност од 70 kW/h и систем од 800 волти,
  • Спортски инвертер којшто ја претвора директната во наизменична струја за високотехнолошкиот мотор.

Но, тимот кој се грижи за развојот на Magneto 2.0 не се задоволува од овој возбудлив почеток и има за цел да овозможи постигнување на многу повисоки перформанси.

Максималната струја на погонскиот систем е повеќе од двојно зголемена на 600 А. Ова му овозможува на Magneto 2.0 веднаш да испорача 1150 Nm (850 lb-ft) максимален вртежен момент на тркалата – повеќе од три пати од вртежниот момент што го нуди концептот од минатата година – и 625 КС за справување со најпредизвикувачките карпести патишта.

Благодарение на новата калибрација на електричниот мотор што овозможува одржување на максималната струја до 10 секунди – еден вид електронски азотен оксид -, Magneto 2.0 може да достигне од 0 до 60 m/h за 2 секунди.

Првиот степен на пренос на рачниот менувач премина од 5,13 на 3,36. Заедно со кутијата за пренос на Jeep Wrangler Rubicon Rock-Trac, Magneto 2.0 е без конкуренција во справувањето со карпести патишта благодарение на непосредниот пренос на вртежниот момент „on demand“. Функцијата Max Regen што може да се избере од страна на возачот, додадена на погонскиот систем нуди вистинско искуство со возење со еден педал.

За да го гарантира овој вртжен момент беше неопходно да се извршат одредени промени во структурата.

Најпрвин, на меѓуоскиното растојание на Wrangler со две врати, беа додадени 12 инчи (околу 30 сантиметри), со што се создаде дополнителен простор за компонентите на погонската единица. Димензиите на Magneto 2.0 се толку слични со оние на верзијата „LJ“ Unlimited од 2004-2006 година. Возилото е опремено и со прилагоден комплет за подигнување од 3 инчи и 40-инчни теренски пневматици поставени на тркала од 20 инчи.

Цврстата шасија, специфична за теренско возење располага со предна оска Dynatrac 60 Pro-Rock и моќна задна оска Pro-Rock Dynatrac 80 со сооднос 5,38 и блокирање за двете оски, приспособена преносна осовина и суспензија за теренско возење.

Лесните приспособени браници напред и позади ги заменуваат стандардните. Предните и задните поткрила на тркалата од карбонски влакна ги покриваат големите пневматици, без тоа да резултира со надминување на тежината, што обезбедува подобри агли на прекршување и на излез.

Сината боја на каросеријата Surf Blue, персонализираната централна рамка од карбонски влакна, кровот Bikini и хауба од карбонски влакна, му даваат нa Magneto 2.0 особено цврст и моќен изглед. Хаубата е персонализирана и е проѕирен азурен прозорец низ кој може да се види моторот.

Концепт Jeep Grand Cherokee Trailhawk 4xe

Во текот на летото, Jeep Grand Cherokee 4xe ќе пристигне во Италија, првата електрифицирана верзија на најнаградуваниот теренец досега. Велигденскотото сафари на Jeep им нуди на марката Jeep и нејзиниот дизајнерски тим можност да ги постават своите сериски возила, како што е Grand Cherokee 4xe, на следното ниво.

Тишината и самодовербата се очигледни во овој концепт, инспириран од „overland“ (копнени) возила. Концептот Jeep Grand Cherokee 4xe Trailhawk ги комбинира легендарните способности на Jeep 4×4 со слободата на електричниот погон за да обезбеди мала потрошувачка на гориво и максимална автономија.

Новиот Trailhawk 4xe, најодржливиот Grand Cherokee ги поседува најдобрите теренски способности досега, ја освои патеката Рубикон во целосно електричен режим и сега е подготвен да се справи со сите пречки на кои ќе наиде на патот во Моаб. Нуди ново исклучување на стабилизаторската летва, ексклузивно за категоријата, коешто овозможува подобра артикулација и погон при движење по карпест и нерамен терен.

Како и новиот модел Grand Cherokee 4xe, концептот Grand Cherokee Trailhawk 4xe се движи со помош на два електрични мотори, со батерии од 400 волти, 2.0-литарски турбо мотор со 4 цилиндри и TorqueFlite автоматски менувач со осум брзини за максимална ефикасност и способности. Опремен е и со воздушни суспензии Quadra-Lift, ексклузивни за категоријата, за подобрување на перформансите, додека исклучувањето на стабилизаторската летва, исто така ексклузивно за категоријата, овозможува подобра артикулација и погон при движење по карпест и нерамен терен.

Дизајнот на концептот Grand Cherokee 4xe Trailhawk е инспириран од страста на сопствениците на SUV и pick-up “overland” возила кои се осмелуваат да излезат на нерамен терен и да се соочат со непознатото.

Концептот има персонализирана сина боја на каросеријата Industrial Blue, плус ексклузивни 4x Lagoon Blue куки за влечење и мат црно-сина налепница Trailhawk против отсјај на хаубата. Авантуристичкиот изглед е уште повеќе истакнат со сопствените шини на кровот со вградени ремени, црна облога на кровот Rhino за дополнителна отпорност, персонализирани рамки на светлата за магла со четири LED предни светла и прилагодена винил графика за заштита од отпадоци. Шините rock-rails Mopar обезбедуваат дополнителна заштита од најнезгодните природни агенси.

Внатрешноста се одликува со седишта обложени со приспособен штоф на седиштата Saddle со инсерти во пепито дизајн „Rodney“. Седиштата се издвојуваат и по беџот 4xe Trailhawk и шевовите Surf Blue.

Теренецот е опремен и со 20-инчни мат сиви метализирани тркала Neutral Gray со 33-инчни пневматици за кал BFG. Отворите за тркалата се надвиснати  големи поткрила кои совршено одговараат со цврстата комбинација на тркала и пневматици.

Концепт Jeep ‘41

Почесниот беџ „Since 1941“ е поставен нба истакнато место, како симбол на возилата на Jeep, кои имаат повеќе од 80 години историја во областа на воените возила и легендарните способности на марката 4×4.

За време на велигденското сафари Jeep, Jeep им оддава почест на возилата од минатото. Оваа година светлата се насочени кон Wrangler Willys.

Секое возило од марката Jeep има приказна за раскажување, приказна која датира од оригиналниот Willys MB – безбедно возило 4×4 развиено по барање на војската на САД. Willys MB правеше сè, одеше секаде и имаше значајно влијание врз возилата со погон на четири тркала произведени подоцна.

Ретро концептот Willys за овогодинешното издание на Велигденското Jeep сафари ги комбинира цврстината и решителноста на воените возила со технологијата на електричниот Wrangler 4xe. 4x plug-in хибридниот погонски агрегат нуди приближно 33 километри тивко, целосно електрично возење со нула емисии, што го прави концептот технички најнапреден, најеколошки Wrangler и со најдобри перформанси досега.

Напредниот погонски систем вграден во Wrangler 4xe нуди уникатно искуство на пат и надвор од пат, благодарение на комбинацијата од два електрични мотори, високонапонски батериски пакет, високотехнолошки 2.0-литарски турбо мотор I-4 и докажан автоматски менувач TorqueFlite со осум брзини.

Надворешноста на концептот, вклучувајќи ги потркилата на тркалата и задниот дел на ретровизорите, е со мат маслинесто зелена боја од ’41 година со челични браници обоени во црна боја, Warn winch и JPP цевчест браник. Ретро покривката уште повеќе го истакнува светло-кафеавиот мек кров, додека полувратите JPP нудат извонредно возачко доживување на отворено, за возачот и патниците да се нурнат во природата. Пакет од графички принтани персонализирани елементи произведени од Jeep Graphic Studio и куките за влечење се во иста боја со инсертите  и претставуваат вистинска комбинација со пет ѕвездички.

Однатре, концептот ’41 располага со ретро рачка на менувачот со персонализирана рачка направена од Jeep Graphic Studio, како и седишта од штоф во кој има камо дигитални инсерти и шевови Serafil 1043. Цврстиот под е со мат зелена облога Rhino ’41, којашто гарантира поголема отпорност. И инсерите на инструмент таблата на концептот се во мат зелена ‘41 боја, додека пак самата инструмент таблата е со персонализирана мат ретро графика Williys.

Концептот ‘41 е опремен со комплет за подигање од 2 инчи JPP и пневматици за кал од 35 инчи, прилагодени на тркалата Fifteen52 со 17 инчи во мат зелена ‘41.

Концепт Jeep Rubicon 20° anniversario – дваесетти роденден

Иконските теренски патеки, како што се легендарната патека Рубикон во Северна Калифорнија и патеките од црвена земја во самата пустина Моаб, Јута, се родното место на легендарните теренци, дизајнирани да се справат со тежок и нерамен терен. Пред 20 години, марката Jeep го претстави најдоброто сериско возило за теренски перформанси на своето време: Wrangler Rubicon.

