Continue

Вести

view all the news

Марката Jeep® на врвот на бранот на World Surf League

15 October 2018

Глобалниот партнер на World Surf League (WSL) Светска Сурф лига, марката  Jeep® ќе биде протагонист на следните две етапи на турнејата на Светскиот шампионат: во Франција, од 3 до 14 октомври и во Португалија од 16 до 27 октомври.

  • Jeep и World Surf League ги споделуваат истите вредности, како што се слободниот дух, страста и авантурата.
  • Опремен е и “Jeep Lounge” каде ќе може да се добијат информации за гамата Jeep и да се резервира пробно возење на новите Wrangler, Cherokee и Renegade.
  • ТУка се и сесиите како што е “виртуелното сурфање” под 360°, благодарение на “Samsung Gear VR”, и вистинските предизвици на плажа, на вистински даски за сурфање, активирани преку механички систем.

Шампионите на Светската Сурф лига (WSL) се подготвени да одговорат на предизвикот од следните европски етапи од Светската турнеја најпрвин во Ланд (Франција), од 3 до 14октомври, во рамките на Quiksilver Pro France”, а потоа во Пениче (Португалија) за “MEO Rip Curl Pro Portugal” предвиден во периодот од 16 до 27 октомври. Протагонист на сите овие манифестации е марката Jeep, партнер на случувањата од турнејата на Светскиот шампионат на “World Surf League”, кој и на двете локации ќе ѝ ја открие на широката јавност блискоста со сурфањето и ќе им понуди на посетителите да ја испробаат целата гама на повеќе пати наградуваните SUV возила. Инаку, брендот ја спонзорираше и етапата на Турнејата на Светскиот шампионат на WSL од 2 до 16 јули во Јужна Африка и беше партнер во квалификациите на програмата во Казабланка (Мароко) од 12 до 17 септември и во Ерисеира (Португалија) од 24 до 30 септември. 

При следните натпревари во Франција и Португалија ќе биде опремена зоната “Jeep Lounge” каде посетителите и вљубениците во сурфањето ќе можат да побараат информации за гамата на Jeep, да добијат официјална понуда од Jeep и да закажат пробно возење за некој од моделите на Jeep. Тука ќе се најде новиот Jeep Wrangler, иконата на Jeep кој отсекогаш најдобро се снаоѓа на терен, но истовремено е и постојан протагонист низ градските улици со извонрдна удобност и лесна управливост, како и новиот Cherokee, еволуција на SUV, најспособното возило во категоријата, како во град, така и на терен.

Отстапен е простор и за моделот Compass, совршена комбинација на карактер, дизајн и технологијата Jeep, како и на новиот Renegade – првиот SUV Jeep произведен во италијанска фабрика – којшто се поднови на естетски план и со новите мотори за да биде во постојана предност низ градските улици и по нерамните терени – а публиката ќе може и да ја испроба незапирливата верзија Trailhawk.

Во зоната “Jeep Lounge” посетителите ќе имаат можност да сесиите како што е “виртуелното сурфање” под 360°, благодарение на “Samsung Gear VR”. А, вистинските предизвици на плажа, на вистински даски за сурфање, активирани преку механички систем.

Европските настани од престижната Турнеја на Светскиот шампионат на WSL преставуваат само мал дел од предвидените иницијативи за партнерството помеѓу брендот Jeep и World Surf League, повеќегодишниот договор за соработка, потпишан во 2017 кој предвидува дека како глобален автомобилски и ексклузивен партнер на Турнејата на Светскиот шампионат на WSL е истовремено и партнер со сите права  на називот WSL Jeep Leader Tour Rankings на Турнејата на Светскиот шампионат на WSL во машка и женска конкуренција.
Партнерството совршено ги претставува вредностите кои ги споделуваат марката Jeep и спортовите на даска: автентичност, слобода, страст и авантура и наклонетоста кон пронаоѓање на совршениот бран исто како и задоволството при теренско возење.