Continue

Вести

Марката Jeep®, ексклузивен автомобилски партнер на WSL, на врвот на бранот на Founders’ Cup of Surfing

09 May 2018

Сурферот кој ќе добие најголем број бодови на крајот од дводневниот натпревар, како награда ќе добие нов Jeep® Wrangler

Во рамките на повеќегодишниот договормарката Jeep® е ексклузивен автомобилски партнер на еминентниот Founders’ Cup of Surfing на World Surf League, историскиот тимски настан презентиран од страна на Michelob ULTRA PURE Gold – каде настапуваат различни нации и селекција на најдобрите сурфери на светот, а кој ќе се одржи при WSL Surf Ranch во Лемур, Калифорнија (Калифорнија, САДод до 6 мај 2018.

Структурата на WSL Surf Ranch го користи најдобриот вештачки бран во историјата, долг 640 метри, со големи перформанси, двонасочен и со секции со кабел и секции за маневраМестото во Лемур, најнапред употребувано како простор за проба, во последните две години послужи за стекнување на искуство за единаесеткратниот шампион на WSLКели Слејтер (САДи за средба на сурферите од WSL, како место на кое ќе ја подобрат сопствената технологијаОваа структура произведува неверојатна сила на привлечност на имагинарноста на професионалните сурфери од целиот свет. Founders’ Cup ќе биде првиот настан организиран од страна на WSL во Лемур и ќе ги покаже брановите и способноста на најдобрите сурфери на светот благодарение на ексклузивната екипна форма.

“Фановите на сурфањето и оние на марката Jeep споделуваат голем ентузијазам кој ги турка постојано да бараат нови авантури “, изјави Мајк Менли, Head of Jeep Brand – FCA. “Founders’ Cup и Surf Ranch се создадени од страста на една цела заедница. Станува збор за истите сонувачи и истите успешни личности  кои ја оплеменуваат марката Jeep. Не само што ја споделуваме чувствителноста на World Surf League, туку имаме и можност да ја понудиме потребната глобална носивост за да достигнеме што е можно поголем број на лица “.

Марката Jeep ќе има и сопствен „настан во настанот“ кој ќе ја вклучи скорешната објава “Jeep Sessions: A Surfing Journey in 360°”, искуство во виртуелна реалност кое ќе овозможи на фановите да следат една тура во виртуелна реалност со амбасадорите на Jeep Џорди Смит и Малиа Мануел. Инаку, петте видеа “Crazy Passionate” кои ја отелотворуваат DNA споделена помеѓу марката Jeep и духот и стилот на животот, карактеристични за светот на сурфањето, ќе бидат пренеувани преку социјалните и дигиталните мрежи на марката Jeep.

Меѓу останатите елементи на партнерство со Founders’ Cup се и следниве: да напоменеме титулата “Jeep Best Ride”, се доделува на сурферот кој ќе биде најдобро пласиран на крајот од секоја рунда (титулата “Jeep Best Ride” ќе се означи со специјална икона) што, на крајот од натпреварите ќе му овозможи на спортистот со најголем број бодови да ја добие главната награда, новиот Jeep Wrangler; сесијата на автограми со Jeep Jordy Smith, е закажана за 5 мај, а со Tyler Wright за 6 мај; новиот Jeep Wrangler и новиот Jeep Cherokee, во кои јавноста ќе може да ужива на местото на натпреварот; флотата на SUV Jeep наменети за превоз на VIP.

Петте тимови – САД, Бразил, Австралија, Европа и Светот – составени од по тројца сурфери и двајца елитни сурфери на турата на Шампионатот на WSL, ќе се соочат во текот на двата натпреварувачки денови. Натпреварот ќе се одвива во контекст на фестивал кој ги слави културата на сурфот преку храна, музика, пиење, уметнички инсталации и специјални гости за да се гарантира максимална забава. Билетите од настанот се на располагање на сајтот WSLFoundersCup.com.

Како ексклузивен автомобилски партнер на настаните на WSL, се јавува марката Jeep која продолжува да ги спонзорира најкарактеристичните црти во светот на сурфот, како што се Jeep Leaderboard и легендарната жолта маичка Jeep Leader.

Марката Jeep пред некој ден доби почесен назив “Cult Brand 2018” во рамките на годишното издание на The Gathering (Society of Cult Brands). Jeep е првиот и единствен автомобилски бренд во историјата кој го добил ова признание од престижната асоцијација. Осум марки, заедно со нивниот лидер, досега го добиле овој почесен назив за нивната автентичност и нивната неконвенционална мисла, што им овозможило да добијат “Brand Engagement” и да уживаат во предностите кои ги пружа статусот на марка призната како култ.

Што е WSL?

World Surf League (WSL) Светска Сурф лига го слави сурфањето на најдобрите бранови низ светот преку разновидноста на платформи за следење од највисоко ниво. Со оглед на распространетоста на сурфот низ светот, на централното седиште во Санта Моника, се придодаваат регионалните канцеларии во Австралија, Африка, Северна Америка, Јужна Америка, Хаваи, Јапонија и Европа.

Од 1976 WSL го промовира најдоброто сурфање на светот, управувајќи со преку 180 настани годишно, меѓу кои и Шампионската турнеја за мажи  и жени, Турнејата на големиот бран, Квалификационите серии, Јуниорскиот и Шампионатот со долги даски, како и WSL Big Wave Awards. WSL, ги наградува сите категории и светски шампиони во сурфање, мажи и жени и е свесна за важноста на овој спорт, поради што се залага за промовирање на истиот, неговиот напредок и инвациите, како и перформансите на највисоко ниво.
Дополнителни информации може да се најдат на сајтот WorldSurfLeague.com.