Continue

Нов Jeep® Compass, создаден за да изненади

16 April 2021

Jeep® Compass, денес, е сосема нов модел, суштински променетво сите карактеристики и содржини кои најмногу им „лежат“ на корисниците , како што се: стилот, технологијата, безбедноста, одржливоста и функционалноста.
Првиот пласман на Jeep® во Европа на Групацијата Стелантис, е произведен во Италија, во Мелфи.
Израз на значењето на марката: Jeep Compass има повеќе од 40% од вкупната продажба на Jeep во Европа, а еден од четири продадени Compass е plug-in hybrid.
Гама на мотори со намалена емисија на CO2 и потрошувачки, кој својот најдобар израз го има токму во хибридот plug-in 4xe.
4xe е новиот 4×4 според Jeep и вклучува концепт на способност, на која се придодава одржливоста, ефикасноста и уште повеќе забава при возењето.
Новиот Jeep Compass е израз на бројни дизајнерски концепти, каде наизменично се надополнуваат сосем новиот ентериер со надворешноста, што ќе го среќаваме и кај идните модели на Jeep: посовремени и со повеќе технологија, со поголема персоналност на европски вкус без да ја „издаде“ својата автентичност Jeep.
Повеќе и посигурна технологија од кога и да е: во Европа дебитираат Uconnect™ 5, најдобриот систем за инфоормирање и забава, благодарение на Highway Assist, 2 ниво (L2) на автономно возење.
Гама по мерка: од нивото на опременост на S, кое нуди врвна префинетост и удобност, до Trailhawk, специфичната теренска верзија на која е додадена и специфичната верзија која ја слави 80-годишнината на Jeep.
Новиот Jeep Compass е наменет за „прагматични сонувачи“, рационални клиенти кои ја ценат вредноста и содржината, но кои исто така бараат одговор на нивните потреби за возбудливи авантури и слобода на движење со автомобил, и веќе е достапен во продажните салони на италијанскиот Jeep.
Новиот Jeep Compass во ексклузивната верзија „80th Anniversary“ се нуди во дизел и plug-in хибриден мотор со вклучени 2 години одржување и 4 години гаранција.

Денес, Антонела Бруно, раководител на брендот Jeep® во Европа, го претставува Новиот Compass, првиот SUV на марката Јеер лансиран во Европа од групацијата Stellantis што претставува пресвртница за важноста на брендот во светот и особено во Европа. На овој линк е можно да се прегледа прес-конференцијата.

Новиот Compass еволуира со цел повеќе да се доближи до европскиот стил, подобрувајќи го квалитетот на обработката и технологијата на возилото и воведувајќи важни иновации што го водат до уште повисоко ниво во поглед на дизајнот, безбедноста, технологијата и функционалноста.

Неговата тајна? Комбинирање на двете души својствени за брендот Jeep – теренски дух и урбан дух за да одговорат на клиентите во сегментот C-SUV, рационални и конкретни луѓе, но исто така фасцинирани од можноста да избегаат од дневната рутина, оние што ги дефинираме како прагматични сонувачи.

Резултатот е комплетно нов модел, со силна естетска персоналностт – демонстрирана со уште пософистициран и карактеристичен стил, секогаш верен на стилот на марката – со одлична динамика на возење на патот и најпрефинета технологија на полето на безбедност и поврзувањето. Сето тоа засилено со реномираните 4×4 капацитети на Jeep, каркатеристика што го одржува 80-годишното лидерство во возење надвор од патот.

Накратко, без разлика дали станува збор за прагматична потреба за движење или желба да се соочиме со возбудливи дневни „авантури“, одговорот е во Новиот Compass, точката на рамнотежа помеѓу перформансите и емоциите, рационалност во употребата и сонот за слобода и авантура. Секогаш под мотото „Оди каде и да е, прави што и да е“ затоа што, по 80 години, Јеер и понатаму е Јеер.

На промоцијата на првата генерација во 2017 година, Compass го претстави враќањето на марката во сегментот C-SUV и беше првиот Jeep специјално дизајниран да биде глобален модел. Ова ги постави солидните темели за успехот на овој модел: уште од неговото лансирање во Европа, компактниот теренец Jeep е протагонист на комерцијалните постигнувања на брендот и претставува повеќе од 40% од вкупната продажба, потврдувајќи се себеси како еден од најомилените модели наевропските клиенти и меѓу најпопуларните во конфигурацијата 4xe со plug-in хибридна технологија. Всушност, денес во Европа секој четврти продаден Compass е верзија 4xe, а во Италија Compass 4xe е најпродаваниот plug-in хибриден модел.

Новиот Compass е опремен со низа ефикасни термички и plug-in хибридни мотори, сите одобрени по Euro 6D Final и со комплетен спектар на врвни системи за активна и пасивна безбедност што го доведуваат до извонредност динамичкото однесување на возилото, како и единствените 4×4 капацитети на марката Jeep.

