Continue

Вести

view all the news

Новиот Jeep® Wrangler Rubicon на тестирање на митската траса Рубикон

24 October 2018

При претставувањето на четвртата генерација на Wrangler, иконата на  Jeep®  беше ставена на тестирање на тешката траса Трасата Рубикон, помеѓу планините кои ги делат Калифорнија и Невада.

На крајот на месец август едно возило Wrangler, во специјалната верзија Rubicon, најспособното off-road возило, се соочи со трасата off-road западно од езерото Тахо.

Тоа е мошне тежок терен, полн со карпи, удолнини и издигнувања на кои незапирливиот Rubicon се снајде без проблеми, надминувајќи ги сите природни препреки, благодарение на првокласната специфична опрема за возење на терен. Секое од возилата е опремено со редуктор off-road Rock-Trac, кој се вклучува ‘shift-on-the-fly’ со две брзини со сооднос на ниските брзини од 4.0:1, предна и задна оска Dana 44 heavy-duty next-generation, електрични блокирања на предниот и задниот диференцијал Tru-Lock за возење на најекстремен терен и Active Sway Bar System, систем за електронско исклучувањекојшто овозможува да се откачи предниот стабилизатор за да зголеми ефектот на суспензиите и да се зголеми погонот кога се поминува особено тежок дел.

Опремени со новиот турбобензинец од 2,0 литри и веќе докажаниот бензинец од 3.6 литри, новите Wrangler Rubicon се доверливи и на висина од тлото од преку 25 cm, со агли кои се на врвот во категоријата: агол на влез еднаков на 36,4°, агол на прекршување од 25,8° и агол на излез 30,8°. Инаку, максималниот сооднос на редукција е 77,2:1 на бензинските верзии и способност за минување низ вода до висина од 76 cm.

Трасата Рубикон, една од најтешките off-road траси на светот

Трасата Рубикон е една од најпознатите теренски траси и една од најизискувачките на светот – којашто доби оценка 10 (еднакво на максимална тежина) на скала од 1 до 10 – и е позната како “предок на сите off-road траси”. И не само тоа, во 2003 ја инспирираше реализацијата на верзијата Rubicon, најспособната од сите off-road верзии на гамата Wrangler и која го носи токму тоа име.

За сите овие карактеристики, децениската историја на марката Jeep е поврзана на посебен начин со оваа траса.

Во 1953, група од околу 150 пријатели направи авантура со возилата Jeep на гранитната траса која ги поминува планините на Сиера Невада, за да стигне на езерото Тахо во Калифорнија. Најпрвин отворена за да ја поддржи економијата на населените места, овој премин набрзо стана официјално место за испpобување, под името Трасата Рубикон, на кое моделите на Jeep се трансформираа од работни возила во возила за авантура и патување. Така беше создадена првата верзија ‘Jeep Jamboree’, најкласичниот модел наградуван со ленти и ѕвездички, осмислен пред сè за да ги подигне емоциите кои се доживуваат штом се стане член на големото семејство на Jeep.

Трасата Рубикон е долга 35 km и е составена од дел со пат и теренски дел каде се бара исклучиво возење 4×4.

Од 1950 до денес Трасата Рубикон ја користат страсните вљубеници во теренското возење како идеална локација за авантури кои предизвикуваат емоции и го креваат адреналинот зад воланот на возилата Jeep. Од пред повеќе од 40 години, трасата Рубикон ја користат и инжењерите на Jeep за да ги подобрат теренските способности на SUV возилата Jeep и зада создадат нови модели и нови технологии. На пример, употреба на траси како што е Рубикон, се наметна како основно за воведување на важни иновации во гамата како што се редукторот Rock-Trac® 4:1, системот Quadra-Drive II®, блокирачите Tru-Lok®, системот за откачување на предниот стабилизатор, заштитните плочи под шасијата, предната оска Dana 44, мултилинк суспензиите, системот BLD (Brake lock differential на новата генерација Wrangler) и челични штитници напред и позади на верзијата Rubicon.

Новиот Jeep Wrangler

Воведен на пазарите низ Европа од септември оваа година, новиот Jeep Wrangler – четврта генерација на теренци кои располагаат со најдобрите теренски перформанси – кој совршено го отелотворува духот на Jeep, одлично опишан со мототот “Оди насекаде, прави што и да е”. Новиот Wrangler ги задржува своите способности на незапирлив владетел на терените и истовремено апсолутен протагонист во секојдневното возење низ град, благодарение на извонредното ниво на комфор, на автентичниот стил Wrangler и на технолошката опременост со напредни решенија. Крајниот резултат е Wrangler, најмоќен од секогаш во теренското возење благодарение на: два напредни погонски системи (Command-Trac и Rock-Trac), електрични блокирачи на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал на ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување. Гамата мотори на новиот Wrangler е збогатена со воведувањето на два важни новитети – еден турбодизел од 2,2 литри и еден трубобензинец од 2,0 литри. И давта нови мотори имаат прилагоден автоматски меувач со осум брзини, апсолутен новитет во гамата Wrangler.