Continue

Вести

view all the news

Тројна победа за брендовите на FCA на Arab Wheels Awards 2018

13 December 2018

  • Alfa Romeo Stelvio победник во категоријата Small Premium SUV.
  • Новата генерација на иконата Jeep® Wrangler, JL, го освои првото место во категоријата Mid-Size SUV.
  • Новиот Ram 1500 Limited 2019 ја круниса годината исполнета со награди, победувајќи во категоријата пик-ап.

Co наградите кои ги добија брендовите Alfa Romeo, Jeep® и Ram, FCA означува тројна победа на церемонијата на доделувањето на Arab Wheels Awards 2018 организирана од страна на издавачката куќа Trace Media.

Alfa Romeo Stelvio, првиот SUV произведен од Алфа Рoмео во 108-годишната историја на марката, ја свои титулата Small Premium SUV of the Year.

Успех постигна и новата генерација на иконата на Џип, новата верзија на моделот Jeep Wrangler:  JL. Признат на светско ниво како неприкосновен крал на терените надвор од автопатите и градските улици, новиот Wrangler не е само најподвижен Wrangler од кога и да е досега во возење off-road – но и апсолутен протагонист за градска употреба со комфор и управливост на максимално ниво.

На затворањето на големата вечер за марките на Групацијата FCA, новиот Ram 1500, откако доби бројни и престижни признанија од амеркианските медиуми, триумфираше и овде, во сегментот на пик-ап возила.

За да може да учествува на Arab Wheels Awards, автомобилот треба да биде потполно нов или да претрпел суштинско подновување. Треба да биде присутен на пазарот пред официјалното пријавување на моделите кои се номинирани во секоја категорија одделно. Жирито на беше составено од четвири члена: Набил Мустафа (Editor-in-Chief, Strive Middle East), Хишам Сакр (Pre-owned Sales Manager, Gargour Automotive Company), Калед Хамуд (Co-Editor-in-Chief, Arab Wheels) и Исам Еид (Editor-in-Chief, Arab Wheels).