Continue

Аутомобиле СК донираше четири возила за Министерството за здравство

10 April 2020

Свесни за потребата од заедничка поддршка и солидарност во ситуацијата во која се наоѓаме овој период, Аутомобиле СК, ексклузивниот увозник за Fiat, Fiat Professional, Jeep и Alfa Romeo, донираше четири возила на Министерството за здравство за помош при секојдневното функционирање на оваа исклучително важна државна институција во борбата против Ковид -19.
Аутомобиле СК донираше две возила Fiat Doblo, едно Fiat 500L и едно Fiat Tipo cо вкупна вредност од 67420 евра.
Преку оваа донација искрено веруваме дека ќе го олесниме работењето на Министерството за здравство и ќе дадеме свој придонес за побрзо надминување на сите предизвици и тешки моменти кои ги наметна оваа светска пандемија.
Заедно се грижиме за колективното здравје! #останетедома

Ви треба информација? Разговарајте со нас