Continue

Вести

Произведени 100.000 мотори FireFly Turbo

13 June 2019

  • Безбројно производствено достигнувањена фабриката FCA Powertrain во Бјелско-Бјала, една од најиновативните фабрики на мотори во светот и од 2012 носител на златниот медал за World Class Manufacturing.
  • Новата генерација на мотори FireFly Turbo 1.0 и 1.3, во конфигурација со 3 и 4 цилиндри, кои обезбедуваат и до 20% помала потрошувачка гарантирајќи совршена рамнотежа помеѓу перформансите и задоволството при возење.
  • Во моментов се нудат на моделите Џип Renegade и Фиат 500X, моторите FireFly Turbo се согласно нормативот Euro 6/D-TEMP и се опремени со филтер за честички GPF (Gasoline Particulate Filter), и се први кои ја поседуваат ексклузивната технологија на третата генерација на MultiAir (наречена MultiAir III).

Произведен е 100-милионитиот примерок на моторот FireFly Turbo (проект “Global Small Engine – GSE”) во фабриката FCA Powertrain во Бјелско-Бјала (Полска) една од најиновативните фабрики за мотори во светот и од 2012 носител на златниот медал на World Class Manufacturing. 100-милионитиот мотор е FireFLy Turbo 1.0 и претставува, заедно со верзијата 1.3 безброен технолошки примат на Групацијата на молето на мотористиката: всушност, токму како “светулка” чие име носат, новите мотори FireFly Turbo се најкомпактна и најчиста форма на енергија која е на располагање кај возилата на Групацијата ФКА.

Во моментов се нудат на моделите Џип Renegade и Фиат 500X, новото семејство на бензински мотори FireFly Turbo, со 3 и 4 цилиндри, проектирано за да понуди нова точка на рамнотежа помеѓу перформансите и задоволството при возење, обезбедувајќи во тој контекст значајна заштеда на гориво и намалени емисии на CO2 во однос на претходните бензински мотори: 1.5 тони CO2 помалку со првите 100.000 Fire Fly Turbo.

FireFly се направени согласно нормативот Euro 6/D-TEMP и се опремени со филтер за честички за бензински мотори GPF (Gasoline Particulate Filter). Робусност, процес и доверливост на производот гарантирани со 75.000 часа на виртуелни анализи, 60.000 часа тестови и речиси 5 милиони километри поминати по различни континенти.
Нивната посебност е специфичната архитектура која гарантира ефикасност, модуларност, значајно ниво на стандардизација на деловите и производниот процес, флексибилност и подготовка за идна еволуција.