Инспириран од новиот модел на Wrangler со две врати од 2003 година и именуван по легендарната патека, Wrangler Rubicon стапи на сцена летото 2002 година. Иконскиот модел Rubicon, инспириран од ентузијасти кои сонувале за него и честопати се обидувале да го имаат во своја сопственост, оттогаш можеше да се нарача директно од фабриката, и згора на тоа со гаранција. Беше опремен со опции непознати за тоа време и недостапни на ниту еден модел на Јеер, како и со оски Dana 44, предни и задни брави, исклучување на стабилизаторската летва, rock rails, поткрила на тркалата и зголемени пневматици за кал од 31“ за возење по терени на едно повисоко ниво.

Jeep Wrangler Rubicon и денеска е вистински “proof of concept” за марката и за целата гама на Jeep, како резултат од научените лекции од времето на off-roading, како што е пустината Moaб и одговорот на вљубениците и најверните корисници на марката.

Концептот Rubicon 20° anniversario, инспириран од најбрзиот Wrangler најбрз и најмоќен досега – Jeep Wrangler Rubicon 392 – ја продолжува традицијата создадена пред две децении со тоа што се поставуваа како нов репер во однос на перформансите и капацитетот на терен, благодарение на 6,4-литарскиот V-8 мотор, приспособената надворешност и извонредната внатрешност.

Модифицираниот Wrangler Rubicon 392 со четири врати има активен издув во двоен режим кој е дефиниран од див до неверојатен, хауба за перформанси со средишен држач, персонализирани полуврати и Sky One-Touch Powertop со странични панели што се отстрануваат за да се почувствува слободата на отворено.

Куките за влечење и беџовите во златна боја, налепницата за 20-иот роденден, Rubicon 20° anniversario на хаубата, налепницата со американското знаме на калниците и воздушниот компресор на задната врата Mopar ја истакнуваат надворешноста во мат винил гранитната боја Granite Crystal.

За подобри перформанси на нерамни и тешки теренски услови, додадени се 2-инчен JPP комплет за подигнување, персонализирани 17-инчни тркала со лента која штити од искривување и со 37-инчни пневматици за кал, челични и цевчести браници со Warn winch и челичен врв.

Концепт Jeep Bob

Дизајниран како спој на две моќни теренски возила како што се Jeep Wrangler и Gladiator, концептот Jeep Bob е подвижен spin-off, инспириран од трендот на „сечење“ на долгите настрешници на каросеријата на пик-ап возилата за да се трансформираат во теренски патнички возила, погодни за секаков терен.

Главните карактеристики на ова возило кое се базира на Jeep Gladiator Rubicon не е неговата опрема, туку она што му недостасува. Четирите врати и централните столбови се отстранети за чувство на целосна слобода на отворено. Инаку, возилото има персонализиран перфориран тврд кров и е покриено со церада која служи за заштита од атмосферските елементи, но сепак пропуштајќи ја природната светлина да продре во патничкиот простор.

Телото на Gladiator е скратено за едно стапало (околу 30 сантиметри).Предниот и задниот браник се персонализирани за да обезбедат подобри агли на прекршување и на излез и се дизајнирани да ги издржат сите тешкотии при возење на терен, а притоа да му даваат на возилото елегантен и софистициран изглед. Инспирирани од светот на теренците, високите поткрила на тркалата создаваат простор за поголеми пневматици. Теренските способности дополнително се засилени со комплетот за подигање од 3 инчи со прилагодена суспензија за терен, оските Dynatrac Pro-Rock 60 поддржани од комбинација на амортизери King Coils и Bypass и цврсти пневматици од 40 инчи поставени на 20-инчни тркала со лента за заштита од искривување, за неспоредливо искуство во 4×4возењето.

Палетата за надворешност има сјајни и мат комбинации на бои за допир на оригиналност и карактер. Однатре, светлите подни облоги, во комбинација со седиштата со персонализирани инсерти, создаваат забавна и спортска средина. Хаубата од карбонски влакна со доводи за воздух му дава на возилото спортски изглед и обезбедува подобро снабдување со воздух на моторот.

Концептот Bob е придвижуван од наградуваниот 3.0-литарски V6 EcoDiesel мотор. За да се справи со поголемите оптоварувања на вртежниот момент, моторот EcoDiesel V6 е поврзан со автоматски менувач TorqueFlite 8HP75 со 8 брзини, кој е калибриран да се справува со менување брзини со мала брзина и лесно да се справува со тврд терен. Опремен е и со довод на ладен воздух за да се обезбеди поголем вртежен момент и да се намали потрошувачката на гориво.

Концепт Jeep D-Coder by JPP

Концептот Jeep Gladiator D-Coder во сјајна црна боја е опремен со над 35 додатоци JPP и Mopar, сите во контрастната црвена Maraschino Red боја и опремени со QR (брз одговор) код, што го прави ова теренско возило со високи перформанси, каталог на тркала за официјални производи достапни за клиентите.

Секој QR-код што може да се скенира дава линк до веб-страната на Mopar eStore која ги содржи шифрите, спецификациите и цените на поединечните ставки. Напредните QR кодови на страната на телото и на хаубата даваат линк до каталогот JPP.

Предниот дел на концептот Gladiator D-Coder се одликува со модуларен триделен Rubicon браник со цевчеста решетка со единечен прстен и штитник за макарата со пар 7-инчни TYRI LED off-road светла веднаш над макарата Rubicon Warn.

Комплетот за подигнување JPP од 2 инчи со амортизери FOX обезбедува доволно простор за тркалата со пет краци на JPP од 17 x 8,5 инчи со лента за заштита од искривување, опремени со 37-инчни пневматици BFGoodrich KM3.

На совозачката страна, еден snorkel ЈPP спречува водата да навлезе во 3,6-литарскиот Pentastar мотор кога се движи длабоки води, дозволувајќи воздухот безбедно да навлезе во системот за довод на возилото Mopar, поставен под хаубата. Ажурираната верзија на моторот е комплетирана со бесплатен двоен систем на издув со cat-back на Mopar со слободен доток.

Ветробранското стакло во Gorilla Glass JPP гарантира отпор три пати поголем од оној на вообичаените стандардни ветробрански стакла. Пар 5-инчни TYRI LED светла се безбедно прикачени на држачите за монтирање JPP лоцирани на предната рамка на  секоја страна во пределот на хаубата.

Rock rails JPP шините нудат заштита на долните панели на каросеријата и се поставени веднаш под цевчестите врати JPP, кои имаат ретровизори на цевчестите врати од двете страни. Дополнителните rock rails ја штитат обвивката под шасијата  зад задните тркала и имаат заменлива најлонски обвивка.

Рачките на Mopar овозможуваат лесно влегување и излегување од подигната кабина, додека мрежестиот кров на Mopar гарантира слобода на возење на отворено.

Препознатливиот контраст на црвената Maraschino Red боја продолжува во возачката кабина на концептот Gladiator D-Coder, каде двата реда седишта се обложени со кожа Katzkin. Напредниот QR код на секое седиште обезбедува директен линк до веб-страната на Katzkin, која содржи детални информации за можностите за прилагодување во однос на боите, шевовите и инсертите, како и ажуриран ценовник.

Внатрешноста е комплетирана со серија додатоци на Mopar, вклучувајќи четири прагови, навлаки на педалите од нерѓосувачки челик и патосници за сите временски услови.

Однатре, сандакот е заштитен со пресвлека и е поставена група водилки Mopar со корпа THULE со низок профил што обезбедува дополнителен простор за багажот.

Концепт Jeep Birdcage by JPP

Дизајниран како возило 4×4 за максимална слобода на возење на отворено, концептот Jeep Wrangler 4xe Birdcage се одликува со низа сопствени иновации од JPP и Mopar и располага со водечки теренски способности во индустријата и ексклузивен 4xе plug-in hybrid за возење на терен.

Опремен со комплет за подигнување JPP од 2“ со FOX амортизери на врвот во сегментот, специјално дизајнирани и поставени за електричниот plug-in hybrid Wrangler 4xe, изобилниот теренец Eagle Brown има елементи во метализирана гранитна боја Granite Crystal, како и уникатни сини додатоци на Jeep 4xe Surf Blue.

Персонализираната плоча за заштита од удари од камен на долниот дел од каросеријата што поврзува две кружни шипки за поддршка интегрирани во решетката со седум отвори го подобрува аголот на прекршување на концептот Wrangler 4xe Birdcage. Плочата за заштита од удари од камен ја штити макарата Warn, поставена така за да гарантира подобри перформанси на карпест терен. Две затворени куки за влечење Surf Blue се безбедно фиксирани зад плочата на долниот дел од каросеријата од страна на шасијата за да понуди подобри перформанси за влечење и уникатен изглед.

Тркалата за со лента за заштита од искривување JPP со пет краци се со димензии 17 x 8,5 инчи и се опремени со 37-инчни пневматици BFGoodrich KM3. Новите рамни поткрила на тркалата, специјално дизајнирани за комбинација на поголеми тркала и пневматици, обезбедуваат поголемо растојание од тлото.

Рамните поткрила на тркалата имаат интегрални капаци кои се отстрануваат, дневни  светла (DRL) за љубителите на теренски патишта кои сакаат поголемо растојание од подлогата во екстремни ситуации надвор од патот. Овој концепт е првото возило што е опремено со OEM DRL одобрени 50 држави.

За дополнителна заштита при возење на терен со пневматици од 37 инчи, дизајнерскиот тим на Jeep создаде разделувачи за задните светла кои овозможуваат да се исполнат федералните барања за осветлување. Алуминиумските обвивки на задните светла формираат група на светла која е сместена така што при каква било несреќа којашто може да се случи, биде видлива на патеката.

Четиристраните светла со заштита од удари на камењаго осветлуваат теренот под концептот Jeep Wrangler 4xe Birdcage, додека rock rails – шините на секоја страна имаат дополнителни зашта од удари на камења, како дополнителна заштита на каросеријата.

За вистинските off-road ентузијасти кои сакаат да возат со ветер во лице, шофершајбната и бришачите се отстранети. Дизајнерскиот тим елегантно ја изолира групата инструменти и создаде панели за покривање на хаубата и систем за полнење на бришачите, давајќи му на возилото едноставен изглед и истовремено обезбедувајќи заштита од нечистотија и остатоци. Трите 14-инчни JPP TYRI LED теренски светла поставени на шипката обезбедуваат елегантно и модерно осветлување.

Однатре, кожните седишта Tobacco Leaf и Cocao Brown се со ексклузивни Surf Blue инсерти и шевови, кои се наоѓаат и на групата инструменти, воланот,телото на рачката на менувачот и рачката на рачната кочница.

Патниците на задните седишта ќе можат да ги постават своите мобилни уреди на персонализираната JPP лента на инструмент- таблата со целосна безбедност. Не’рѓосувачкиот челик и црните гумени навлаки на педалите на Mopar му нудат на возачот одличен контакт со педалите на кочницата и на гасот. Подот на возачката кабина е во винил Armorlite и е многу издржлив и лесен за чистење, а има и приклучоци за одвод за плакнење.

Дизајнерскиот тим на Mopar го создаде панелот Add-A-Trunk кој нуди заштита на додатоците кога ќе се извади кровот. Дизајниран за секој модел на Jeep Wrangler кој лесно може да држи торба со ладилник во целосна големина, Add-A-Trunk користи гасни амортизери за да го подигне панелот и да обезбеди пристап кога задната врата е отворена. Осум ремени и пет куки кои нудат уште поголема функционалност.

За зголемен капацитет на багажникот, тука е Rhino-Rack – заштитена корпа со капацитет од приближно 200 килограми, фиксирана на заштитниот кафез.

Масата на преклоп JPP вметната во панелот на задната врата нуди совршен простор за работа или јадење, поставена во близина на интегрираниот воздушен компресор.

Концепт SEMA 2021

Трите извонредни концепти на Jeep by JPP неодамна претставени на изданието на Здружението за продажба на специјализирана опрема (SEMA) во 2021 година ќе го имаат своето прво возење токму во Моаб.

Меѓу трите концепти на Jeep кои дебитираа на SEMA, Jeep Wrangler 4xe е демонстрација за тоа што ентузијастите за возење на терен можат да направат со наградуваното возило со Plug-in Hybrid технологија и оригиналните JPP додатоци. Концептот Jeep Wrangler Overlook го трансформира Wrangler Sahara со четири врати во теренско возило со три реда преполно со луксузни карактеристики, додека заканувачкиот Kaiser Jeep M725 е резултат на трансформацијата на военото амбулантно возило Jeep Kaiser M725 од 1967 година во неверојатно возило за подршшка на возење по терен како и маскота на тркала од ЈРР.

Велигденско Jeep сафари

Велигденското Jeep сафари, му гостува на клубот за возила со погон на четири тркала Moab Red Rock 4-Wheelers, кој располага со теренски патеки, којшто организира воглавно дневни патувања, кои тргнуваат од Моаб, Јута, за време на деветдневниот настан. Сафари на Jeep за прв пат беше организиран во 1967 година: во таа прилика, тоа беше единствена дневна off-road екскурзија, организирана од Стопанската комора на Моаб. Со текот на годините, зголеменото учество на ентузијасти значеше дека ова Safari се разви за да дојде до актуелното времетраење од девет дена. Врвот на сафарито, сепак, секогаш е „Big Saturday“ – Големата сабота, која се слави за време на велигденската недела.

Ви треба информација? Разговарајте со нас