Continue

Вести

Нов Jeep® Cherokee

06 September 2018

Нов дизајн и напредни технолошки содржини за SUV Jeep најспособниот во неговата категорија

Уште поголема удобност, обновен ентериер и нови материјали, практични оддели за предмети и поголем товарен простор позади.

Мотор MultiJet II со 2,2 литри капацитет на испорака со 150 до 195 КС.

Новиот турбобензински мотор со директно вбризгување од 2,0 литри и 270 КС ќе ја надополни гамата на мотори во Италија од 2019 година.

Три системи на интегрален погон и блокирање на задниот диференцијал.

Систем UconnectTMод четвртата генерација со екран на допир од 7.0″ или 8.4″ со висока резолуција опремен со функциите Apple CarPlay и AutoTMAndroid.

Комплетна сигурносна опрема со Active Forward Collision Warning-Plus и Pedestrian Emergency Braking, Advanced Brake Assist, Adaptive Cruise Control-Plus, LaneSense Lane Departure Warning-Plus, Blind-Spot Monitoring co Rear Cross Path Detection, задна телекамера ParkView co динамичка мрежа, Active Speed Limiter со осум воздушни перничиња во серија.

ќе бидена располагање со нивоата на опременост Longitude, Business, Limited и Overland и неодоливата верзија Trailhawk која ќе ја надополни гамата во наредната година

Преку 70 додатоци од каталогот на Mopar за персонализација на вашиот Cherokee и Mopar® Connect, во иновативниот сет на услуги за поврзување наменети за сигурност и контрола од далечина.

Комуникациска кампања врз основа на концептот“Born to be Wild”(“Роден за да се биде нескротлив”), изградена според идејата дека природата на системот 4x4 е во секој од нас и серазвива понатаму во поглед на удобноста, сигурноста, функционалноста и сето тоа обележано со вредностите  слобода и авантура што ги гарантира само марката Јеер.