Треба да се истакне дека со воведувањето на новиот 1.3-литарски четирицилиндричен турбо-бензински GSE мотор, дизајниран за исклучителни перформанси, се добива и извонредна удобност при возењето, намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на СО2 до 27% (циклус WLTP) во споредба до претходниот бензин. Гамата се збогати со дебито на верзијата со plug-in хибридна технологија за 100% електрично возење со нула емисии – комбинација на извонредни 4xe можности и одржлива подвижност или електрификација според Jeep.

Compass беше првиот модел заедно со Renegade на кој беше ставен беџот 4xe што денес го идентификува новиот 4×4 на марката Jeep: којшто обезбедува уште поголеми капацитети и перформанси, гарантирајќи оптимална рамнотежа меѓу ефикасноста, забавата при возење и заштита на околината.

Новиот модел се карактеризира со подновен high-tech профил, истовремено задржувајќи го својот единствен урбан дух, модерен, софистициран, насочен кон заштита на животната средина.

Се одликува со нова надворешност во знак на елеганцијата и современоста и комплетно нов патнички простор, збогатен со нови високо технолошки содржини дизајнирани, да ги подобрат удобноста и преестојот во автомобилот и да го направат поинтуитивно искуството при возење низ град. Тоа вклучува 10,25″ Full HD дигитална инструмент-табла, DAB радио, систем Uconnect 5 со екран на допир од 8,4 до 10,1″, сега поставен во центарот на контролната табла на повисока позиција за да му овозможи на возачот секогаш да го држи погледот на патот. Потоа, пет пати побрз процесор, Android оперативен систем со безжично приклучување на паметните телефони Apple CarPlay и Android Auto, интерактивен навигатор TomTom со 3Д визуелизација и природно препознавање на гласови и услуги за Uconnect.

Покрај тоа, внатрешноста е уште пофункционална со новата организација на просторот на централната конзола и зголемените решенија за складирање на предмети за околу три пати, еднакво на 4,4 литри повеќе (т.е. од 2,8 литри од претходната верзија, до 7,2 литри од новиот модел), како и со посовремениот, карактеристичен стил благодарение на новата контролна табла, која е сега поелегантна и се одликува со квалитетни материјали и докажани технички детали: од новиот централен тунел, до новиот управувач, од новиот тапацир на панелите на вратите до новите финални обработки и материјали за внатрешноста.

Новиот Compass е првиот Јеер во Европа што достигна ниво 2 (L2) на автономно возење и е опремен со најновата генерација ADAS каде се вклучени, како стандард на целата палета: Traffic Sign Recognition – Препознавање сообраќајните знаци, кој ги чита и толкува сообраќајните знаци на патот; Intelligent Speed Assist – Интелигентна асистенција за брзината, кој автоматски го одржува возилото во наведените ограничувања на брзината; Drowsy Driver Alert – предупредување за замор на возачот, кој го предупредува возачот дека е време за пауза, откако детектирал намалено ниво на внимание; и Automatic Emergency Braking- автоматско кочење во итни случаи со препознавање пешаци и велосипедисти, што го забавува возилото до запирање за да се избегнат (или ублажат) можните незгоди. Но, најважната нова опција е Highway Assist, која комбинира Adaptive Cruise Control и Lane Centering – адаптивен темпомат и Одржување во коловозна лента, односно автоматско прилагодување на брзината и траекторијата. На овој начин, автомобилот се одржува во центарот на лентата и на претпазливо растојание од возилото пред него, сè за спокојно возење (достапно во втората половина на годината).

Новиот Jeep Compass, исто така, доаѓа со нова гама, која сега се раѓа со вкрстување на четири конфигурации (Longitude, Limited, S и Trailhawk), пет различни комбинации на погонски единици – бензински, дизел и хибриден plug-in мотор, три менувачи (шестбрзински рачен, автоматски DDCT со двојна спојка или автоматски со шест брзини) – и преден погон или на сите тркала. Понудата за бензин вклучува 1.3-литарски мотор GSE, со моќност од 130 и 150 КС во комбинација со шестстепен мануелен менувач и менувач со двојна спојка DDCT, и двата со погон на предните тркала. За да се докомплетира понудата на мотори со топлинска енергија, придодадени се 1,6-литарскиот дизел со 130 КС во комбинација со шестстепен рачен менувач и погон на предните тркала. Гамата на plug-in hybrid има две нивоа на моќност – 190 и 240 КС, со шестбрзински автоматски менувач и погон на сите тркала eAWD.

Конечно, за лансирање на Новиот Compass, Mopar® разви нови додатоци за збогатување на функционалноста на возилото со дополнителна содржина, зголемување на можностите за прилагодување и проширување на понудата за подобрување на удобноста на ентериерот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас