Continue

Вести

view all the news

Марката Jeep® е партнер на Џебел Џаис Flight, најдолгиот зиплајн на светот според Гинисовите светски рекорди

30 January 2019

  • Марката Jeep® го објави новиот договор за спонзорство со Тороверде, фирмата лидер во организирање на активности со висок степен на адреналин, која што го изгради раководи со најдолгиот зиплајн Џебел Џаис Флајт во Рас ел Хајма , во Обединетите Арапски Емирати (ОAE).
  • Jeep Wrangler, неприкосновениот крал на терените е синоним за авантура и на врвот на Џебел Џаис, највисоката планина во Емиратите.
  • Единствена соработка помеѓу двата бренда кои ги споделуваат истите вредности: слобода и авантура.

Џебел Џаис, највисоката планина во Обединетите Арапски Емирати  (ОAE) која се наоѓа во Рас ел Хајма, е местото каде е изграден најдолгиот зиплајн во светот, Џебел Џаис Флајт, потврден од страна на Гинисовите Светски рекорди. Благодарение на ова дело, кое придонесе за зацврстување на имиџот на Емиратот Рас ел Хајма, како главна дестинација на целиот регион за туристите кои се во потрага по авантура, најсеверниот емират со право влезе во “Серијата A” на глобалниот авнтуристички туризам.

Зиплајнот е долг 2,83 km, и е добитник на наградата World Travel Awards 2018 како најзначајна туристичка атракција на Средниот Исток. Проектиран е од  страна на фирмата Тороверд заедно со институцијата за развој на туризмот на Рас ел Хајма. Љубителите на авантурите и туристите кои се во потрага по силни чувства може да патуваат со брзина од 150 km/h на висина од 1.680 m, и на тој начин да ги почувствуваат истите емоции како сокол во лет со раширени крилја.

Но, авантурата, чувството и слободата на отворено секако не се ограничуваат само на спуштањето по зиплајнот: марката Jeep®, веднаш по објавувањето на договорот за спонзорство со Тороверде, стана автомобилски партнер со флотата составена од автомобили Jeep Wrangler за транспорт и логистичка поддршка, до степен кој гарантира максимална доверливост.

Новиот Jeep Wrangler, четвртата генерација на теренецот кој располага со најдобри теренски перформанси, совршено го отелотворува духот на Jeep, добро опишан во логото “Оди насекаде, прави што и да е “. 

Новиот Wrangler ги задржува квалитетите на неприкосновен крал на терените и истовремено апсолутен протагонист  за секојдневна употреба низ град, благодарение на неговото високо ниво на комфор, легендарните теренски способности, автентичниот стил на Wrangler и на технолошката опременост со напредни решенија. Крајниот резултат е најприлагодлив Wrangler на сите времиња за возење на терените со неспоредлива опрема која во зависност од нивото на опременост , предвидува два напредни системи на погон (Command-Trac и Rock-Trac), електрични блокирања на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал со ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување.